Фан Клуб: Арсенал

Член од
27 септември 2010
Мислења
5.044
Поени од реакции
7.069
Повеќе очекувам Одегард да игра на негово место. Но Артета, ништо чудно и Џака да го зациментира.
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.187
Поени од реакции
14.460
Одегард ќе стартува 100%, кој ќе биде третиот ќе видиме.
Не верувам да стартува со ЕСР, ќе сака да има контрола на играта така да Џака би бил изборот.

Јас би идел со Локонга како третиот.
 
Член од
27 декември 2020
Мислења
551
Поени од реакции
1.016
Единствената неизвесност ми е дали Џака ќе добие директен црвен.
Автоматски споено мислење:

Мочај ги бре! Само јако.
 
Последно уредено:

Mad_Coko

blow me!
Член од
21 август 2010
Мислења
7.296
Поени од реакции
12.661
јак шоумен е Оба мора да се признае, го прослави голот исто ко Анри додека овој е во публика.
 
Член од
27 декември 2020
Мислења
551
Поени од реакции
1.016
Мене на целава утакмица најсмешен ми е коментаторот на СК. Уште да заплаче што тотнам губи. До пред да падне голот го отече со статистики колку голови Хари Кејн дал, па ја спомна фамозната утакмица од пред десет години со Касл 4-4, неколку минути подоцна 2-0 и плачки викачки како било фаул од џака, па ред солзи ред мрсули 3-0 и после пак статистики за тотнам колку време не изгубиле два пати по ред. Не се коментира така сине :) Гледај и плачи.
 
Член од
18 ноември 2011
Мислења
770
Поени од реакции
455
Мене на целава утакмица најсмешен ми е коментаторот на СК. Уште да заплаче што тотнам губи. До пред да падне голот го отече со статистики колку голови Хари Кејн дал, па ја спомна фамозната утакмица од пред десет години со Касл 4-4, неколку минути подоцна 2-0 и плачки викачки како било фаул од џака, па ред солзи ред мрсули 3-0 и после пак статистики за тотнам колку време не изгубиле два пати по ред. Не се коментира така сине :) Гледај и плачи.
Леле сеа го коментирав со другари, ужас е ликот. Тежок непрофесионалсц и пизда.
 
Член од
27 декември 2020
Мислења
551
Поени од реакции
1.016
Леле сеа го коментирав со другари, ужас е ликот. Тежок непрофесионалсц и пизда.
До последно се надеваше дека ќе израмнат, каков кловн. Кога Рамсдејл одбрани на крај и се одби топката од пречката овој коментираше колку ќе бидат тотнам во налет за изедначување ако беше гол. Поарно да ја даваа на СК10 барем немаше да има коментатор.

Иако победија денес, има неколку места за критика. Бен на неколку пати заспа и за среќа не падна гол но мора да си го подобри позиционирањето. Тирни офанзивно многу послабо играше, на моменти дури и скроз незаинтересиран беше за проигрување по страна.

Од друга страна, Рамсдејл и Томијасу се вистински надградби на позициите кои ги играат. Сега вистински може да споредиме каде Лено и Белерин потфрлаа и колку сме губеле поради нивните заостанувања.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Преубава победа, цел тим на ниво денес, прекрасно чувство. Дури и стравот од Џака кој стартуваше се покажа неоснован, особено што имаше удел денес и во акцијата за вториот гол ако не се лажам.

Ремсдејл и Томијасу засега ептен ги оправдуваат парите, особено Рамсдејл станува омилен, не само со перформансите туку и општо неговата пасија и желба за докажување.

Нека биде оваа голема победа платформа за добри резултати во серија, да дојдеме до крајот на октомври некако во топ5, тогаш ќе видиме што понатаму. Ако изнаредиме нереши и порази пак сега со бар на хартија полесни противници џабе е оваа дерби победа.

Макар што, противникот за наредното коло може да е лидерот на табелата, така да одамна нема лесни утакмици во ПЛ.
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.033
Поени од реакции
6.698
Да не испадне само двајца играчи пофалив. Вајт и Габриел беа исто одлични, За Парти немам зборови да опишам колку ни е најбитен играч, Обамејанг денеска се бореше за сите топки, на секаде по терен го имаше, ЕСР и Сака изиграа ко што доликува на hale end boys против Тотнем, Џака ги измлати од ќотек сите, Одегард потфрли малце ама сепак го имаше на секаде по теренот и правеше одличен пресинг.

Артета одлично поставена тактика, според мене во второ не требаше до толку да им се остави топката ама пак, рутинирано го изигравме ( иако се тресев, што ми направија Њукасл...).

Ко што реков и пред неколку недели кога редевме лоши резултати, не ми изгледа дека Артета ја има изгубено соблекувалната, тоа е добар знак. Се надевам ќе продолжиме со ова темпо.

Автоматски споено мислење:

Втората епизода од документарецот барем ќе биде подобра за нашето ментално здравје :love: :love: :love:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom