Фан Клуб: Арсенал

Член од
27 декември 2020
Мислења
561
Поени од реакции
1.021
Кога тогаш мора да се пушти и да се челичи, како ќе напредне како играч ако не добива минутажа. Ако не сака да го пушти на битни натпревари, нека го пушта на веќе добиени или на натпревари кои немаат резултатско значење. Има многу поголеми копачи во ПЛ од Славија Прага што е, веројатноста да го напуцаат е бајги поголема во натпревар од ПЛ.
Немам ништо против да го пушта да си добие искуство, нема сигурно само да го чуваме и да се дивиме на талентот. Само на 4-0, 80та минута не би го пуштил баш затоа што нема никакво знаење да добие освен некој да го напуца при нервоза. Повеќе сакав да го видам на почеток или барем на полувреме кога има зошто да игра.

Манчестер - Рома, Арсенал - Виљареал. Лаганица натпреварување
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Прекрасно, што да кажам, озбилно си ја сфатија работата и ете го резултатот.

Лака, Пепе, Сака, ЕСР- перфектно изиграно, пофалби и за Џака за покривањето лев бек.

Следно, залижаниот вампир, опасен ќе биде, мотивиран и никако не смее да се потцени.

@mkgunner знам за кого ќе навива ;)
 

@Fluffy_bunny

Зајко кокорајко
Член од
24 декември 2020
Мислења
1.724
Поени од реакции
2.237
Само да не се опуштат премногу после победава пред натпреварот со Фулам.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.131
Поени од реакции
13.258
Малку неочекувана статистика:

Arsenal are unbeaten in 12 away games in European competition (W9 D3) – the longest run without a defeat on the road in their history.
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.225
Поени од реакции
14.561
Само да не се опуштат премногу после победава пред натпреварот со Фулам.
Мењам порази на следните две утакмици со Фулам и Евертон, за победа од 3-0 против Виљареал на гостински терен :D

Ама сериозно сега, преку лига нема шанси да стигнеме никаде.
Мора да ротираме во лига, и главниот фокус да биде полуфиналето, нека играат Вилиан, Седрик, Елнени, Нкетиа, Нелсон итн.
 

@Fluffy_bunny

Зајко кокорајко
Член од
24 декември 2020
Мислења
1.724
Поени од реакции
2.237
Мењам порази на следните две утакмици со Фулам и Евертон, за победа од 3-0 против Виљареал на гостински терен :D

Ама сериозно сега, преку лига нема шанси да стигнеме никаде.
Мора да ротираме во лига, и главниот фокус да биде полуфиналето, нека играат Вилиан, Седрик, Елнени, Нкетиа, Нелсон итн.

Јас не би менувал искрено. Мерак би ми било да ги натоварат и Фулам , оти се приметува дека после победата над Шефилд се вратија во нормала психички и дека се мотивирани. Исто и Евертон верувам дека може да го победат со оглед на нивната форма. Секако дека главен фокус треба да имаат на ЛЕ , ама сметам дека распоредот во ПЛ е доста поволен за да се обидат и таму да обезбедат што повисоко место на табелата.
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.225
Поени од реакции
14.561
Секако дека главен фокус треба да имаат на ЛЕ , ама сметам дека распоредот во ПЛ е доста поволен за да се обидат и таму да обезбедат што повисоко место на табелата.
Нека пробаат де, ама со оние што најчесто седат на клупа :)
 

@Fluffy_bunny

Зајко кокорајко
Член од
24 декември 2020
Мислења
1.724
Поени од реакции
2.237
Нека пробаат де, ама со оние што најчесто седат на клупа :)
Добро со Фулам реално може да искомбинира, ама со Евертон тешко дека би успеале да стигнат до бодови со комбиниран тим.
 

Mad_Coko

blow me!
Член од
21 август 2010
Мислења
7.363
Поени од реакции
12.779
Кој треба да биде прв избор за десен бек?

1.Белерин

2.Соарес

3.Чемберс
 
Член од
8 септември 2008
Мислења
11.852
Поени од реакции
10.225
Прекрасно, што да кажам, озбилно си ја сфатија работата и ете го резултатот.

Лака, Пепе, Сака, ЕСР- перфектно изиграно, пофалби и за Џака за покривањето лев бек.

Следно, залижаниот вампир, опасен ќе биде, мотивиран и никако не смее да се потцени.

@mkgunner знам за кого ќе навива ;)
Не сакам ни да помислам на испаѓање, а верувај со тоа ќе се потврди сѐ што сум напишал последниве 2 години, камо да не биде така ама крв ќе сака да ни испие Емери со Виљареал кој се далеку од слаба екипа.
Нека дума Артета и пак ќе речам, Смит Роу му ја спаси кариерата, играчот што викав дека најмногу ни фали од почеток на сезона и знаев колку е квалитетен.


Sent from my Redmi Note 9S using Tapatalk
 

Kajgana Shop

На врв Bottom