Фан Клуб: Арсенал

Член од
27 декември 2020
Мислења
545
Поени од реакции
1.015
Абе сеа, и Вилијан знае да е мртов ама денес се повампири ете.
И јас се сложувам дека Лестер не беа баш село без кучиња и утакмицава си ја доминиравме поштено.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.035
Поени од реакции
12.892
Збор се нема дека доминиравме, ама не треба да хајпнеме многу, бидејќи со ваква игра и посед и иницијатива треба многу повеќе голови од игра да паднат, реално головите ни се пенал + глава од корнер + среќно одбиена топка после центаршут, нема она класичните акции и полнење мрежи со такви голови. Затоа не реков дека е 10ка ова и има простор за подобрување.

А Лестер не ми е истиот Лестер што сум го глеал на други натпревари оваа сезона, немаше она класичниот пресинг и опасни контри, во секој сегмент ми беа 2 нивоа послаби, ако тоа било 100% поради Арсенал тогаш супер, ама не мислам дека само поради нашата добра игра беше тоа. Како и да е, сега е моментот кога до крај треба победничка серија да нанижиме и да фатиме последен воз за спасот.
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.016
Поени од реакции
6.670
Елнени немаше да ја направи глупоста на Себаљос од прошлиот натпревар. Подобар технички е да, ама посигурен ти е Елнени, а една таква глупост менува скроз тек на натпреварот и често е кобна за тимот. А и Себаљос знае да е тотално мртов по цели натпревари, вака барем имаш сигурна средина, и дефанзивно добро си покриен. Конкретно денес, можеше само полошо да е ако Себаљос стартуваше место Елнени, не и подобро.

Друга работа, Варди пример решето не прави, не дека денес кујзнае каква одбрана му игравме, туку Варди е омекнат играч изгубил брзина изгубил и сенс каде да влета. И тоа ни одеше во прилог, бидејќи вообичаен Варди е ноќен кошмар на Арсенал.
Епа еве вака ајде кога спомнуваш грешки, види го голот на Лестер и кажи ми чија грешка е тоа? Елнени не знае кај оди, ко кокошка некоја само трча ја врти главата, Мари продолжува да го затвори Варди што тоа и му е задача, кој треба Тилеманс да го нападне?
Друго, ми го кажуваш Варди остарел, а човекот има 12 гола и 5 асистенции сезонава. Луиз и Мари тотално го затворија, али разбирам, секогаш кога некој слабо игра против Арсенал е оти не му е денот,а не дека добро сме изиграле. Плус, и тоа огромен плус, на средина ги добивме. Варди не ни имаше можност да влета или па да добие некоја продуктивна топка, единствената што ја доби Мари го изгази, под нозе го стави.
Автоматски споено мислење:

Типичен арсеналовски менталитет е ова, ако играме добро и доминираме, противникот играл слабо и не му бил денот :D
Автоматски споено мислење:

Интересна статистика, имаме изгубено 6 меча после ЕЛ мечевите, не што се должи ова?
 
Последно уредено:

Си го утнал човекот. Врати филмот и види после колку нерешени/порази сум викал на темава дека сме играле добро и дека резултатот не е мерило, дека со ваква игра кога тогаш ќе тепаме. И сега викам дека беше добро, но има многу простор за подобрувања. И сега пофалив каде што требаше, само нагласив да не се хајпнуваме многу поради 2 фактори, ги нагласив и 2та (недостаток на завршница и голови од акција, противник без пехови на кој му играат 2та клучни играчи). Реално и ние без Тирни и Сака, или без 1 од нив, често сме биле сералки. Ова што кажа дека поради средината победивме, тоа во потплоност се сложувам, ама Себаљос беше во таа средина или Елнени. Затоа реков дека ова е горе-долу нашиот најдобар состав сезонава со исклучок на Сака, не е дека со втор состав сме играле (нели првично од тоа почна муабетот)
 
Член од
6 мај 2008
Мислења
1.829
Поени од реакции
487
Аха, значи ние игравме со најјак состав?
Автоматски споено мислење:

Да не си праеа бајрам на паметот у ноември и почеток на декември, сега ќе беше сосема различно расположението. Али тоа е што е, се надевам и тренер и играчи ќе научат од тој период нешто за да го немаме пак.
Па освен Парти за Елнени и Сака за Вилиан, горе - доле ова ни е најдобриот состав.
Давид Луиз сте сакале или не, ни е најдобар дефанзивец сезонава!
Лака оваа сезона е 5 пати покорисен од Ауба.
Ако се има сила на лето да може да се атакува на Харвин Барнс од Лестер, детето игра страшно добро на левата страна оваа сезона и многу ми наликува во стилот на игра на Варди.
Лево Барнс, десно Сака ќе нема бекови во лигата што би сакале да играат против овие 2ца :)
 
Последно уредено:
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.016
Поени од реакции
6.670
Ако се има сила на лето да може да се атакува на Харвин Барнс од Лестер, детето игра страшно добро на левата страна оваа сезона и многу ми наликува во стилот на игра на Варди.
Лево Барнс, десно Сака ќе нема бекови во лигата што би сакале да играат против овие 2ца :)
Се плашам дека го заеба вкрстениот, ако е вкрстениот тогаш за така експлозивен играч може многу да значи.
 
Член од
5 февруари 2021
Мислења
398
Поени од реакции
1.043
Ако се има сила на лето да може да се атакува на Харвин Барнс од Лестер, детето игра страшно добро на левата страна оваа сезона и многу ми наликува во стилот на игра на Варди.
Лево Барнс, десно Сака ќе нема бекови во лигата што би сакале да играат против овие 2ца :)
Се супер, ама кога Лестер ќе ви опне една симпатична сума од +80 милиони, Цацко ќе ги плати. Лестер и Волфс се најлоши места за пазарење во Англија, дерат на големо.
 
Член од
27 декември 2020
Мислења
545
Поени од реакции
1.015
Истото баш прегeска коментирав со колеги :D. Мислам дека тоа беше еден од клучните моменти. Ни збрцаше ли гол леприконот којзнае дали ќе успеевме да сочуваме водство.
 
Член од
6 мај 2008
Мислења
1.829
Поени од реакции
487
Се супер, ама кога Лестер ќе ви опне една симпатична сума од +80 милиони, Цацко ќе ги плати. Лестер и Волфс се најлоши места за пазарење во Англија, дерат на големо.
Општо е тоа со сите англиски играчи, напумпани цени - исфорсирани играчи и затоа никогаш нема да имаат успех со репрезентација.
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.016
Поени од реакции
6.670
Би било убаво да имаше вакви open mic кога пред него беше Мустафи, па и за Мустафи би сакал ваков open mic.
 
Член од
28 ноември 2009
Мислења
4.857
Поени од реакции
7.073
Челзи и Арсенал беа еден до друг на табелата, 9 и 10 место, сменија тренер, Тухел ги врати во топ 4, сигурно ќе обезбедат пласман во ЛШ, до каде ќе догура нашиот клубот со трпението и вербата во процесот.
Моментално нема ни поставена структура за нов тренер да биде поткрепен со корисна подршка од искусен спортски директор и управа, патем имаме целосно раштимана скаутинг мрежа за која нема ни трага ни глас дека ќе ја средат наскоро...
 
Замисли дека после тој очаен период сме земале нов тренер и неговите резултати се на 16 утакмици 9 победи 3 нерешени и 4 порази ( од кои еден е Вулвс, Сити и во купот од Сотон ) во сите натпреварувања. Ќе беше задоволен од новиот тренер што успеал да направи со играчите кои му биле на располагање?
 
Јас одма би му дадил доживотен договор, ова се одлични резултати за екипа што е во борба за опстанок.
Во договорот би му ставил клазула да не се броат порази од Сити, Челзи, Ливерпул, Јунајтед, Вулвс, Сотон и ќе го вратиме тимот на непобедливите времиња :ojeaa:
 
Член од
28 ноември 2009
Мислења
4.857
Поени од реакции
7.073
Замисли дека после тој очаен период сме земале нов тренер и неговите резултати се на 16 утакмици 9 победи 3 нерешени и 4 порази ( од кои еден е Вулвс, Сити и во купот од Сотон ) во сите натпреварувања. Ќе беше задоволен од новиот тренер што успеал да направи со играчите кои му биле на располагање?
Резултатите периодов се во склоп кој клубот цело време треба да држи вакво ниво, од играчи до плати и инвестиции, не смееме да сме надвор од топ 6 и ме плаши моменталната ситуација дека на долг рок ќе заглавеме во просечност и "златна" средина.
Потсетете се само кога мислевме дека ако не се пласираме во ЛШ, газдиве и управата ќе се разбудат од зимскиот сон и ќе има промени на подобро, напротив, постепено ама сигурно тонеме, и пак сме хаос невиден откако не напушти Венгер, како шо реков треба прво да се смени позадината на клубот, искусни луѓе треба да се постават, скаутинг мрежата да се обнови, па после да се размислува за евентуална промена на тренер, еве пак ќе го земам Ливерпул како пример за успешен клуб, пред да дојде Клоп веќе имаа кадарен спортски директор како Мајкл Едвардс кој има значителна улога во основоположање на клубот како шампион.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom