Што направи толку Вилијан за да биди најдобар? Ако би бирал прво полувреме Пепе покажа најмногу изнуди пенал слободниот за првиот гол беше над него и уште неколку фаули во опасната зона изнуди.
Можам да замислам што ќе се случеше доколку Џака му влезеше со лакт у фаца на Варди пример. И со право реагираше кон судијата, Ихеначо најмалку жолт требаше да добие.
Што направи толку Вилијан за да биди најдобар? Ако би бирал прво полувреме Пепе покажа најмногу изнуди пенал слободниот за првиот гол беше над него и уште неколку фаули во опасната зона изнуди.
После голот што го примивме бев во дилема дали да догледам. Очекував мачна утакмица, уште еден блам и некој пораз 4-0. Сега ми е драго што не сменив канал и изгледав одлична утакмица. Колективно сите одиграа одлично и издоминираа комплетно.
Реално никогаш Лаказет нема да си добие од фудбалската јавност кредитс колку што заслужува. Ко бизон е некој, се бори гура, лепи играчи на себе, се што имаат простор на крила и Вилиан и Пепе е поради Лаказет. Нема друг играч на светов што после паѓање толку брзо станува и се бори, нереално е тоа. Некогаш ќе изрита, некогаш ќе мушне пас, некогаш ќе задржи топка, ама таква желба за топка и борба кога е во сендвич од 5 играчи е невидена...
Не сум задоволен за 10ка, ама ептен е солдино ова, некој 8-9. Реално да беше ова Арсенал од пред неколку сезони без петарда немаше да поминат Лестер. Буквално беа издоминирани. Се гледа дека фали завршен прецизен пас или прецизен удар, а акции и идеи има на изобилие, нешто што не беше случај на почеток на сезона, и се има подобрено со Одегард и ЕСР.
Убава победа да крене самодоверба. Супер што конечно од корнер дадовме гол, мислев дека такво нешто е невозможно, штета што само стопер може да даде гол после корнер, супер пас на Вилиан, ама и одличен финиш на Давид Луиз. Позиционирање и паметно играње на Давид Луиз натпреваров, позитивно ме изненади. Кога видов Луиз, Вилиан ми се стемни пред очи, ама очигледно добро проценил Артета. Знаев Сака дека треба да одмори, ама очекував Мартинели да му се даде шанса, веројатно не е 100% спремен. Како и да е, нека се множат победи.
Абе реално и ние начекавме село без кучиња. Пола тим им е повреден, друга приказна ќе беше да се играше натпреваров некој друг дел од сезоната. Кај нас повредено е само стерилното голманче. Ама не се жалам, се надевам дека ваквата доминација немаше врска со ослабнатиот противник, и дека истата ќе се покаже и со други противници.

Да не си праеа бајрам на паметот у ноември и почеток на декември, сега ќе беше сосема различно расположението. Али тоа е што е, се надевам и тренер и играчи ќе научат од тој период нешто за да го немаме пак.
Ова е дискутабилно. Сме играле сезонава многу пати со “најјак состав“ или “појјак состав“ од овој, па сме поминале катастрофално. Така да освен Сака што е посекако за најјак состав, друго ништо не е сигурно со Арсенал. Соареш одамна требаше да стартува пред Бељерин каде каде е подобар, Оба е топло-ладно, Лака е стандардно вреден вака, Елнени е посекако подобар избор од Себаљос, не и од Парти, ама ете си поделија минутажа. Така да, не сме далеку од најдобриот состав.

Нив им фалеше еден играч, Мадисон. Ако ти мислиш дека Лестер се трло без кучиња и дека Мадисон вреди пола тим, тогаш океј, обезвредни ја доминацијата.
Ама јас не мислам така, ние игравме без најдобриот играч сезонава, без најдобриот партнер на Џака до 65 минута и без Обамејанг, што како и да гледаме на него, најопасен играч ни е. Е сега дискутабилно е кој како ја гледа одбраната, некој може ќе каже ни фалат Холдинг и Габриел. Се на се, јас не мислам дека Лестер беа до толку ослабени
Автоматски споено мислење:
А и сигурно не мислам дека Елнени е подобар избор од Себаљос
Елнени немаше да ја направи глупоста на Себаљос од прошлиот натпревар. Подобар технички е да, ама посигурен ти е Елнени, а една таква глупост менува скроз тек на натпреварот и често е кобна за тимот. А и Себаљос знае да е тотално мртов по цели натпревари, вака барем имаш сигурна средина, и дефанзивно добро си покриен. Конкретно денес, можеше само полошо да е ако Себаљос стартуваше место Елнени, не и подобро.
Друга работа, Варди пример решето не прави, не дека денес кујзнае каква одбрана му игравме, туку Варди е омекнат играч изгубил брзина изгубил и сенс каде да влета. И тоа ни одеше во прилог, бидејќи вообичаен Варди е ноќен кошмар на Арсенал.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.