Епа еве вака ајде кога спомнуваш грешки, види го голот на Лестер и кажи ми чија грешка е тоа? Елнени не знае кај оди, ко кокошка некоја само трча ја врти главата, Мари продолжува да го затвори Варди што тоа и му е задача, кој треба Тилеманс да го нападне?Елнени немаше да ја направи глупоста на Себаљос од прошлиот натпревар. Подобар технички е да, ама посигурен ти е Елнени, а една таква глупост менува скроз тек на натпреварот и често е кобна за тимот. А и Себаљос знае да е тотално мртов по цели натпревари, вака барем имаш сигурна средина, и дефанзивно добро си покриен. Конкретно денес, можеше само полошо да е ако Себаљос стартуваше место Елнени, не и подобро.
Друга работа, Варди пример решето не прави, не дека денес кујзнае каква одбрана му игравме, туку Варди е омекнат играч изгубил брзина изгубил и сенс каде да влета. И тоа ни одеше во прилог, бидејќи вообичаен Варди е ноќен кошмар на Арсенал.
Си го утнал човекот. Врати филмот и види после колку нерешени/порази сум викал на темава дека сме играле добро и дека резултатот не е мерило, дека со ваква игра кога тогаш ќе тепаме. И сега викам дека беше добро, но има многу простор за подобрувања. И сега пофалив каде што требаше, само нагласив да не се хајпнуваме многу поради 2 фактори, ги нагласив и 2та (недостаток на завршница и голови од акција, противник без пехови на кој му играат 2та клучни играчи). Реално и ние без Тирни и Сака, или без 1 од нив, често сме биле сералки. Ова што кажа дека поради средината победивме, тоа во потплоност се сложувам, ама Себаљос беше во таа средина или Елнени. Затоа реков дека ова е горе-долу нашиот најдобар состав сезонава со исклучок на Сака, не е дека со втор состав сме играле (нели првично од тоа почна муабетот)Епа еве вака ајде кога спомнуваш грешки, види го голот на Лестер и кажи ми чија грешка е тоа? Елнени не знае кај оди, ко кокошка некоја само трча ја врти главата, Мари продолжува да го затвори Варди што тоа и му е задача, кој треба Тилеманс да го нападне?
Друго, ми го кажуваш Варди остарел, а човекот има 12 гола и 5 асистенции сезонава. Луиз и Мари тотално го затворија, али разбирам, секогаш кога некој слабо игра против Арсенал е оти не му е денот,а не дека добро сме изиграле. Плус, и тоа огромен плус, на средина ги добивме. Варди не ни имаше можност да влета или па да добие некоја продуктивна топка, единствената што ја доби Мари го изгази, под нозе го стави.
Автоматски споено мислење:
Типичен арсеналовски менталитет е ова, ако играме добро и доминираме, противникот играл слабо и не му бил денот
Автоматски споено мислење:
Интересна статистика, имаме изгубено 6 меча после ЕЛ мечевите, не што се должи ова?
Па освен Парти за Елнени и Сака за Вилиан, горе - доле ова ни е најдобриот состав.Аха, значи ние игравме со најјак состав?
Автоматски споено мислење:
Да не си праеа бајрам на паметот у ноември и почеток на декември, сега ќе беше сосема различно расположението. Али тоа е што е, се надевам и тренер и играчи ќе научат од тој период нешто за да го немаме пак.
Се плашам дека го заеба вкрстениот, ако е вкрстениот тогаш за така експлозивен играч може многу да значи.Ако се има сила на лето да може да се атакува на Харвин Барнс од Лестер, детето игра страшно добро на левата страна оваа сезона и многу ми наликува во стилот на игра на Варди.
Лево Барнс, десно Сака ќе нема бекови во лигата што би сакале да играат против овие 2ца![]()
Се супер, ама кога Лестер ќе ви опне една симпатична сума од +80 милиони, Цацко ќе ги плати. Лестер и Волфс се најлоши места за пазарење во Англија, дерат на големо.Ако се има сила на лето да може да се атакува на Харвин Барнс од Лестер, детето игра страшно добро на левата страна оваа сезона и многу ми наликува во стилот на игра на Варди.
Лево Барнс, десно Сака ќе нема бекови во лигата што би сакале да играат против овие 2ца![]()
Истото баш прегeска коментирав со колеги
Општо е тоа со сите англиски играчи, напумпани цени - исфорсирани играчи и затоа никогаш нема да имаат успех со репрезентација.Се супер, ама кога Лестер ќе ви опне една симпатична сума од +80 милиони, Цацко ќе ги плати. Лестер и Волфс се најлоши места за пазарење во Англија, дерат на големо.
Замисли дека после тој очаен период сме земале нов тренер и неговите резултати се на 16 утакмици 9 победи 3 нерешени и 4 порази ( од кои еден е Вулвс, Сити и во купот од Сотон ) во сите натпреварувања. Ќе беше задоволен од новиот тренер што успеал да направи со играчите кои му биле на располагање?Челзи и Арсенал беа еден до друг на табелата, 9 и 10 место, сменија тренер, Тухел ги врати во топ 4, сигурно ќе обезбедат пласман во ЛШ, до каде ќе догура нашиот клубот со трпението и вербата во процесот.
Моментално нема ни поставена структура за нов тренер да биде поткрепен со корисна подршка од искусен спортски директор и управа, патем имаме целосно раштимана скаутинг мрежа за која нема ни трага ни глас дека ќе ја средат наскоро...
Јас одма би му дадил доживотен договор, ова се одлични резултати за екипа што е во борба за опстанок.Замисли дека после тој очаен период сме земале нов тренер и неговите резултати се на 16 утакмици 9 победи 3 нерешени и 4 порази ( од кои еден е Вулвс, Сити и во купот од Сотон ) во сите натпреварувања. Ќе беше задоволен од новиот тренер што успеал да направи со играчите кои му биле на располагање?
Резултатите периодов се во склоп кој клубот цело време треба да држи вакво ниво, од играчи до плати и инвестиции, не смееме да сме надвор од топ 6 и ме плаши моменталната ситуација дека на долг рок ќе заглавеме во просечност и "златна" средина.Замисли дека после тој очаен период сме земале нов тренер и неговите резултати се на 16 утакмици 9 победи 3 нерешени и 4 порази ( од кои еден е Вулвс, Сити и во купот од Сотон ) во сите натпреварувања. Ќе беше задоволен од новиот тренер што успеал да направи со играчите кои му биле на располагање?