Фан Клуб: Арсенал

Член од
27 декември 2020
Мислења
564
Поени од реакции
1.021
Лено не е нормален.

Добро ова не е нешто ново да не реагираат од ВАР во наша корист. На пример Луиз да беше ќе добиеше црвен картон, ќе беше пенал и сето тоа ќе беше 10 минути покасно.
Веќе не им замерувам за завршницата, фрустрираат такви моменти.
 

@Fluffy_bunny

Зајко кокорајко
Член од
24 декември 2020
Мислења
1.731
Поени од реакции
2.250
За пенал дека беше тоа е неспорно. Кај смее два пенали по ред за Арсенал да има? Туку овој Џака ако до сега не научил да ја префрли топката од својата половина кон противничката нека се откаже од фудбал. Онаква глупост да направи последен играч за врска е смешно. А овој Пепе не е нормален дефинитивно.
 
Член од
27 декември 2020
Мислења
564
Поени од реакции
1.021
Не е пенал?

Па добро бе има ли некој нормален во тоа ВАР собата? Ако не па рагби нека играат, топката по мишка и во гол.
 

@Fluffy_bunny

Зајко кокорајко
Член од
24 декември 2020
Мислења
1.731
Поени од реакции
2.250
Не е пенал?

Па добро бе има ли некој нормален во тоа ВАР собата? Ако не па рагби нека играат, топката по мишка и во гол.
Па гледаш велат во рамо го удрила топката. А и на снимката така се гледа.
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.074
Поени од реакции
7.161
Јас да сум Артета го повлекувам составот и мечот завршува. Против ваков скандал од ВАР мора да се почне од некаде.

Sent from my JSN-L21 using Tapatalk
 
Член од
27 декември 2020
Мислења
564
Поени од реакции
1.021
На Артета му фали темперамент. Каков зен мастер треба да бидеш за да не им скокнеш на судиите при ваква неправда?
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Втората ситуација беше правилно одлучена, но тоа првото беше еден од оние моменти кога ми станува одвратен овој спорт.

Не беше пишано да победиме денеска, гледајте што се деси у последната минута, сите други шанси, греди, пречки, едноставно не бил денот

Но ништо не може да го оправда 200 посто пеналот и црвениот картон кој Питерс требаше да го добие во првата ситуација. И ќе остане така, неказнето грешка,ќе се повторува, оти никој,ни ФА,ниту судии, ниту играчи, ниту гледачи не ги знае точните правила на играње со рака.

Тоа е фудбалот, срање од спорт, застанат у 19 век, каде се фрлаат милијарди на трансфери и плати, а не се измисли модерна технологија за арбитрирање, каде еден ебан саат не ставија како во кошарка, па мора некој неписмен да кажува уште колку време ќе се игра, од таму да тргнеме како основно па се понатаму.

Sent from my SM-A217F using Tapatalk
 
Последно уредено:
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.135
Поени од реакции
13.261
Ееее ова е веќе тоа што сакам да го гледам. Ова е Арсенал налик оној од 2006 до 2016 некаде, судиски кражби еден куп, 50 шанси за гол, стативи, промашување топки од 5 метра, противниците до гол не припаруваат освен во тие 5 минути кога зимаме здив и си креираат 1-2 одлични шанси, среќа денес не беа реализирани. За жал голем дел од фан клубот тука не може да сфати дека Џака е играч кој не смее веќе да стартува и да биде дел од тимот на Арсенал, џабе му се сите добри потези со кој ве воодушевувал, кога секој втор натпревар прави вакви кардинални грешки, некои водат кон примање на гол, а другите му ги исправаат соиграчите и ваквите лесно ви одат во заборав. Не се сложувам со коментаторот дека Џака бил препаметен играч кој само со темперамент има проблем, најмал проблем е темпераментот имало и други пациенти тука, Џака има проблем со тоа ретардираната глава без мозок или со мозок на ембрион, што кога ќе науми некој потег да го направи после 5 секунди он безразлика дали е променета поставеноста на противничките играчи он ќе го направи истиот потег, и ова се дешава веќе 5 ебани години по ред. Подобро да имаш играч кој ти е ограничен, ко Чемберс на десен бек што беше (само дефанзивно) или ко Елнени (само дефанзивно), отколку да имаш играч што може цел натпревар да го сјебе. Верувајте на 0:1 многу поблиску бевме до 0:4, отколку на 1:1 што сме до 1:2. Нека се продолжи со ваква игра, задоволен сум, што е наше ќе си дојде, Артета се надевам гледа кој каков капацитет има и кој што прави на терен и конечно ќе знае што да направи со играчи ко Џака.

Патем мислам дека кај сите е јасна дилемата дека Оба е многу попродуктивен централно отколку лево. Централно има конекција многу добра со Сака, што ја нема ако игра лево, плус ако игра лево има многу повеќе играчи што треба да се справи со нив за да пробие централно и добар агол да си направи, вака растеретен е бројот на играчи си ги дели со Вилиан.

Нека не паѓа моралот и тука, не е лошо ова, како беше на почеток на сезона, има огромни подобрувања, нема да е за џабе се ова што трпиме и што ни побеле косата од нервоза, ве уверувам.
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.056
Поени од реакции
6.715
Промашивме што промашивме ама не ми се свиѓаше играта. Многу тешко креиравме шанси, немаше некој брз проток на топка освен 5-6 ситуации во кои и беа тие 100% шанси што ги испосраа. Барнли ни правеше пресинг, нашиве се плашеа ко Сити да ни прават пресинг. Џака тежок криминал, ова е доказ дека колку и да има добри партии он, колку и јас заслужено го фалам кога треба да се фали, доказ е дека не треба првотимец да биде од наредна сезона. Мораме да се засилиме на таа позиција. Секогаш кога он ја има топката јас иам страв дека ќе ја усере. Според мене добар играч ама му се исклучува тоа мозокот еднаш или два пати месечно. Џака го кривам за голот ама не за целата утакмица. Па промашивме 5 100% шанси. Пепе само 2 имаше. ВАР работеше добро за да ја смени одлуката во втората ситуација, а за првата немаше ниту ПРЕГЛЕДУВАЊЕ. Мизерно е како најгледаниот спорт во светот има најнекомпететни судии И ТОА СО ПОМОШ НА ТЕХНОЛОГИЈА. Немавме среќа, млитави и бавни бевме, немаше некоја борба, немаше некоја агресивност, немаше пресинг, слаба реализација, судиски грешки и безмозочен потег на Џака. Тоа е тоа. Олимпијакос следно.
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.226
Поени од реакции
14.561
xG: 1.12 - 2.76

Настрана пеналот, моравме да ја добиеме оваа денес
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864


Ниеден коментар пред најбитната утакмица сезонава.

Ајде бе другари, гледајте Вилиан стартува, има да биде утакмичиште :vozbud:
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.439
Поени од реакции
6.090
Willian kolku tolku igrat neso ama forsov so noviov MO ne mi e jasen. Momentalno ako ne mozit Smith Row radi povreda podobro bi go gleal Laka kako false 9 nego ovaj precenetiov.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom