Фан Клуб: Арсенал

Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.056
Поени од реакции
12.937
Не дека го бранам, ама тимов е тотално небалансиран, а на Емири му се врзани рацете за било какви купувања и мора само да позајмува играчи кои притоа ќе ги пуштат без тоа срањето во договор да мора да се откупат после позајмицата. Значи од овој аспект, Емери е нула крив. Во тимот има просечни и неквалитетни дефанзивци, бекови што играат само како крила но не и како бекови, крила нема, средина со нула креативност, нула дриблери, двајца играчи добри кои се на иста позиција, и играчи кои воопшто немаат никаква желба да играат, а сме заглавени со високите нивни плати. Тука исто Емери нема што да стори.

Во време на Венгер исто знаевме да изгубиме и од послаби тимови од Бате, не елиминирале во купот, но не и во Европа, рака на срце само една сезона и игравме со него. Ама и тука шансите од Бате да отпаднеме се помали од 1%, и покрај поразот.

Единствено што може да му се замери, се празните ветувања околу висок пресинг, нешто што не се практикува, а има играчки капацитет за тоа.
 
Член од
3 декември 2014
Мислења
354
Поени од реакции
279
Веќе 7 месеци каде што е менаџер и Арсенал буквално нема некоја препознатлива игра, менување на тактика и формација од натпревар во натпревар без некаков плод, како да сме сеуште на припреми па ајде ќе си пробвиме де 4 3 3,де 3 4 3 де дијамант... за високиот пресинг што ќе го игравме остана само на муабет и наша желба. Трансфер периодот донесовме играч на позиција баш таму каде што имаме за извоз, форсирање на играчи на кои воопшто не им оди периодов и не играње на одреден играч ради тоа што Унај не знае да се справи со его на супер звезда бидејќи такви не ни имал пред да оди во Париз. Од другата сезона без Ремзи и Озил, без средства соодветно да ги замениме не ни гледам шанси како би се подобрил Арсенал...
Јас не знам што очекувате од Емери да направи со овај состав таа е реалноста топ 6 во ПЛ со мали шанси за топ 4 па кој сака нека биде тренер.До душа екипи како Бате Борисов треба и со ваква екипа да ги победиме ама ќе видиме во реваншот како ќе биде дали бил само лош ден или не не бидува.Иначе јас не знам кој дебили беа одговорни за клубов до сега на чело со Венгер по аматерско водење на клуб немам видено во ПЛ. Како прво носење на Џако на сметка на Канте со образложение дека Џака имал подобар пас од Канте и др глупости .Не продавање на Санчез и Озил на време кога веќе не ги продолжија договорите.Правење на замена на Санчез со Михтаријан кој немаше 2 години изиграно добра сезона и притоа давање на поголема плата од таа во МЈ кој воедно вејке е 30 годишен и тешко можи за има некаков напредок.Давање на Озил плата каква што немаат звезди како Модрич,Крос,Силва и др реално далеку подобри играчи од Озил.Исто и давање на двојно поголеми плати од што вредат на играчи како Волкот,Перез,Велбек,Колашинац,Елнени,Ивоби и сл. Не продавање на Рамзи кога веќе не продолжува договор а има нереални побарувања за плата. Голем пропуст исто така е не носење на класични крила што во годиниве што изминаа па и сега ги има во доста голем број за разлика од др позиции. Има и доста др работи што во моментов не ми текнуваат ама реалноста е таа со ова раководење клубов полека но сигурно тоне.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.056
Поени од реакции
12.937
Сите грешат, голем карактер е тој што си ја признава грешката и се извинува од срце. Џака според ова треба цел твитер профил со извинувања да му е.

 

Факе

Highbury–the Home of Football
Член од
6 март 2010
Мислења
9.459
Поени од реакции
10.156
Отпаѓање од Бате Борисов во 1/16 финале од ЕВРОПА ЛИГА ќе е можеби и најголемата бламажа на клубов во поновата историја.А пазете,сме губеле во овој период со 8-2,4-5 пати 5-1,6-0 итн.
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.044
Поени од реакции
7.069
1 гол во негатива сме од Бате. Нема да ме чуди петарда да јадат на Емирати, го немаат квалитетот на Арсенал. Без разлика во каква форма сме, постојат добри и лоши денови. Точно 6 дена припреми има тимот за реваншот. Дајте малце оптимизам.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
1 гол во негатива сме од Бате. Нема да ме чуди петарда да јадат на Емирати, го немаат квалитетот на Арсенал. Без разлика во каква форма сме, постојат добри и лоши денови. Точно 6 дена припреми има тимот за реваншот. Дајте малце оптимизам.
Моја прогноза, ќе победиме 2-1. :cool:
 

Freddy Krueger

The Dream Master
Член од
18 март 2009
Мислења
2.236
Поени од реакции
2.028
како може некој на играч како Џака плата да му дава, па и стандарден првотимец...не ми е јасно...абе не му давам договор на еден месец бе, они главен играч го прават...каде бе со такви анти-таленти се надевате на победа, пласман за ЛШ или па титули??

за тоа Ивобито па не ми се трошат зборови..
 

Факе

Highbury–the Home of Football
Член од
6 март 2010
Мислења
9.459
Поени од реакции
10.156
Не ја глеав, верувам дека сте играле ужасно ама се' ќе се заборави кога ќе ги здробите на Емирејтс.
Малку за рекордите,зошто знаат некој луѓе да потечат за небитни ко кур ствари.
Џабе е на Емирати и 10-0 да победиме(а сум сигурен дека ќе минеме),ова беше тежок блам,да не се повторувам од која екипа,во која фаза и во кое натпреварување.Клин шит ни опнаа батињава и тоа Арсенал со прв состав пази.
Да не поминаме понатаму ќе биде интересно.:)
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.159
Поени од реакции
107.595
Сакаш да остане наредната сезона ако не го поминеме БАТЕ?
А кој ќе дојде бе друже? Да не се разбереме погрешно, огромен блам ќе е од Бате да се испадне, ама Емери до сега според мене врши добра работа со овој лимитиран ростер на Арсенал, а пази јас не сум воопшто некој фан на Емери, напротив, го имам ругано во доста наврати. Џабе е кој и да дојде додека не го средите ростерот, да се удри повеќе на квалитет, да добие клупата на длабочина, ќе видиш дека одма ќе излезат резултатите на површина.

И друга ствар, не е баш паметно да смениш тренер после нецела година негово работење, треба да му се даде шанса затоа што барем до сега врши добра работа со тимов. Е сеа јебига у случај на некоја епска бламажа од типот испаѓање од Бате сега и редење на 5-6 порази по ред у ПЛ тогаш и треба да си ги собере парталите, ама вака мислам дека нема потреба. Реално ПЛ е најтешката лига во светот, еве Интер ќе го земам за пример, лани во онаква ајде да кажам далеку послаба Серија А ЕДВАЈ обезбедија ЛШ, и сам знаеш како, а реално требаше без никаков проблем да бидат пред Лацио кој има 100 пати помал буџет и послаб тим на хартија од Интер, па ете го оставија Спалети и сезонава и му дадоа шанса. А пред тоа менувавме тренери како чорапи, 2-3 неуспеха и клоца, така не се гради добар и стабилен клуб.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Сега за сега треба да остане Емери ама и бордот да му даде поддршка. Ако не му се купуваат квалитетни играчи и има заврзани раце со трикиласемки трансфери, тури курот на кој и да дојде.
 

Факе

Highbury–the Home of Football
Член од
6 март 2010
Мислења
9.459
Поени од реакции
10.156
Чекајте,многу галама дигнавте за џабе.
Не за џабе јадев лајна и кога беше Венгер тука и сега Емери дека не е до тренерот главниот проблем,во Арсенал проблемот е многу поголем и покомплициран од тоа да е до тренерот.Додека луѓето на врвот не почнат да работат како што треба,у курац тренерот,најмал проблем е.
Конкретно јас бев против Емери да се назначи за тренер поради х причини што му се дешаваа во минатото.Едноставно никогаш ме нема убедено дека го има тоа потребното за да биде тренер на голем клуб.Никогаш нема завршено топ4,беше искуцан со нога од Спартак Москва ко Том што го шутираше надвор бабата на пола,со ПСЖ(најјак тим убедливо со катаљарди милиони истрошени) успеа да изгуби титула у Франција од Монако со тинејџери и успеа да изгуби двомеч во ЛШ иако првиот го доби со 4-0.Единствена светла точка му се смрдените 3 по ред ЛЕ што за кур не значат за голем тим.И да,успеа да земе француска лига откако ги купи Нејмар и Мбапе за 500милиони и Монако си ги испродаде децата за 1 милјарда.
Башка што очигледно секогаш паѓа у кавга со големи имиња,гледаме и у Арсенал што му се дешава.Башка што одбраната ни е полоша од лани,а лани се викаше дека полоша не може да биде макар и Шумуликовски го назначиме за тренер,башка што п од долгонајавуваниот пресинг нема во клубот.Игра нула(0).
И покрај сите тие работи,повторно не можам да го кривам за ништо што се дешава во овој клуб.Зошто да знам дека проблемот ќе се реши со тоа што ќе умре Емери,уште утре тргнувам пеш за Лондон,препливувам Ла Манш побрзо од Атина Бојаџи,го давам сред четврток на резултат 2-1 у 90та минута против Бате и после очекуваме дожд од трофеи на емирати.Ќе фрмчат премиер лиги,ЛШ,купови и триста курови.
Ниту бев ВенгерАУТ,нити пак сум ЕмериАУТ од причина што ја кажав неколку реченици погоре.Додека нема саламско водење од најгорните,ќе си продолжеме да бидеме тажен клуб.
Лажам за ова АУТ.Единствен пат бев ЕмериАУТ пред да го назначат,кога имаше шпекулации. :D
A појако сценарио за тотално полудување на една фан база од тоа да испаднат од 1/16финале ЛЕ од Бате нема да има.
Изразот на лицето кажува доволно.:D ем.jpg
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom