Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Емери аут
Комедии сте
Јас не знам што очекувате од Емери да направи со овај состав таа е реалноста топ 6 во ПЛ со мали шанси за топ 4 па кој сака нека биде тренер.До душа екипи како Бате Борисов треба и со ваква екипа да ги победиме ама ќе видиме во реваншот како ќе биде дали бил само лош ден или не не бидува.Иначе јас не знам кој дебили беа одговорни за клубов до сега на чело со Венгер по аматерско водење на клуб немам видено во ПЛ. Како прво носење на Џако на сметка на Канте со образложение дека Џака имал подобар пас од Канте и др глупости .Не продавање на Санчез и Озил на време кога веќе не ги продолжија договорите.Правење на замена на Санчез со Михтаријан кој немаше 2 години изиграно добра сезона и притоа давање на поголема плата од таа во МЈ кој воедно вејке е 30 годишен и тешко можи за има некаков напредок.Давање на Озил плата каква што немаат звезди како Модрич,Крос,Силва и др реално далеку подобри играчи од Озил.Исто и давање на двојно поголеми плати од што вредат на играчи како Волкот,Перез,Велбек,Колашинац,Елнени,Ивоби и сл. Не продавање на Рамзи кога веќе не продолжува договор а има нереални побарувања за плата. Голем пропуст исто така е не носење на класични крила што во годиниве што изминаа па и сега ги има во доста голем број за разлика од др позиции. Има и доста др работи што во моментов не ми текнуваат ама реалноста е таа со ова раководење клубов полека но сигурно тоне.Веќе 7 месеци каде што е менаџер и Арсенал буквално нема некоја препознатлива игра, менување на тактика и формација од натпревар во натпревар без некаков плод, како да сме сеуште на припреми па ајде ќе си пробвиме де 4 3 3,де 3 4 3 де дијамант... за високиот пресинг што ќе го игравме остана само на муабет и наша желба. Трансфер периодот донесовме играч на позиција баш таму каде што имаме за извоз, форсирање на играчи на кои воопшто не им оди периодов и не играње на одреден играч ради тоа што Унај не знае да се справи со его на супер звезда бидејќи такви не ни имал пред да оди во Париз. Од другата сезона без Ремзи и Озил, без средства соодветно да ги замениме не ни гледам шанси како би се подобрил Арсенал...
1 гол во негатива сме од Бате. Нема да ме чуди петарда да јадат на Емирати, го немаат квалитетот на Арсенал. Без разлика во каква форма сме, постојат добри и лоши денови. Точно 6 дена припреми има тимот за реваншот. Дајте малце оптимизам.
Не ја глеав, верувам дека сте играле ужасно ама се' ќе се заборави кога ќе ги здробите на Емирејтс.
Малку за рекордите,зошто знаат некој луѓе да потечат за небитни ко кур ствари.Не ја глеав, верувам дека сте играле ужасно ама се' ќе се заборави кога ќе ги здробите на Емирејтс.
А кој ќе дојде бе друже? Да не се разбереме погрешно, огромен блам ќе е од Бате да се испадне, ама Емери до сега според мене врши добра работа со овој лимитиран ростер на Арсенал, а пази јас не сум воопшто некој фан на Емери, напротив, го имам ругано во доста наврати. Џабе е кој и да дојде додека не го средите ростерот, да се удри повеќе на квалитет, да добие клупата на длабочина, ќе видиш дека одма ќе излезат резултатите на површина.Сакаш да остане наредната сезона ако не го поминеме БАТЕ?