Фан Клуб: Арсенал

Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
ехтра игра на цел тим добра цврста одбрана најдобар од сите кошчиелни и вилшер но премногу е касно за титула иако не губам надеж до крај имаме математички шанси само денешниот наптревар беше тоа како ке изгледа арсенал во наредна сезона само уште вермален и мозеби ако оди фабрегас нов плајмеркер
Вилшер беше далеку од најдобар поединец.
Трчаше многу и се бореше за секоја топка, но премногу често губеше топка затоа што премногу ја влече топката по средина и пасовите му беа доста лоши, ми текнува на минимум 3 контра-напади во кои тој влечеше топка и мораше попрецизно да подаде накај Аршавин/ван Перси.
Аршавин изигра доста добро, исто така и Рамзи, Сања во прво полувреме беше доста деконцентриран, но се поправи во второ. А да, и Шчезни ѕвер!
Клиши дефинитивно најлош поединец. Техника нула, пасови катастрофа.
 
R

Rigel Kent

Гостин
Sekoja cest , no ispustivte mnogu sansi za podobar plasman ovaa sezona. Vi nedostiga nekoj kako Anri koj bese gol mashina.
 

Факе

Highbury–the Home of Football
Член од
6 март 2010
Мислења
9.484
Поени од реакции
10.220
Вилшер беше далеку од најдобар поединец.
Трчаше многу и се бореше за секоја топка, но премногу често губеше топка затоа што премногу ја влече топката по средина и пасовите му беа доста лоши, ми текнува на минимум 3 контра-напади во кои тој влечеше топка и мораше попрецизно да подаде накај Аршавин/ван Перси.
Аршавин изигра доста добро, исто така и Рамзи, Сања во прво полувреме беше доста деконцентриран, но се поправи во второ. А да, и Шчезни ѕвер!
Клиши дефинитивно најлош поединец. Техника нула, пасови катастрофа.
Вилшер беше далеку од лош поединец,Трчеше,се бореше за секоја топка,изгуби ептен малку топки.И да , само во една контра згреши.Да не згрешеше ќе имавме 2-0.Аршавин во почетокот кога влезе почнав и да го пцујам,ептен мрзливо,но потоа се поправи , чак и одличен беше.Си мислиш некој бек беше.Ремзи супер.Сања супер.Клиши , ако не беше мислам дека по таа лева , односно нивна десна страна ќе не поебаа. :)
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.065
Поени од реакции
666
Заклучок:
Игра без притисок и страв од пораз - главен фактор за успех на Арсенал.

НИШТО ДРУГО !
 
Член од
20 јануари 2009
Мислења
3.159
Поени од реакции
375
Прв пропуштен натпревар ми е за оваа сезона.
Честито победа,браво за играчите :)
Некој да ми даде highliths подолг или било каков да гледам?
 

Факе

Highbury–the Home of Football
Член од
6 март 2010
Мислења
9.484
Поени од реакции
10.220
Прв пропуштен натпревар ми е за оваа сезона.
Честито победа,браво за играчите :)
Некој да ми даде highliths подолг или било каков да гледам?
Повели друже :smir:
[video]http://footyroom.com/arsenal-1-0-manchester-united-2011-05/[/video]
 
Член од
5 август 2008
Мислења
6.014
Поени од реакции
5.336
Честито победа! Заслужено! Иначе чист пенал имаше од Видич ама имаше и пенал над Мајкл Овен така да фит фит у тие работи! :)
 
Член од
30 јули 2008
Мислења
4.320
Поени од реакции
2.846
Победава незнам дали е за радување или за нервирање. Одлично што победивме но сепак најверојатно ова ќе е Пирова победа. Сепак враќањето на Ремзи ми се свиѓа. Велшаните имаат јајца и можеби он и Вилшир не се толку добри техничари како Цеск но сепак играат со муда, а на Арсенал им треба тоа а не звезди. Имаме мислам млади кои можат да добијат титула но има и многу кој придонесуваат со нивната нежелба да не се оствари тоа. Оваа генерација од Цеск, Клиши, Росицки и уште некои имаат технички квалитети но победнички се далеку од тоа.

Иако сите сакаат трансфери јас би сакал само да дојде ланзбери на клупа и поголема шанса да влага во игра. Во одбраната стариот вермален и замена на Клиши. За Клиши иако го спеменуваат бејнс сепак би сакал да дојде Ботељо. Друго во одбрана е супер. За средината ланзбери поголема шанса и со ремзи, вилшир и сонг имаме доста борбена, а исто така и добра техничка средина. Цеск точно дека има страшни пасеви но факт е дека на дефанзивна страна е слаб. Вилшир и Ремзи можат да го надополнат тој недостаток. За крила тука се Волкот Насри Аршавин а би сакал и Рио Миачи да го видам од наредна сезона. Имаме со тоа 4 добри крила и не ни е потребно друго. За во напад бентнер да си лета под хитно бидејќи колку и да има квалитет сепак не е играч кој може да направи некоја разлика на терен. Бидејќи гледаме дека со Шамак не е сјајно нешто во тимот не е лошо да се донесе покрај Перси уште еден шпиц, за ЈЕТ сеуште незнам дали ќе биде на потребно ниво.


Тоа е тоа одлична победа и како што кажав незнам дали да се радувам или нервирам, но не заради победава туку поради испуштените глупи бодови......

Поздрав

--- надополнето ---

Честито победа! Заслужено! Иначе чист пенал имаше од Видич ама имаше и пенал над Мајкл Овен така да фит фит у тие работи! :)
Може да се каже....
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.441
Поени од реакции
6.096
-6 a 3 натпревари до крај ,да речам дека имаме шансии за титула длабогоко ке се излажам.
кратко резиме без непотребно филозофирање - Нема да се памети годинешната сезона по тоа што манчестер/челзи ја освоил титулата,туку по тоа што арсенал ја изгубил.Затоа што пропуштените шанси беа премногу.
Сепак честита да ни е победата .
 

Cannon

Doctor
Член од
22 март 2009
Мислења
5.101
Поени од реакции
5.841
Сепак покажавме дека може да играме без него :)
А ја видовте ли реакцијата на РвП за раката на Видиќ?
Epic.
Тоа се бара од еден капитен и лидер на својот тим, а тоа може да го имаш ако играш со 100% од срце за својот тим.
Победава ми го разубави денот!!!
 

gooner4life

Arsenal-Maniak
Член од
11 јули 2008
Мислења
7.037
Поени од реакции
1.567
Како и по многу мечеви, ќе започнам со .. судијата.
Ма тоа беше комедија да се гледа како секој пас со 2 на час го сопираше, како чист пенал не досуди и слично... последни 20 минути малку се опраи мислам дека... ама претходно ужас.
Потоа.. па гледате ли како и без Цеск и без проблеми победивме против најочигледно шампионот на земјата?
Се што ни треба е да се отстраниме од непотребните ликови во екипата, како што е Скилачи, Бендтнер, можеби и Арша зашто да не, па ако се понуди 50+ секако и Цеск.
- Има некои новости за Џуру, во каква состојба е?
 
Член од
3 април 2010
Мислења
260
Поени од реакции
41
Прва утакмица шо ја пропуштам, мај и роденден ми беше па нон стоп на алкохоло бев и немав време да ја гледам сега гледам тепале сме...фала им за поклоно :)
 

Sura

Gooner 4 Life
Член од
6 мај 2010
Мислења
3.422
Поени од реакции
1.923
Ајде денес мал коментар за вчерашниот натпревар....Каков кеиф ми се напраи неверојатно....И да иако се јадам за пропуштените шанси сезонава, кога го гледав вчерашниов тим, Вилшир, Ремзи, Шчезни и останатите, горд сум што сум фан на Арсенал....
Имаме неверојатен потенцијал кој кај и да е ќе се прикаже на дело следните сезони...Како што спомена некој пред мене, само да се исчистиме со непотребниот материјал во клубот, кој веќе си ја прокоцка шансата да покажат што знаат(нема да се повторувам кои играчи сакам да заминат).
Кога го гледам Шчезни, се прашувам дали ни треба нов голман во тимов...Како искусно само ја изигра вчера утакмицата, како им одеше на нерви на противниците кога на крај, мајсторски јадеше по некоја секунда од мечот....Искрено повеќе сум да се земе еден супер топ дефанзивец, да не му ја мислиме за повреди нареднава сезона.....Мора да го пофалам Косчелни изигра мајсторски вчера, алал му вера....Да не заборавиме,прва сезона во Англија, дечково одлично се адаптираше...Само вака нека продолжи да се развива....
Искрено помислив вчера пак ќе се повтори она сценарио кога судиите го решаваат натпреварот....Дефинитивно мора нешто да се менува во фудбалов....Камери, уште 5 судии, не знам што али вакви грешки, кога се решава лигава се катастрофални...Значи чиста рака од Видич и највероајтно една црвена честитка за него требаше да биде.....И да сега фановите на Јунајтед ќе кажат, имаше и пенал над Овен бла бла.....Да можно е, но дали ќе беа во таква шанса со 10 играчи е ГОЛЕМО прашање....
Повеќе од заслужена победа, Јунајтед беа само опасни на по некоја контра....
Еден момент мора да нагласам на натпреваров, дуелот на Руни-Вилшир....Руни уште еднаш покажа дека има гнасен карактер и никогаш нема да го почитувам овој играч....Да му ја шутира топката у фаца на Вилшир додека овој лежи на земја, не е начин да третираш колега од репрезентацијата....Затоа Англија како репрезентација никогаш нема да има успеси, никакво почитување меѓу играчите.....
Имаше и уште еден момент од шупакот Евра, кога го удри по глава како по некоја случајност пак Вилшир.....Јасна беше поентата дека сакаат да го испровоцираат нашиот иден капитен, којшто покажа дека веќе учи и не реагираше на ваквите ниски провокации...Јунајтед покажа едно нешто вчера, фрустрација....
Ајде доста беше, поздрав до сите Ганери каде и да сте.....(неочекувано малку постови после победава) ГОУ ГОУ ГАНЕРС :eek:jea::eek:jea:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom