Некако не сум толку изнервиран, не знам како да објаснам, имав некое чувство, иако беше Монако противникот дека нема да поминеме баш лесно, додуаша не очекував ваков резултат и три примена гола.
Но не сум изнервиран оти еве и да поминеме понатаму со некоја луда среќа во Монако. После секако ќе играме пак со некој како Барса, Реал, Баерн, и по вакво издание мислите дека ќе имаме сила да направиме било што против тие тимови.
Јас сум некако помирен со фактот дека во ЛШ нашето ниво е до тука, толку ни е, оваа година беше шанса некако да поминеме едно ниво погоре и еве шо направивме.
Реално мислам дека попрво би ја освоиле лигата него ли ЛШ, нема Венгер сенс, нема тактика, нема храброст и пред се нема тимот менталитет да се носи на вакви утакмици, во лигата со добар сплет на околности, лоши конкуренти, победи против послабите, па дури и со порази од конкурентите има шанса да се провлечеш, во ЛШ не, таму треба да се покаже баш на вакви утакмици победнички менталитет (тој толку често употребуван збор од Венгер), еј прва утакмица, клучна утакмица, место да се стегнеш, да поставиш тактика, игра, цел тим од старт се гледаше дека нема да го биде.
Од старт се проценува каква ќе биде играта на Арсенал на некоја утамица, тука одма се виде, Монако многу добро затвора, тешко ќе му се даде гол, беше очигледно уште по 15 минути. Е сеа не очекував дека дури 3 гола ќе примиме но ни среќа немаве премногу.
У второ полувреме исто, знаев дека тешко ќе се вратиме уште по првите две шанси на Жиру, тие работи се осеќаат едноставно.