Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Нема да бидеме фаворити и со Баерн така беше па спасуваа они газ...
Позитивно е што ќе отпаднеме релативно рано, па можеби ќе се концентрира тимот на лигата, ако овие воопшто можат да се концентрираат еднаш у животот.
 
Позитивно е што ќе отпаднеме релативно рано, па можеби ќе се концентрира тимот на лигата, ако овие воопшто можат да се концентрираат еднаш у животот.

А за што тоа има богати у лигата да се концентрираат? Па поарно нека не играат уопште ЛШ бар така може лигата нешто повеќе да напраиме а тоа е 3,2 или па откај знаеш 1-во.
 
А за што тоа има богати у лигата да се концентрираат? Па поарно нека не играат уопште ЛШ бар така може лигата нешто повеќе да напраиме а тоа е 3,2 или па откај знаеш 1-во.
Мора да се земаат парите од пласман во осмина-финале, не бива таа.
 
Позитивно е што ќе отпаднеме релативно рано, па можеби ќе се концентрира тимот на лигата, ако овие воопшто можат да се концентрираат еднаш у животот.
Секоја година ние се сконцентрируваме на лигата и куповите па на крај со курот у раце остануваме...
 
Некако не сум толку изнервиран, не знам како да објаснам, имав некое чувство, иако беше Монако противникот дека нема да поминеме баш лесно, додуаша не очекував ваков резултат и три примена гола.

Но не сум изнервиран оти еве и да поминеме понатаму со некоја луда среќа во Монако. После секако ќе играме пак со некој како Барса, Реал, Баерн, и по вакво издание мислите дека ќе имаме сила да направиме било што против тие тимови.

Јас сум некако помирен со фактот дека во ЛШ нашето ниво е до тука, толку ни е, оваа година беше шанса некако да поминеме едно ниво погоре и еве шо направивме.

Реално мислам дека попрво би ја освоиле лигата него ли ЛШ, нема Венгер сенс, нема тактика, нема храброст и пред се нема тимот менталитет да се носи на вакви утакмици, во лигата со добар сплет на околности, лоши конкуренти, победи против послабите, па дури и со порази од конкурентите има шанса да се провлечеш, во ЛШ не, таму треба да се покаже баш на вакви утакмици победнички менталитет (тој толку често употребуван збор од Венгер), еј прва утакмица, клучна утакмица, место да се стегнеш, да поставиш тактика, игра, цел тим од старт се гледаше дека нема да го биде.

Од старт се проценува каква ќе биде играта на Арсенал на некоја утамица, тука одма се виде, Монако многу добро затвора, тешко ќе му се даде гол, беше очигледно уште по 15 минути. Е сеа не очекував дека дури 3 гола ќе примиме но ни среќа немаве премногу.

У второ полувреме исто, знаев дека тешко ќе се вратиме уште по првите две шанси на Жиру, тие работи се осеќаат едноставно.
 
Секоја година ние се сконцентрируваме на лигата и куповите па на крај со курот у раце остануваме...
Оти бе, лани си освоивме ФА Куп и пласман во ЛШ - што сакаш повеќе :D[DOUBLEPOST=1424902357][/DOUBLEPOST]
Реално мислам дека попрво би ја освоиле лигата него ли ЛШ, нема Венгер сенс, нема тактика, нема храброст и пред се нема тимот менталитет да се носи на вакви утакмици, во лигата со добар сплет на околности, лоши конкуренти, победи против послабите, па дури и со порази од конкурентите има шанса да се провлечеш, во ЛШ не, таму треба да се покаже баш на вакви утакмици победнички менталитет (тој толку често употребуван збор од Венгер), еј прва утакмица, клучна утакмица, место да се стегнеш, да поставиш тактика, игра, цел тим од старт се гледаше дека нема да го биде.
Кога не ја освои 2006-та со оној тим, нема никогаш да ја освои; таков тим што сам знае да игра (најјаката тактика на Венгер) нема никогаш повеќе да склопи.
 
Оти бе, лани си освоивме ФА Куп и пласман во ЛШ - што сакаш повеќе :D[DOUBLEPOST=1424902357][/DOUBLEPOST]
Кога не ја освои 2006-та со оној тим, нема никогаш да ја освои; таков тим што сам знае да игра (најјаката тактика на Венгер) нема никогаш повеќе да склопи.

Точно, 2006-та не му успеа тешко било кога другпат, а што беше клучот до стигнување до тоа финале- одбраната! Е тој тим исто како Монако не примаше голови во ЛШ, плус шо имаше страшен напад кој знаеше да реализира.

Веројатно си у право, играчите знаеа да играат, а во одбраната и не беа некои играчи, Сендерос играше у таа одбрана, Сендерос.
 
Кога не ја освои 2006-та со оној тим, нема никогаш да ја освои; таков тим што сам знае да игра (најјаката тактика на Венгер) нема никогаш повеќе да склопи.
Таа сезона во ПЛ бевме очај и беда, никогаш не сме можеле, никогаш нема ни да можеме на повеќе од еден фронт да конкурираме.
 
Точно, 2006-та не му успеа тешко било кога другпат, а што беше клучот до стигнување до тоа финале- одбраната! Е тој тим исто како Монако не примаше голови во ЛШ, плус шо имаше страшен напад кој знаеше да реализира.

Веројатно си у право, играчите знаеа да играат, а во одбраната и не беа некои играчи, Сендерос играше у таа одбрана, Сендерос.

Toure & Campbell
 
За сите три гола крив Мертесакер и овој пораз иде најмногу на негова душа.Другата утакмица Кос и Габриел тандем,оваа жирафа нека скапе на клупа.
 
Добро де, друга ми беше поентата, дури и младиот Сендерос беше покрај такви ѕверови Туре и Кембел у најдобрите денови и секако неговата игра растеше покрај нив, плус голема предност тогаш уште играше последниот вистински ДМФ во Арсенал-Жилберто, после тоа на таа позиција имаме само принудни и изнудени решенија, дури не ми се верува дека ќе толку сезони поминаа после Жилберто и не успеавме трајно да ја решиме таа позиција, тоа е срамен момент.
 
Ете ми го муабетот од пред некое време. Фали класата во Арсенал.Што изнаправи денес Жиру?
На Мертесакер можам да му се заблагодарам за добрите 2 сезони повеќе не е материјал за прв тим.
Каде беше средниот ред и каде беше таа машка снага токму во овој дел?
Се беше дупка, се.

И гледам некој повторно апла го криви Венгер. Не заборавајте дека примивме несреќен гол, а после тоа три 100% шанси беа промашени. Тука паднавме и го изгубивме мечот. После тоа на теренот играчите беа како духови. Не ми е целта да кажам дека Венгер не е крив, ама дефинитивно не е како што некој апла го прави. И која по ред утакмица му е на Санчез да не прави ништо? И какоов Шчежни на гол, Оспина требало да го фати третипт гол. Сите десет играчи помножете ги по десет, така да Оспина беше 101 играч крив за било што во утакмицава.

И сум приметил нешто кај овие играчи. Кога паѓаат психички(посебно после 2 гола негатива) целиот концепт поставен од Венгер го ставаат на страна, играат на своја глава, маалски фудбал. И затоа гледаме како Мертесакер лебди, Кошелни пред шеснаесетникот пласира и сл. И можеби најважното е токму кога веќе ќе почнат да играт на своја глава и штопер станува секонд страјкер и сл. банални работи ни фали лидер, прав капитен кој повторно возот ќе го врати на шините.

Лоша утакмица, покажуваме по незнам кој пат колку слабо ментална екипа сме, а овде единствен кривец е Венгер дефинитивно.

Не знам што да очекувам на реваншот, но навивачки се надевам. Можевме да се враќаме со Милан и Баерн, може и против Монако, но ќе биде уште потешко зошто прав бункер ќе се.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom