Фан Клуб: Арсенал

derrain

артилерец
Член од
4 февруари 2009
Мислења
364
Поени од реакции
205
:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2: Оооо немом поќе... Ако картер го напиша најреалниот пост, ова дефинитивно е во стил, ала Аршесавин.... :tapp::tapp:
Јас тука не гледам никаков коментар а јас сепак го кажав тоа што и ти го мислиш ама не сакаш да признаеш :pusk:
 
gooner4life

Arsenal-Maniak
Член од
11 јули 2008
Мислења
7.037
Поени од реакции
1.567
На два пати наш играч беше фаулиран во казнетата зона... не добивме ниту еден пенал...а ги заслуживме и двата посебно оној вториот!
Головите главно беа грешка на одбраната каде што Фабијански немаше ништо можност да одбрани да помогне...
Играме малку очајнички... тоа е лош знак за оваа фаза од сезоната но што е тука е, не сме отпаднати од ниедна конкуренција сеуште и нема потреба да се буниме сега...
Највеќе што боли , тоа е пораз од кокошките, го добивме преку нај болен начин... пресврт 0-2, 3-2 и тоа гол од пенал ...
Ама ќе продолжи суријата на Венгер да се бори!!!
 
gunner_mkd

>МиСтЕр ТиПсТеР
Член од
12 септември 2009
Мислења
1.483
Поени од реакции
83
Не ја гледав утакмицата ,ама од хајлајтсите видов дека и двата пенала ги заслуживме ,или барем еден сигурно ,али ај што е тоа е

Инаку еве едно интересно видео што го најдов пред некој ден ,ама неможев да го споделам

Венгер преку изненадувачка видео порака му ја честита освоената шампионска титула на Драган Стојкович "Пикси" во јапонската лига со клубот Нагоја ,каде што своевремено двајцата заедно работеа

Sura

Gooner 4 Life
Член од
6 мај 2010
Мислења
3.422
Поени од реакции
1.923
Мал коментар за натпреварот од вчера.....Класичен пример како судија може да заебе една утакмица. Нема оправдување дека не забележал или не знам што, целата ситуација се случуваше пред неговиот сурат. Али тоа е.......
Иначе не бев многу многу задоволен од натпреваров, повторно катастрофални грешки во одбрана....Дефинитивно треба добро засилување во одбрана, дека без мистериозно повредениот Верма ништо не правиме.
Очекував многу повеќе од Бентнер, мислев дека ќе биде мотивиран, да се докаже дека треба да игра во прв тим, но ништо од тоа. Повеќе го гледав како паѓа при секој мал старт (иако понекогаш стварно беше фаулиран, но не беше досудено). Неможам да му ја простам шансата кога требаше само малку да го мрдне ‘гзот и да испружи нога, за да го реализира перфектното нафрлување од Волкот.
Се мачевме цела утакмица, имавме контрола, но недостигаше финалното додавање за гол.....
Штета се искомплицираа работиве во групава, башка ако завршиме втори потежок противник, али сами си се криви.....
Ајде во сабота со победа да го разбиеме малеров што не следи.....
 
Член од
13 август 2010
Мислења
236
Поени од реакции
5
Losa losa vest sega sme i bez Fabregas i ke bide uste potesko protiv Villa
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.544
Поени од реакции
5.772
Не знам, зошто се крена толкава „фама“ околу поразов... Со победа дома, против Партизан, одиме понатаму... Без разлика дали сме први, или втори... Понатаму, во фазата, нема слаби тимови...

Пред неколку страни, некој напиша дека, баш ги интересира шо ќе напишам јас, дури и дали ке сум го погазел достоинството.. Одговорот е погоре... Се додека човекот се труди и ја работи работата со љубов, јас ќе го поддржувам... Тоа успевам да го видам и сега, макар било и некогаш разочарувачки.... Човекот греши, и сите грешиме, ниту јас, ниту никој тука него не можи да му суди.... Еве еден логичен пример на темава.. Кога Гери Мексон беше менаџер на Болтон, гледаноста и посетеноста на Рибок стадидон беше во просек по 11.000 гледачи и 17то место на табелата... Сега, со Овен Којл, гледаноста е 24.000 гледачи во просек, и место во ЛШ.... Зошто ја правам споредбата ?! Кога тие 60 000 ке се намалат на 20 000, тогаш, веројатно, ке се размислува за нешто.... До тогаш......... :)

И последен параграф... Само да ве потсетам кај сме и покрај се.... Трето место во Премиер Лига со само два бода заостанување зад лидерите, втори во Лига на Шампиони, каде и со нерешено би се квалификувале, осмина финале во Карлинг куп, и во игра за ФА Куп.... Па ? Мислите дека се лоши резултатите ?! Погледнете наоколу и ке виидте дека не е се сиво во Арсенал..... Доволно е да влезите во клубовите на Интер, Рома, Баерн Минхен, Ливерпул, Јувентус.... Не бидете себични, кога сеуште не можеме да судиме.... После јануари, февруари, ќе ја направиме проценката, каде, како и што сме....До тогаш, имаш Vh1 програма, после 04 00, слушај Chill out zone.... :)

--- надополнето ---

Не знам дали е лоша или добра вест.... За мене, не е трагично, бидејки еден Вилшер игра подобро оваа сезона, а и Волкот би добил шанса десно, на наредните мечеви...
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.576
Поени од реакции
3.773
Не знам дали е лоша или добра вест.... За мене, не е трагично, бидејки еден Вилшер игра подобро оваа сезона, а и Волкот би добил шанса десно, на наредните мечеви...
Во секој случај е лоша затоа што ретко кој друг може да ја даде таа топка за голот на Насри со Тотенхем.
 
RaZ-R

Артилерец
Член од
8 ноември 2009
Мислења
3.415
Поени од реакции
2.550
Треба да шљака Венгер шамари,вака не бива :toe:
 
derrain

артилерец
Член од
4 февруари 2009
Мислења
364
Поени од реакции
205
Добро можеби и претерувам малку но ова се чудни работи што се случуваат, да не ти се верува, нешто не е како што треба, го следам Арсенал десетина години и ова боли. И порано имавме повредени играчи па пак победувавме, сега по сите киксови на опонентите, требаше да бидеме први со 6 бода разлика, чудно е затоа што тимот беше релативно здрав немаше многу повредени.
Изгледа не се носиме добро со притисокот, се што сакам да кажам е дека Венгер мора да менува нешто, посебно во одбраната, таа никогаш и не била сјајна но барем средината и нападот вршеа притисок и не дозволуваа толкави изненадувања, и порано сме се враќале по страшни падови, но овој Ноември не да беше црно, беше катастрофално, болно, жално, дури не се сеќавам и дали освоивме бод.
Да, уште ништо не е изгубено, но моменталната форма не ветува позитивен развој на преостанатиот дел од сезоната.
 
xochipilli

Војвода
Член од
29 јули 2006
Мислења
426
Поени од реакции
116
Би ве замолил да го прочитате текстов : http://www.mirrorfootball.co.uk/opinion/columnists/darren-lewis/Darren-Lewis-column-Why-Arsenal-fans-should-blame-the-players-and-not-Arsene-Wenger-for-the-Gunners-recent-slump-article636137.html

What Wenger does appear to have is a discipline problem. Andriy Arshavin's fitness has been poor for some time.

Nicklas Bendtner was shocking against Braga after giving it the large one about starting every game and rightly being dropped to teach him some respect.

It is well documented that Robin van Persie has been ordered to get into shape while the fragile Dutchman himself seems intent on dictating transfer policy to the club - moaning that they should have signed Rafael van der Vaart and Ibrahim Afellay - rather than focusing on his inability to last a season without being injured.

And the outstanding Jack Wilshere is barely out of footballing nappies yet he seems to be appearing in the papers on a regular basis for all the wrong reasons.

Nasri seemed more intent on telling all and sundry last weekend that he would diss William Gallas rather than attuning his mind to the job of downing Spurs. Cesc Fabregas seems to spend every other week sending footballing love letters to Barcelona.
 
Член од
7 јули 2009
Мислења
1.228
Поени од реакции
28
КЕ се најде некој подобар,Липи,Рајкард мајкард. ВЕнгер не го бива ! МАкедонец убаво викаш секој човек греши(као и венгер) али и секој човек ги увидува грешките и ги поправа,барем се обидува(а не и венгер)
 
Малку... :pos2: Јас навивам од 1998/99 за Арсенал... Од 2001/02 веќе доста добро ги пратам, што значи една деценија, и убеден сум дека имало и полоши сезони, од оваа... Далеку полоши, како на пр. во 2004/05, кога едвај се пласиравме понатаму... Тоа многумина го забораваат, иако, финалето во ЛШ беше таа сезона...

Апсолутно не се носиме... Тоа е негативното кај младите фудбалери... Ќе речите и Меси е млад ?! Но, тој игра во тим каде сите околу него, се јаки.... Сетете се на Рајкард, кога ги имаше проблемите со тимот и Роналдињо ? Попушти и си замина Рајкард.... Тоа е катастрофа за еден менаџер, кој убеден сум дека никогаш повеќе нема да биде ценет за тоа.. Секоја чест за играчката кариера...

Освоивме, освоивме и уште имаме за освојување... Барем уште 3 :)

--- надополнето ---

Би ве замолил да го прочитате текстов : http://www.mirrorfootball.co.uk/opinion/columnists/darren-lewis/Darren-Lewis-column-Why-Arsenal-fans-should-blame-the-players-and-not-Arsene-Wenger-for-the-Gunners-recent-slump-article636137.html

What Wenger does appear to have is a discipline problem. Andriy Arshavin's fitness has been poor for some time.

Nicklas Bendtner was shocking against Braga after giving it the large one about starting every game and rightly being dropped to teach him some respect.

It is well documented that Robin van Persie has been ordered to get into shape while the fragile Dutchman himself seems intent on dictating transfer policy to the club - moaning that they should have signed Rafael van der Vaart and Ibrahim Afellay - rather than focusing on his inability to last a season without being injured.

And the outstanding Jack Wilshere is barely out of footballing nappies yet he seems to be appearing in the papers on a regular basis for all the wrong reasons.

Nasri seemed more intent on telling all and sundry last weekend that he would diss William Gallas rather than attuning his mind to the job of downing Spurs. Cesc Fabregas seems to spend every other week sending footballing love letters to Barcelona.
Прочитано... Фасцинантно... Но, како рековме, вината за неуспесите е 50 - 50..... :)

--- надополнето ---

КЕ се најде некој подобар,Липи,Рајкард мајкард. ВЕнгер не го бива ! МАкедонец убаво викаш секој човек греши(као и венгер) али и секој човек ги увидува грешките и ги поправа,барем се обидува(а не и венгер)
:pos2::pos2: Не ме смеј... Ако веќе зборуваме за тренери, кои веќе можат да дадат нешто за фубалот, сигурно овие не се... После 15 години, на кормилото на Арсенал, би сакал да го видам Унај Емери, ако до тогаш не се најде подобар.. Но, од младите, и се разбира, после некоја наша легенда да го превземи тимот, овој би бил, моја опција...

Биди сигурен дека се обидува.. Не треба да го знаеш многу за да увидиш... Сликите после изгубен меч на официјална, видеото на арсенал.ком, изјавите, шишињата со вода.... Тоа ти укажува на љубов кон еден клуб, на љубов кон навивачи, на љубов кон играчи.... Едноставно, на љубов кон Арсенал...
 
derrain

артилерец
Член од
4 февруари 2009
Мислења
364
Поени од реакции
205
КЕ се најде некој подобар,Липи,Рајкард мајкард. ВЕнгер не го бива ! МАкедонец убаво викаш секој човек греши(као и венгер) али и секој човек ги увидува грешките и ги поправа,барем се обидува(а не и венгер)
Друже, да беше Рајкард добар немаше да заврши во Галатасарај. Да беше Липи доволно добар ќе имаше работа во некој италијански клуб, ни неговите веќе не го сакаат.
Проблемот е што треба малку повеќе да се поработи на мотивацијата и да се каже јавно што всушност да очекуваме од Арсенал, бидејќи тоа 3-4 место не е доволно, не одговара на тимот.
Веќе некое време размислувам и се плашам, предимно да си признаам самиот себе, (претпоставувам дека и некои од вас ја имаат истата дилема) а потоа и отворено да кажам дека можеби е време да се пушти Фабрегас во Барселна. Почнува да станува очигледно дека не игра со истиот жар како предходните сезони, посебно сезонава, ако се каже дека летово беше многу блиску до трансфер, неговиот ум не е повеќе во Арсенал, му стана и него јасно зашто седи на клупа за репрезентација, колумнава на Дарен Луис е можеби првото навестување на потребата да се откажеме од Фабрегас, во интерес на напредокот на тимот. За проблемите со дисциплината може и да се очекува такво нешто од голем клуб со толкав фонд на играчи, некој што седи на клупа нормално е да е незадоволен, порано кога беа повеќето повредени здравите беа претежно резервисти кои беа желни да се докажуваат, сега кога тимот е претежно здрав, па и со новите играчи во одбраната, тие се далеку од стартери, а првиот тим нема некоја посебна желба да се бори за статус кога им е сигурен. Можеби ова е причината што порано игравме подобро. Сега можеби и играчите не се поднесуваат меѓусебе затоашто немаат повеќе вистински лидер во тимот, Фабрегас е на друго место со паметот, Ван Перси е во болница повеќето време, голманите ни се катрастрофа а и никој од другите играчи нема доволно силен карактер и конзистентност во играта за да ја преземе капитенската лента.
Повеќе незнам што да правме, менаџерот ги крие овие работи (што претпоставувам и би требало) а ние незнаеме што прави за да ги спречи, проблемот е и кај него и кај играчите што направија да мислиме дека немаат желба за натпреварување. Таа супериорна генерација на Арсенал што ќе ја владее Англија и Европа веќе предолго ја чекаме и нешто мора да се менува веднаш.
Не е ништо изгубено, сеуште, главните конкуренти се покатастрофа и од нас, можеме да ги стигнеме, можеме да ги поминеме, само Венгер треба да ги седне играчите и да се разберат сите заедно, кој сака да игра, кој сака трофеи, кој сака да си оди итн. и да ги консолидира и да тргнеме во напад на Титулата поново, посигурни, посилни и позрели.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom