Не знам, зошто се крена толкава „фама“ околу поразов... Со победа дома, против Партизан, одиме понатаму... Без разлика дали сме први, или втори... Понатаму, во фазата, нема слаби тимови...
Пред неколку страни, некој напиша дека, баш ги интересира шо ќе напишам јас, дури и дали ке сум го погазел достоинството.. Одговорот е погоре... Се додека човекот се труди и ја работи работата со љубов, јас ќе го поддржувам... Тоа успевам да го видам и сега, макар било и некогаш разочарувачки.... Човекот греши, и сите грешиме, ниту јас, ниту никој тука него не можи да му суди.... Еве еден логичен пример на темава.. Кога Гери Мексон беше менаџер на Болтон, гледаноста и посетеноста на Рибок стадидон беше во просек по 11.000 гледачи и 17то место на табелата... Сега, со Овен Којл, гледаноста е 24.000 гледачи во просек, и место во ЛШ.... Зошто ја правам споредбата ?! Кога тие 60 000 ке се намалат на 20 000, тогаш, веројатно, ке се размислува за нешто.... До тогаш.........
И последен параграф... Само да ве потсетам кај сме и покрај се.... Трето место во Премиер Лига со само два бода заостанување зад лидерите, втори во Лига на Шампиони, каде и со нерешено би се квалификувале, осмина финале во Карлинг куп, и во игра за ФА Куп.... Па ? Мислите дека се лоши резултатите ?! Погледнете наоколу и ке виидте дека не е се сиво во Арсенал..... Доволно е да влезите во клубовите на Интер, Рома, Баерн Минхен, Ливерпул, Јувентус.... Не бидете себични, кога сеуште не можеме да судиме.... После јануари, февруари, ќе ја направиме проценката, каде, како и што сме....До тогаш, имаш Vh1 програма, после 04 00, слушај Chill out zone....
--- надополнето ---
Не знам дали е лоша или добра вест.... За мене, не е трагично, бидејки еден Вилшер игра подобро оваа сезона, а и Волкот би добил шанса десно, на наредните мечеви...