Не се бламирајте, со Наполи со најак состав, далеку е побитно ЛШ да се квалификуваме, него ротација за следен меч со Сити.
Важно е добар резултат во Неапол и квалификација во нареден круг за самодоверба, пари и т.д.
Премиер лига е маратон, не одлучува само утакмицата со Сити и Челзи туку тука влијаат мн повеќе фактори, позитивно е што сезонава имаме најдобра одбрана во лига на што може да се потпреме и во пракса покажало дека тоа носи титули, така да, да не очајуваме и да оставаме на "случајност".
Исто така видовме дека е далеку појака ПЛ од минатите години и дека сите се подложни на кикс со малите тимови, особено оние кој се со нови тренери, а тоа се 3 од 4 тимови претенденти за титула ако се одземеме ние.
Да си гледаме од утакмица во утакмица како што вика Венгер, а не подалеку за ротација и чување на играчи.
Мислам дека имаме доста голем состав за да играме на 2-3 фронта освен во нападот, што мислам дека ќе се реши во јануар.
Исто така не напишав за со Евертон, добар резултат е, веројатно такви бурни рекации сите имавме затоа што прв пат сезонава ни е од водство(поготово во 85+ минута) да ни израмнат и да изгубиме бодови, но и тоа мора да се случи кога тогаш.
Глава горе ганери +5 на врвот
