Фан Клуб: Арсенал

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
13 август 2009
Мислења
9.547
Поени од реакции
5.772
Да му одговорам на Лоџикс... Ако Ван Перси продолжи да се повредува во овој стил, тогаш знае што го чека... Сега Чамак игра прв тим, но кога Ван Перси ке биде здрав и во форма, тој би се вратил на тоа место... Мислам дека во зависност од екипата, ке ги ротира напагачите... Но еве конкретен одговор... Моментално, Чамак ! :)

--- надополнето ---

Едит: Диаби и Вермален, спремни за ВБА.... Добра вест, колку толку :)
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
402
Поени од реакции
88
^Мислам дека со Ван Перси и Чамак во форма венгер треба да ги ротира во зависнот од играта на противникот.Ако се игра против тврдите екипи од англија би требало да се почне со Чамак,подобар е во воздух и е поиздржлив во дуелите, додека против екипи кои играат отворен фудбал Ван Перси сепак мое мислење е дека повеке ни ја отвара играта со неговите проигрувања.Сепак останува на ВЕНГЕР да одлучи кој каде ке игра :smir:
 
Член од
4 септември 2010
Мислења
439
Поени од реакции
148
Ова ми се допаѓа, имаме двајца одлични напаѓачи и неможеме да одлучиме кој е подобар, кој би играл во нападот:) Голманот, одбраната и нападот беа проблем минатата година, го решивме тоа со засилувањата во летниов период, освен на голманската позиција, но мислам дека се додека имаме солидна, цврста одбрана нема да имаме ни многу киксови кај Алмуниа... следен противник Сандерленд, според мене го победуваме со најмалку 3 гола разлика ;):)
 

gooner4life

Arsenal-Maniak
Член од
11 јули 2008
Мислења
7.037
Поени од реакции
1.567
^^ не се затрчувај , сите би сакале да го победиме ако може и со 6-0 и тој , но сепак Сандрленд покажува карактер последниве 2 сезони, и знаеме ќе биде тешка станица за топџиите , но со добра игра и посветеност како на претходните неколку меча , верувам во тимот дека може да ги порази!
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.547
Поени од реакции
5.772
Сега да се разбериме, дека Ван Перси е подобар и подобро технички поткован.. Но, Чамак игра за тимот и негова работа е токму она кое што го прави, а досега го прави супер... Држи 2-3 играчи околу себе, за Волкот и Аршавин да постигнуваат голови... Не би ме чудело, доколку ниту Ван Перси, ниту Чамак не бидат најдобри стрелци, туку еден од крилата, па јас типувам дека Аршавин оваа сезона би можел да оди на +20 голови... Но, дами и господа, забораваме еден важен играч... Да да, погодувате, нели..................
















.................. Никлас Бендтнер.....

--- надополнето ---

"People will say to me: 'Why did you let him go? Look at what a good player he is.' But if you don't play him [he will go] and that's the tricky situation of developing young players. First you have to scout them, then give them a good education but the final part is to be strong enough to say 'I will give this boy a chance to play'.

"The first two stages are not too difficult but the third stage you have to be strong, to face the critics and the people who want always the best players in the world and to say 'No, I believe in you, I will give you a chance.' And I believe if we can be proud of one thing we did in recent years, it is that we have done that very well with a lot of support from the Board.


Како да не го почитуваш овој тренер.... Мислам дека Венгер е единствениот кој не купува ѕвезди, туку ги прави... Јас друг не познавам таков во светот....
 
Член од
4 септември 2010
Мислења
439
Поени од реакции
148
Да да, подзаборавивме некако на Бендтнер, но доколку Венгер ја игра оваа формација со 1 класичен напаѓач незнам каде би се вклопил тој. Ако дај боже немаме повреди на таа позиција, не верувам дека тој би влегол пред РвП или Шамак(зависно од тоа кој од овие стартува).
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.547
Поени од реакции
5.772
Но сигурно ке добива прилика... Кога ке дојди брз ритам на натпревари, таму на Боксинг Деј, е тогаш и тоа како ке требаат играчи...Иако Никлас осекам дека ке добие шанса и порано т.е коа ке се врати во игра, од повредата... Се на се, се надевам дека ке се врати троа позрел и подобар, но мора да признаеме дека лани, тој не одржа во битка за титулата, со неговите доцни голови, против Хул чинам и против Вулвс, ако не се лажам...

Се надевам дека ке има место за сите, а осекам дека и Вела оваа година ке даде многу... Мислам дека Лоџикс, најповеке веруваше во него, за разлика од мене кој бев скептик дека оваа година може да даде нешто повеке...Се гледа дека има работено на реализација, на финиш на акција, што е одлично... Фантастично е чувството што знаеш дека во твојот тим, апсолутно секој фудбалер може да посгитне гол, или пак 95% од играчите... Секоја акција е опасна, и од секое излегвање пред голот, можиш да очекуваш гол... Уште еднаш респект кон Лоџикс, кој некако, низ постови, кажа дека Вела, може да биде големо засилување оваа сезона...


Поздрав
 

Gunner4ever

Vive la France
Член од
14 ноември 2009
Мислења
663
Поени од реакции
130
Jas ovaa sezona mislam deka bentdner ke ima top forma i ke go stavi vo senka RVP posto povtorno ke bide povreten a i chamakh ke ima problemi so nego vo toa sum siguren! Radi dete sto mu se rodi ne radi nesto drugo :) :) :) :)
 
Член од
7 јули 2009
Мислења
1.228
Поени од реакции
28
ARSAVIN 1 Gol 3 Asistencii FENOMENALNO,Fabregas 2 gola 2 asistecii FENOMENALNO,Chamakh za prv pat da me zadovoli so igrata vo napad iako uste treba da raboti ! VEla TOp kako Uvek ! Ednostavno Site bea na nivo samo toj Vilser zavrsnica nema nikakva ama bash nikakva zavrsnica ! Ednas iskoci sam so golman u ofsajd koa bese go utna golot za lopceto i togas arsavin koa mu namesti u igra(kako so imase u 10 takvi namesteni topki) ZVEROVIIIIIII ajde sea na sanderlend da mu se pokaze kako se igra fudbal i na CELZI bez celzi nisto !
 

Логикс

Gooner
Член од
17 септември 2007
Мислења
7.358
Поени од реакции
2.290
Колку толку се разви дискусија,а?:))
Шамак е играчот кој недостигаше во тимот,одличен досега.Доминантен во воздух,цвст во одбрана,добро се поврзува со соиграчите,одлично ротира со крилата и притоа отвара простор кои крилата треба да го искористуваат.:))
РвП,е можеби и најтехнички поткован играч во тимот,ако влезе во добра форма,сепак мислам дека Венгер ќе го игра пак во првите 11.Сепак како што кажа еден член погоре,кога ќе е потребна повеќе цврстина,кога играме против тимови како Стоук,Болтон етц...Шамак е вистинскиот избор,нека продолжи во ист ритам дечкото.:))
Нашиот втор напаѓач во моментов,Карлито Вела,покажува феноменални игри.3 гола досега од клупа,воодушевува неговата завршница и смиреност пред голот,но головите му беа на веќе добиени натпревари,сакам да видам како ке се покаже кога ќе биде под притисок и ќе треба со неговиот придонес да се добие утакмицата.Верувам во детево.
И остана уште Никлас Бентнер,човекот кој лани не извади неколку пати од гомна во последните минути.Последните вести што ги прочитав за него беа дека тренира со топка и дека набрзо(очекувам за некаде околу 2 недели) да биде пак во составот.За разлика од лани,кога за конкуренција ги имаше новиот* Едуардо,Аршавин(лол) и Вела,оваа сезона има многу поголема,Шамак(имаат слична игра и двајцата,само што Шамак ти е апдејтувана верзија и помодернизирана,верувам дека за 3/4 години и тој ке го достигне тоа ниво),Ван Перси(дај боже да е здрав и жив) и повторно Вела(но овој сега има Светско зад него,со малце повеќе искуство,и ќе ги добива минутите што лани ги играше Едуардо).Ќе видиме дали ќе може да избори место во тимот,иако гледајќи во каква форма се Вела и Шамак,па и кога ќе се врати РвП,ќе му биде доста тешко.Но ќе тренира повеќе и со тоа ќе стане подобар играч.

*-после повредата.

--- надополнето ---

Друго прашање,кој преферирате да биде партнер на Вермален ( кога ќе се врати ) и зошто?
Дали Скилачи,веќе докажан дефанзивец,со доста искуство или пак Лорен,анонимец,кој иако направи 2 кикса досега,ако ги ставам на страна,мене ме импресионираше со играта,цврст во скок дуелите и одлично ја чита играта.

Инаку Венгер одговара на прашања на акционерите,па ќе пастирам некои интересни прашања и одговори.
 
Член од
30 јули 2008
Мислења
4.320
Поени од реакции
2.846
Уф Скилачи или Лорен? Навистина дискутабилно. Од сега тоа што го видов сигурен сум дека Лорен може да се носи во ПЛ. КОга би ги споредувал нив двајца би кажал дека двајцата одлични се во скок дуели, каде можеби за нианса поагресивен ми изгледа лорен, а и двајцата одлично ја читаат играта. Е сега на скилачи предност би му дал во искуството а на лорен во брзината и простор за напредување.

Е сега за партнер на Вермален сеуште незнам како ќе се согласуваат Вермален и Скилачи. Сеуште немаат заедно изиграно. Вермален некако како да е посигурен или постабилен кога има поискусен играч до него во тој поглед можеби би дошол Скилачи, но најмногу ме изненади кај Лорен тоа што ја носеше одбраната како "постар" играч доста смирено и агресивно но чисто (иако направи грешки кои сепак не ми изгледаа како да се направени од паника). Сепак агресивноста и желбата за докажување кај Лорен би го ставиле за нианса пред скилачи, бидејќи сепак Скилачи сеуште нема многу изиграно. Сепак на крај Венгер ќе одлучи.

Значи јас би сакал Лорен но и да е Скилачи нема да ми смета доколку продолжи со ваквата игра.
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.547
Поени од реакции
5.772
Јас би сакал тоа да е Лорен, како партнер на Вермален... Но, мило ми е што имаме два квалитетни дефанзифци и не можеме да се одлучиме за тоа кој ке игра во тимот.... Вермален, е третиот, но тој е класа за себе....

Едно превју за утре.... Иако Сандерланд лани не победи, оваа година, очекувам Арсенал да покаже заби, баш против тие екипи од кои беше поразен или одигра нерешено, иако беше фаворит... Стив Брус, кој го почитувам многу заради својата играчка кариера, мислам дека ке игра со двајца напаѓачи, иако Гијан, ке биде позади главниот напред, веројатно Бент, не знам за кој би се одлучил... За нас, не вервам дека ке има големи промени во тимот, едино можно е Денилсон да е стартер, но најверојатно би почнал со Вилшир... Па средниот ред би бил вака : Сонг, Вилшир, Фабрегас, Аршавин, Росицки/Насри и Чамак... Сега Сандерленд не е екипа како што беше лани, но Стив игра цврст фудбал и гледа да не прими гол, а ако е можно и да даде, е премија со вака појаките екипи....„Стадионот на светлината“ веројатно ке биде преполн, па уште една инспирација за нашите момци да им вратат за поразите во последните 2 години...

Утре, во живо, на спортклуб плус, во 18 30, или снимка на спортклуб во 21 00...

Поздрав
 
Член од
2 август 2009
Мислења
975
Поени од реакции
380
ајде еве и од мене едно мислене

според мене прв напагач мислам дека треба да биде чамак поради тоа што тој со себе носи неколку играчи и отвара многу простор за крилата волкот и аршавин,а они двајца за сега тоа ммногу добро го користат заедно со фабрегас у позадина но не само поради тоа туку и поради тоа што е по цврс од ван перси

у одбрана покрај вермален мислам дека би требало да биде скилачи поради тоа сто има искуство , а кошиелни мислам дека ке треба да поработи усте малце оти направи два кикса и ние од тие 2 кикса примивме гол

за утрешната утакмица не очекувам да се распукаат како со брага,мислам дека се доста цврс тим у одбрана а и лани не тепаа на нивни терен,ама сепак годинава ке им вратиме

утрешниот состав мислам дека би бил ист како оној со брага оти не верувам некој да го одмара на ваков заебан натпревар
 

Sura

Gooner 4 Life
Член од
6 мај 2010
Мислења
3.422
Поени од реакции
1.923
И јас повеќе би сакал да игра Лорен заедно со Вермален. За среќа, киксовите на Лорен не влијае многу на резултатот и се надевам нема да се повторат. Иначе дечкото ме изненади, борбен, јак во воздушни дуели, баш она што ни требаше. Конечно може да се каже дека имаме и добра клупа, па може добро да се ротира......
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom