Не ја гледав цела но повеќе од 50% ја изгледав и најмногу што ми остави позитивен впечаток е враќањето на Волкот и добрата партија прикажана од него и добро е што продолжи онаму каде што застана поточно со постигнување голови. Друго браво и за бентнер некако доста мотивирн ми изгледа и доаѓањето на Шамак дефинитивно ќе го мотивира многу повеќе.
Од тоа што го видов (повеќе во второто полувреме) Ебуе изигра доста солидно и на левата бековска позиција и мислам дека е можеби најуниверзален играч кај нас и имам преголем респект кон него
Инаку Картер во средината не беа Цеск (освен во второ), Сонг, Насри Аршавин, а беше само Росицки од искусните и денилсон, така да не ме изненадуа таквата игра на средина.
Значи моментално од повредени останаа Ван Перси и Вермален и новиот повреден Гибс.
Како и да е одличен резултат и нека продолжат без повреди и успехот ќе биде неминовен.