Можеме ние и без Фабрегас, тука е Бендтнер.
Дефинитивно прераснува во клучен играч во тимот. Неговото присуство во шеснаесетникот е од огромна помош за Аршавин, Фабрегас, Насри, Росицки и останатите. Сега конечно имаат таргетмен кон кој ќе ја упатат топката. Пред да се врати Николче од повреда, Аршавин беше изгубен во самиот шпиц, сега кога се врати на својата природна позиција и има за кого да игра покажува многу подобри изданија.
До крај нема да има лесни утакмици, иако сите велат дека за разлика од нашите конкуренти ние имаме полесен распоред (џабе кога штетата со четирите текми со Вила, Ман У, Челски и Лузерпул веќе е направена).
Дома
1. Вест Хем - градско дерби, секогаш незгодни без разлика на нивното место на табелата, се борат за опстанок.
2. Вулвс - малце голови даваат, ама како и Вест Хем се борат за опстанок, нема што да загубат на Емирати.
3. Манчестер Сити - трипати загубивме од нив сезонава, ќе не посетат Тејлор, Силвињо, Туре, Виеира и Дрвојор.
4. Фулам - уште едно градско дерби, котаџерите слабо играат на гости али понекогаш знаат да изненадат.
Гости
1. Бирмингем - последниот пат на Сент Ендрјуз беше кобно по нас а и по Дуду, овојпат имаат одлична сезона.
2. Кокошките - пациенти веќе десетина години, овојпат се борат за ЛШ ама знаеме ние како против нив.
3. Виган - среќа што поставија нов терен, стариот им беше како изорана нива, откако дојдоа во ПЛ само еднаш направија проблем.
4. Блекбурн - Биг Сем и неговите експерименти, Самба во напад и не би требало да има проблем.
Само со Блекбурн и Вулвс очекувам да немаме поголеми проблеми, на останатите шест ќе биде жешко - not for the faint hearted.