Добра утакмица, совршена за подобрување на фитнесот.
-Дуду, па зарем има некој што прерано го отпиша. На дебито после операција дава два неверојатни, клинички, изработени гола. Од кога Арсенал немаше дадено гол од слободен, Дуду е новата сензација, само да остане фит.
-Бендтнер, многу подобрен од минатата сезона, 4 гола за 100 минути. Не е лошо, се подобрува.
-ван Перси, отсекогаш сум се восхитувал на неговата техника за изведувањето на пеналите. Секогаш храбар и самоуверен нишани во горниот агол.
-Траоре, одлина техника, брзина, центаршут, штета што нема да биде стандарден, но ако Клиши и Гибс забушаваат тогаш...
-Вилшер, само 17 години има а веќе скоро секогаш сака да ја заврши акцијата во стил, штета што среќата не беше на негова страна.
-Шчежни, после повредата покажа дека еден ден ќе може да игра фудбал против најголемите напаѓачи во светот.
-Останатите, солидни.
Росицки тренирал сам, не бил подготвен па затоа не играше денеска. Туре и Ебуе играа во првото полувреме, дали ова им беше еден вид проштален натпревар или стандарден ќе дознаеме наскоро.