A glejte on so vika:
Фудбалски вести
Адебајор: Го оставив срцето за Арсенал, а тие ме продадоа
Како што е познато, напаѓачот на Арсенал Емануел Адебајор, уште пред неколку дена премина во Манчестер сити, но се' уште не може да се помири со начинот на кој го испратија старите пријатели.
„Се вратив од одмор, а на првиот тренинг ми кажаа дека ја прифатиле понудата за мене. Го прашав Венгер зошто сака да ме продаде, а тој ми кажа дека на Арсенал му требаат пари. Никогаш не сакав да заминам, но ете среќен сум што Арсенал ги доби своите пари. Се надевам дека паметно ќе ги потроши“, изјави Адебајор, кој е скршен и поради односот на навивачите. „Постигнав 30 гола за Арсенал пред две сезони и не сум виновен што Милан, Барселона или Реал сакаа да ме купат. Така не се завртеа против Фабрегас кога Барселона покажа интерес. Кога еден фудбалер игра добро нормално е да го бараат други клубови. Навивачите тоа никогаш не го разбраа и не можам да сфатам зошто ми се налутија. Го оставив срцето за Арсенал, го дадов најдоброто од себе, а нивното однесување кон мене навистина е лошо“, откри што го мачи најмногу Адебајор, кој мина три и пол години во Арсенал.