Фан Клуб: Јувентус

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.633
Поени од реакции
81.565
Ај да му го земам лебот на @DeviAngel :icon_mrgr:

- Фабрицио Романо пишува дека Кедира побарал од Паратичи да го стави на трансфер листа. И покрај тоа што сме сакале да го задржиме, играчот сакал да се проба во ПЛ...договорот со Јуве му е до 2019.

- Повторно шпекулации за Верати како и секое лето, нешто налик Интер и Лавеци </3

- Според Тутоспорт Алекс Сандро решил да остане во клубот, ама цената за тоа ќе биде нов договор и мнооогу подебела плата од околу 5 милиони евра по сезона.

- ЏЧан иде на медицински прегледи одма по финалето во ЛШ.

- Алегри останува и нареднава сезона, а тоа значи и Валентина нема да мрдне нигде :sneaky:

И Маркизио си оди?
Има такви шпекулации, али ништо посериозно...
 

JUVE_Ultras

Ragazzo della piazza
Член од
22 септември 2010
Мислења
2.451
Поени од реакции
3.968
Дежа ву,иста атмосфера како што беше за Дел Пиеро пред 6 години :place::(
 

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.101
Поени од реакции
16.303
Не го гледам мечот јас. Еднаш ќе ми пукнеше срцето со АДП втор пат неќам.
 

Mr.47

Juve Fan
Член од
29 јули 2008
Мислења
10.009
Поени од реакции
6.040
Овој па Лихтенштајнов, наместо да ја разнесе за крај, ниско и лагано.... :D
 
Член од
21 август 2008
Мислења
5.204
Поени од реакции
953
Епа момци дојде и тој момент, после Алекс големиот Џиџи дојде до крај на своето патешествие со јуве. а можеби и последно во кариерата. Па сега, дали ќе на некоја функција во јуве ке видиме. Доста емотивен момент не само за фан на јуве туку општо за секој кој има малце разбирање за каков голман станува збор. Секако дека од наредната сезона ќе биде чудно да го гледаме Јуве. мислам дека,Марота Патарчи и Недвед знаат сеа. една голема ера на големи играчи помина. Сега на нив е да го воздигнат јуве поново како некој феникс. по сите имиња што се шушка не чека пеколно лето епа управо на вас е .
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.633
Поени од реакции
81.565
Тоа е Џаци, си замина и најголемиот меѓу стативите... полни 17 години во дресот на Јувентус, а како активен играч од 1995 година, побогу некои од вас не ни биле во план кога Џиџи почнал да брани за Парма :D. Еве го уште малце ќе оди во пензија и сеуште го држи рекордот за најскап платен голман, што во денешно време каде цените се кренати до таван навистна е за почит. Џентлмен човек, секогаш насмеан, мачка на голот, лидериште во одбраната. Последниот од оние големи играчи што останаа во Серија Б за Јувентус, а тогаш беше на врвот на својата кариера... потег со кој за навек ги освои симпатиите на сите Јувентини и љубители на фудбалот и спортот. Како беа, Дел Пиеро, Каморанези, Недвед, Трезеге и Џиџи. Не се раѓаат веќе вакви големи фудбалери.
Ми беше чест што го гледав во живо барем 90 минути кога гостуваше Италија овде, навистина се уверив со свои очи какво човечиште е, кога при влегување на теренот во второто полувреме цел стадион стана да му даде еден аплауз, овации, ежење, а тој со крената рака не поздрави сите на Градски...људиња бре :cuc:.
Ќе остане горчината за трофеј во ЛШ, али многу големи имиња не го освоиле тој трофеј, нема да биде ниту прв ниту последен. Важното е што остави еден поголем белег за еден клуб, за нивните навивачи ширум светот... децата сеуште кога играат фудбал на улица го спомнуваат неговото име. Не постојат за тие 10 годишни деца Де Геа, Наваси, Хандановичи... само Џиџи Буфон при секоја одбранета топка. Е толку е голем како човек, што и во 40та година сеуште е на врвот во фудбалот.
Што и да напишам ќе е залудно за овој човек, ај барем достоинствено го испративме со два трофеја. Незнам дали ќе продолжи да брани, али кога ќе се одлучи да ги стави копачките на клин, мора, ама ЕДНОСТАВНО МОРА да му се даде некаква функција во клубот. Капитениште е бре, лидериште, кај и да појде шири позитивна енергија. Човек кој секој тим би го посакал.

Џиџи ти благодарам за сите моменти што ми ги пружи...ти, Дел Пиеро, Недвед и останатата барга на играчи... е ради вас го засакав Јувентус. Вие имавте нешто што ниту еден друг тим го немаше. Тоа пријателство, тој жар за победа на теренот, таа игра, и кога хејтерите и гомнојадците ликуваа тој период кога беше најтешко да си Јувентино, вие покажавте заедно зошто сте поголеми од сите други, зошто неможат на малиот прст да ви се фатат. Покажавте како се сака еден клуб. Точка.

Уште еднаш, ви благодарам. Џиџи... капа доле :cuc:



 

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.057
Поени од реакции
17.751
Немав намера да се распишувам, ама Шики ме подбуцна на негов препознатлив начин (I see what you did there :icon_lol: со оние непланираните).

Замина и Буфон според мене во сосема правилно време, со полни 40 години од кои 17 на голот на Јуве. Одложувањето на неопходното може само да ги влоши работите, една сезона повеќе или помалку на голот никако не може да влијае врз целокупниот впечаток. Искрено да ви кажам јас не чувствувам некоја суштинска празнина поради тоа што Буфон не освои ЛШ со Јуве, секако дека ќе го сакав тоа и секако дека сонував за истото, можеби некогаш сум напишал или кажал дека тоа мора да се случи, ама сега кога размислувам сфаќам дека сум згрешил. Буфон е повеќе од било која титула, врзувањето на неговото време и неговиот квалитет со една титула која што не ја освоил ми стои некако премало. Што знам, дури безвредно.


Според мене една од неговите индивидуално најдобри партии последните неколку сезони, каде што беше тестиран до максимум ама на 38 години покажа агилност и движење на млад голман од 20тина. После оваа утакмица имаше еден доста интересна изјава, како одговор на критиките што му ги упатуваа констатно медиумите. Се зборуваше за негов фудбалски "погреб", тој врати со таков настап и рече дека на погребот сепак никој не се појавил.


Една од работите за која отсекогаш најмногу сум го ценел се изјавите и зборовите без никаква дипломатија и извртување. Кога бевме очајни на почетокот на 15/16 сезона после поразот од Сасуоло излезе и ги направи сите партал до еден, буквално ја преобрна сезоната. Се сеќавам кога загубивме од Баерн некој нивни челник го нарече старец за во пензија или нешто слично, али Џиџи секако сам си рече дека е свесен за грешките и дека за среќа има кој да го критикува. Секогаш се одликуваше со самокритика како за тимот така и за самиот себе, прав капитен кој што не ги затвараше очите пред ниеден проблем. Ми текнува Оскар кога му даде јак гол во 2012 еден новинар се обиде да го испровоцира, тој едноставно си кажа чест ми беше да бидам дел од ваков гол, односно да примам таков гол :cuc::cuc:

Реакцијата против Реал сезонава јас ја разбирам комплетно, осети огромна фрустрација, ама некни на пресот рече дека кога би го видел Оливер сега би му се извинил и дека реакциите на мечот како и оние после истиот биле претерани.

Ањели некни пак ги спомена Дел Пиеро, Недвед, Буфон, Трезеге, Каморанези и Киелини како играчите кои 2006 останаа со тимот. Јас мислам дека своевремено никому не му беше доволно јасно всушност што тоа значеше. Буфон на негови 28 години, како еден од најдобрите голмани во светот остана да брани за клубот во втора ебена лига со -98213091831 поени. Прелесно би било да се оправда и спротивен потег од тоа, абе кариера да гради, абе да мисли на самиот себе и така натаму. Јас секогаш сум велел не мораше и не можеше сите да останат во 2006 година, ама затоа во животот се паметат оние кои останале. Во таквите моменти се гледа кој е големиот а кој малиот. На крајот оние кои заминале кога тоа било најлесно да се направи, ќе се удават во сопствените предолги и некогаш очајни оправдувања.

Оти тоа што Буфон и Дел Пиеро го доживееја на теренот на нивните последни утакмици, возрасни луѓе на трибините (и надвор од нив) да рикаат како магариња, е тоа не може со ниеден трофеј, пари и слава да се купи. Едноставно почитта и восхитот во животот се бесплатни, не може да бидат сосила дадени или земени. Оние кои го заслужуваат тоа ќе го добијат спонтано, оние кои не ќе си останат со трофејот или парите како нивна утеха.

Јас пораснав со Буфон на голот, ќе ми биде чудно чувството дека го нема на располагање. Ама како што вели Џиџи, Јуве е преголем за да зависи од еден играч. Но, јас би му рекол дека Јуве е преголем токму поради таквите како него, оти клубот покрај се друго го красат неговите најистакнати играчи. Што и да додадам друго не сум способен да доловам нешто повеќе, едноставно нека му е со среќа понатаму во кариерата (ако ја има) и да знае дека од фан на Јуве каква и одлука да донесе ќе има 100% поддршка.
 

Маршалот

Bianconeri
Член од
29 декември 2009
Мислења
2.090
Поени од реакции
2.393
Јувентинките го освоија скудетото во својата дебитантска сезона. Совладана Бреша на пенали.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom