Инаку треба да се потенцира дека играчите кои медиумите во Италија ги критикуваа и нападна се главни актери на мечевите на Јувентус.
Само да се вратам малку назад со Артуро Видал кој дојде како `непознат` од Леверкузен , иако мене ми се допаѓаше од таму како играше со срце , па исто и со Барзаљи кога дојде кај нас , па со Тевез и со Љоренте кој не играл во Билбао и тн.
Џузепе Марота направил доста работа , и Конте исто така за овие `изгубени` играчи да им вратат на сите што ги критикува цело време , а за Марота секое благодарение и со Погба и со овие што сум ги спомнал , успеа човекот за малку сума на пари да ги земе во Јуве , тука е и Пирло , сакам да кажам сме победиле 2 години во низа во Италија , 2 СуперКупови на Италија , другите како Наполи со Хигуаин потрошија 40 милки, а ние со Тевез-Љоренте само 10 милки , овие ти се трансфери , секоја чест за Марота и другите , 2 години доминираме во Италија , и оваа година сме во добар пат да славиме .
Сепак и Марота грешил со Красич , со Мартинез , Мота , ама според мене тогаш беше виновен Дел Нери кој упорно ги бараше овие крилни играчи за неговата идеологија на игра .