Фан Клуб: Јувентус

Niggersinparis

добро вече
Член од
28 август 2012
Мислења
2.457
Поени од реакции
1.999
Иначе Погба многу се понаша како Пирло, излеа незнае дека треба да изеде уште многу жаби... си потрчнува у наша половина не се отвара имаше некој добри потези ама треба поише да се отвара и да прати и по некој поопасен пас он не се обиде само еднаш, и мора Бонучи да влага со топка добро влагаше бонучи иначе....
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
Ѕвер беше Погба бе, подобар е во дефанзивните задачи од Пирло, како само бркаше и освојуваше топки...
 
F

FuckYouAll

Гостин
Многу ми е мило за Ква Ква, не избега летото туку остана да си се борит за место во првиот состав и на крај си го заслужи.
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
Ми се допаѓа тоа што полека полека Ква Ква си ја враќа формата од пред повредата ... Се надевам ќе продолжи во исто темпо и нема да ни биде потребен класа напаѓа, пошто мислам дека веќе го имаме..
--- надополнето: 22 септември 2012 во 23:07 ---


Имало и наши таму :D
Па да бе, Ивица Јуве ( Ивица МЈК) беше таму од форумов ...
 

Daniel.

Juventino per sempre
Член од
18 август 2009
Мислења
620
Поени од реакции
356
Ми се допаѓа тоа што полека полека Ква Ква си ја враќа формата од пред повредата ... Се надевам ќе продолжи во исто темпо и нема да ни биде потребен класа напаѓа, пошто мислам дека веќе го имаме..
--- надополнето: 22 септември 2012 во 23:07 ---


Па да бе, Ивица Јуве ( Ивица МЈК) беше таму од форумов ...
Па ќе чекаме впечатоци ;)
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
Не сме интересни веќе ..... :cool:
Епа го ставија во џеб Пелисиер и ја завршија 70% од работата нашите дефанзивци.. Јас не видов ниеднаш сериозно да се заканија магарињата ... Додека пак голманов на магарињава блескаше со одбраните, сигурно со петарда ќе се вратеја да не спасеше толку топки....
 

JUVE_Ultras

Ragazzo della piazza
Член од
22 септември 2010
Мислења
2.451
Поени од реакции
3.968
Како и минатиот натпревар со Џенова,Јуве одигра фантастично второ полувреме со кое си ја обезбеди победата на овој меч.Добро е што им се даде шанса на Погба и Исла од почеток,па и на Бентнер во последните 15-20 минути.
По мене,од сите најмногу потфрли Џакерини денеска,кој не можеше еден пас да сврзе на средината.Далеку беше од оној Џакерини од минатата недела,од гостувањето во Џенова.Можеби ќе беше подобро да се почне со Мароне на таа позиција,или да влезеше во второ Мароне кога веќе потфрли Џак.

П.С Што стана со Пепе,одамна требаше да се врати назад на терените.Се повреди на 23 Јули и требаше според прогнозите да се врати негде за 3 недели.Не можам да најдам некоја информација дека пак се повредил :confused:
 

Vetrence

...believe in yourself! :)
Член од
2 јули 2007
Мислења
7.469
Поени од реакции
676
Иначе Погба многу се понаша како Пирло, излеа незнае дека треба да изеде уште многу жаби... си потрчнува у наша половина не се отвара имаше некој добри потези ама треба поише да се отвара и да прати и по некој поопасен пас он не се обиде само еднаш, и мора Бонучи да влага со топка добро влагаше бонучи иначе....
Погба играше како DM (defensive midfielder) што има за задача ДА ГИ РАЗБИВА НАПАДИТЕ НА ПРОТИВНИКОТ И ДА ОДЗЕМА ТОПКИ . За креативност го имавме МАРКИЗИО,а ПОГБА играше на местото на Видал ако не виде :)
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.992
Поени од реакции
5.608
Одличен Јуве, и како и претходните натпревари, така и на овој, во второто полувреме изиграа многу подобро

Буфон - 2 шута кон неговиот гол, 2 одбранети.
Лусио/Бонучи/Киело - Цела одбрана одигра за чиста 10ка Одлична партија на Лусио, со оглед дека му е прв официјален настап за Јуве. Многу дуели доби на искуство.Бонучи и Киело без коментар! Одлични
Асамоа - После Ква, најдобриот играч на Јуве на натпреварот. Буквално го има секаде на теренот, моќен во нападот, одличен во одбраната.
Џакерини - Добра партија и на Џак, ама најголем проблем му се завршниците. Знае убаво да се ослободи, да создаде простор ама кога ќе дојде да го направи последниот потег (независно дали шут или поддавање), често пати греши.
Маркизио - Првото полувреме беше послаб, но второто беше стариот добар Маркизио. Беше вклучен во акциите за двата гола.
Исла - Со оглед дека зад себе има долга пауза неиграње, и овај му е прв натпревар во дресот на Јуве (ако не сметаат оние 10-15 мин. против Челзи), не изигра лошо. Како што изјави и Карера после натпреварот дека е потребно време Исла да се врати во натпреварувачка форма, а неговата класа е очигледна, пасот до Вучинич за голот од офсајд беше маестрален.
Погба - Прв натпревар, ново првенство, нов клуб, и згора на тоа му ја дадоа улогата на Пирло, и како за прв натпревар одлично се снајде. Неколку пасови погреши, но се гледа неговата класа. Му требаат натпревари во Италијанското,да стекне малце искуство во новата средина и ќе биде доста квалитетна опција за во средината.Позитивни оценки има од скоро сите Италијански медиуми за неговата игра.
Кваљарела - Ква беше играч на натпреварот. Според покажаното досега, тој и Вучинич треба да се првотимци во овој Јувентус.
Вучинич - Иако не постигна гол, немаше напад на Јуве а тој да не игра круцијално значење. КЛАСА!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom