Јебига да тепавме сеа,следно коло можевме да ја прославиме титулата,али што е тука е.
Не мислам дека им ја пуштивме намерно,ја видовте ли реакцијата на Конте после примениот гол.Не дека Италијанциве не праат дубари,али во позиција кога се бориш за титула на 3 кола пред крај да им пушташ на Лече бод,ми нема логика.Да изгубевме океј,али бодов на Лече,според мене до крај ништо нема да им значи,ќе треба ептен да им се наместат коцките за да останат во Серија А.
Ова беше чиста грешка на Буфон,кој 2 пати си играше така во шеснаесетник и на крај се изгоре.Се случува и на најдобрите.
Повеќе ми е криво што не си ги искористивме шансите кои ги имавме во изобилство,отколку овој кикс на Буфон.Знаев дека ќе ни го спопикаат на крај,после толку утнати шанси и против третолигаши да игравме ќе примевме гол.Едноставно недозволиво е на домашен терен се до 90 минута да се плашиш за тоа како ќе заврши мечот.Против многу појаки екипи сме играле поубедливо,а овие босиве денес требаше со минимум 3 гола во мрежа да си идат.
Сега веќе немаме право на грешки,си направивме драма и сеа ќе биде интересно до крај
.Познавајќи го Конте не мислам дека ќе паднат на психолошки план,па во следниве две кола очекувам да играат најмотивирано до сега.
Се е во нивни раце сеа,наше е само да се надеваме на најдоброто можно сценарио...