Велат дека најдоброто останува за накрај,а изгледа дека Марота ќе не почести со првокласно појачање.Станува збор за Францускиот ас Флорен Малуда,еден од најдобрите играчи на Челзи.
Како што пренесува Тутоспорт,договор со играчот е веќе постигнат а договорот би бил за три години исто како и во случајот со Пирло.Останува уште договор со управата на Лондонскиот клуб,но како што пишува торинскиот дневен весник не би требало да има проблем.
Фактот што Челзи го донесе во своите редови Мата за сума од 28 милиони фунти,играч кој игра на истата позиција како Малуда и тоа што озбилно се зборува за премин на Модрич во Челзи веќе ја пополнува алтернативната позиција на Малуда.Цената на новодојдените играчи сама им наметнува приоритет во однос на Французинот.Со обзир на тоа дека Малуда има 31 година,Тутоспорт тврди дека цената не би требало да изнесува повеќе од 5-6 милиони евра.
Со најаваното засулување во одбраната(Лугано,Алвес,Алекс)овој трансфер би заокружил успешна трансфер кампања на Јувентус ова лето.Сите клучни позициии би биле пополнети,додека скокот во квалитетот би требало да се оправдува на теренот што на крајот од сезоната би резултирало со многу подобар успех за разлика од претходните две сезони.