Фан Клуб: Јувентус

Член од
21 август 2008
Мислења
5.204
Поени од реакции
953
јувентус џенова 3 2 со головите на пепе матри и тони за јувентус а за џенова бонучи авто гол и играчот кој беше споменуван во зимкиот преоден рок флоро флорес натпреварот започна лошо за играчите на јувентус со авто голот на бонучи уште во првите неколку минути како одминуваше натпреварот играчите на јуве го имаше поседот на топка но не беше доволно за гол конечно во 50 мин од натпреварот со голот на пепе израмни јуве но само седум минити подонца ново водство за џенова па потоа јуве направи пресфрт со головите на матри и тони дури и заслужена победа со оглед на бројните шанси со ги имаше тимот на јуве
 

Mr. Mojo Risin'

Porka de Majorka
Член од
14 септември 2008
Мислења
3.528
Поени од реакции
4.430
Честито и од мене и ајде Лацио нека извади нерешено или пак Амаури и Џовинко нека играат за нас и нека ги земат сите три бода од Олимпико хехе.
Жално е што се радуваме на 4то место навистина не ни личи,но што е тука е 4тото место ни е спасот за да конечно излеземе од овие гомна.
Денеска според мене најдобри беа ПЕПЕ, МАРКИСИО, БАРЅАЉИ,МАТРИ и они се најзаслужните за победава.
Би било повеќе од идеално да се победи Фиорентина на гости па потоа и Катанија за да влеземе со некаков баланс или можеми плус во директниот дуел против Лацио.
 

Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
78
4то место беше приоритет за сезонава,а АКО се успее да се земи ќе биде огромна добивка и значење за иднина...

иако целосно повлечена Џенова успеа да дај 2 гола и на два пати да води,за среќа тука беа расположените Пепе и Матри помогнати од Красич и Аквилани пред сите и се направи целосен пресврт....Дел Нери ја менуваше формацијата во текот на натпреварот и направи одлични измени денес со вадењето од игра на Мота и Мело,но ако Пепе немаше проблеми со некоја повреда или голем замор не знам зошто би го вадел од игра.....Се на Се играта доби преодна оценка,за Мен оф Д`меч слободно може да се стави МАТРИ
 

Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.247
Поени од реакции
8.161
Многу тешка ама во исто време и многу важна победа. Што би рекол Бенитез, покажавме карактер:pos2:.Победава ми покажа дека Јуве се уште покажува знаци на живот, се уште дише. Изгледа дека нема се да е така црно во иднина како што претпоставувавме. Потребно е да се пополнат дупките во одбраната и можеби и ќе биде нешто од наш Јуве.
 
Член од
17 февруари 2008
Мислења
53
Поени од реакции
5
Да не беше асистенцијава на Аквилани сега ќе пцуевте све живо и диво
Хаха, не бе ич не беше случајна асистенцијата, уопште немаше намера да додава до Тони, ама ај нека е.
 

HULK

Black & White Fighter
Член од
12 август 2008
Мислења
1.897
Поени од реакции
1.212
Ќе ме умрат овие еден ден, кога ја стегна Цветко на крај реков готово е, но за наша среќа профуче топката над стативата. Најзаслужен за победава е дефинитивно Пепе, најборбен играч кој мора да се откупи на крај на сезона, едноставно не застана човекот, секоја му чест. Тука ќе ги додадам и Матри кој игра стандард добро и критикуваниот Тони кој еве се покажа како вистински џокер натпреваров. Дел Нери уште еднаш покажа дека не е за во Јуве, и главен проблем ни е кондиционата спремност на играчите, многу бавно оди се. Одбранава ни е како швајцарско сирење но што е тука е, зедовме 3 бода и мора да се искористи ова што се доближивме на само -5, до вчера шансите ни беа никакви но еве сега станува доста интересно :)
 

Маршалот

Bianconeri
Член од
29 декември 2009
Мислења
2.091
Поени од реакции
2.398
Многу тешка победа денес извоивме.Конечно направивме серија од 3 победи,сепак можеше и повеќе голови да дадеме но Едуардо имаше свој ден.Мило ми е што Матри и Тони се запишаа во листата на стрелците а Пепе беше играч на натпреварот.Следниот натпревар имаме тешко гостување против Фиорентина.Се надевам ќе се вратиме непоразени,но мора играта борбеноста и желбата за победа да ни бидат примарен двигател во натамошните утакмици.Нека ни е честито победата и Форца Јувентус.:icon_lol:
 

Mr.47

Juve Fan
Член од
29 јули 2008
Мислења
10.046
Поени од реакции
6.074
Имаме 3 бода повеќе од лани овој период. Се подобруваме, тоа е добро. Да се продолжи и одлично ќе биде.

51(48)
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.917
Знаев дека Тони ќе даде гол против Џенова, бидејќи од таму го земавме и секогаш играчот е повеќе мотивиран кога игра против својот поранешен клуб ... Истото беше и со Матри .. Распали против своите ( Каљари )
 

G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.761
Поени од реакции
9.865
Се надевам дека Мота нема да заигра во нашиот тим после ова што го видов денеска. Ваљда и Дел Нери виде дека Соренсен е каде каде подобра опција од Мота. 12ти играч на Џенова беше денеска, се надевам последна утакмица му беше ова во нашиот тим и дека на лето ќе си се врати онаму од каде што дојде.

Иначе, Мота настрана, честито нека ни е победава. Браво за борбеноста, браво за сите играчи (со неколку исклучоци), особено Тони, Матри, Пепе, Аквилани, Мело, Красич. Браво и за Дел Нери, ме израдува што покажа дека има муда со замените во второто полувреме. Не му ја сватив едино само онаа Пепе - Мартинез, но како и да е, добро сторено. Следна утакмица Фиорентина на гости. Одиме на 4 победи по ред!
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.917
Eве и малку статистика ... Матри во Каљари оваа сезона изигра 19 натпревари (сите во првата полусезона) и постигна 11 гола и притоа немаше ниедна асистенција... Оваа година во Јуве има одиграно 10 натпревари има 7 голови и 2 асистенции, а до крајот се надеваме дека ќе стигне до бројката 11 и притоа ако до крај ги одигра сите натпревари ќе бидат максимум 16 одиграни натпревари, што значи прекрасна е статистикава во однос на Пацини каде што има 11 натпревари за интер 6 гола ниедна асистенција а претходно за Сампа има исто така 6 гола и ниедна асистенција во 18 натпревари... Се на се Матри има 18 голови и 2 асистенции во 29 натпревари, а Пацо 12 гола ниедна асистенција во 29 натпревари... Дали сеуште мислите дека Пацо е боље ?
 

Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.247
Поени од реакции
8.161
Eве и малку статистика ... Матри во Каљари оваа сезона изигра 19 натпревари (сите во првата полусезона) и постигна 11 гола и притоа немаше ниедна асистенција... Оваа година во Јуве има одиграно 10 натпревари има 7 голови и 2 асистенции, а до крајот се надеваме дека ќе стигне до бројката 11 и притоа ако до крај ги одигра сите натпревари ќе бидат максимум 16 одиграни натпревари, што значи прекрасна е статистикава во однос на Пацини каде што има 11 натпревари за интер 6 гола ниедна асистенција а претходно за Сампа има исто така 6 гола и ниедна асистенција во 18 натпревари... Се на се Матри има 18 голови и 2 асистенции во 29 натпревари, а Пацо 12 гола ниедна асистенција во 29 натпревари... Дали сеуште мислите дека Пацо е боље ?
Не викам дека не ми е мило што токму Матри премина во Јуве(ноќен кошмар ми беше кога играше против нас во дресот на Каљари) ама сепак мислам дека неможеш да ги споредиш на овој начин. Во Интер има каде-каде повеќе играчи способни да дадат гол а во Јуве ако Матри не дава голови на што би ни личела екипата? Веројатно сега би биле десетина бода над зоната за опстанок.
 
С

сашенко

Гостин
Честито победа, сега сме 6 бода од 4тото место и ке биде интересно до крај.Се надевам нема да се искиксаме и ке изиграме паметно и добро до крај.Има утакмици каде можат и лацио и рома и удинезе да кикснат само треба да се чека на тоа и да се победува.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom