Под консолидирани сме спрема прошлиот месец ама уште има работа. Одбраната ја среди Алегри, вчера игравме 4231 со МекКени АМ добро се уфрлаше напред ама сепак е МекКени не знам шо му се дешава. Во иднина сигурен Артур ќе игра таму.
Бернардески одлично помага и назад и на средина сегде го има, вчера имаше и добар дриблинг десно во напад, назад сече многу напади.
Рабио ќе игра сигурно пак лево за да покрива назад. НО според мене мора да се бара решение во кое крилата нема да помагаат на бековите и ќе можи да се концентрираат на напад т.е да се повеќе фокусирани напред. А тоа е само со купување бекови.
Одамна немам видено бековите да ни играат толку високо како последните 2 меча. ДеШиљо изненадува позитивно, нека си седи за ротација таман си е.
Киеза мора да одмори нема нозе поќе како дух е блед, нема статија, коментар, експерт кој не го спомнал тоа. Прегорен е НО штета што нема кој да поврзи среден ред со напад па кога го нема Дибала мора тој да го менува
Ќе не биди има време тоа и го влегов и прошлиот месец, цигла по цигла и ќе биди се.