Преку кур со тој Алегри. Што 2 години го нема никаде да биде тренер кога е толку јак?
Зошто не е тренер на Манчестер Јунајтед, Челзи, Интер, Милан, Тотенхем, ПСЖ, Реал Мадрид, Барселона и сл?
Ај сега малку околу ситуацијава. Тешко е, има проблеми со Пирло, фудбалерите и тактиката. Ама дај не претерувајте со квалификациите напишани во ек на нервоза.
Дел Нери & Закерони, seriously

?
Не би сакал да се навраќам како беше со овие двајца + Ферара, уште од 10 часот нервоза да ме фаќа.
Јас работата ја гледам на два начини:
Објективни проблеми
Отсуството уште од старт на Де Лихт, Алекс Сандро и Дибала воопшто не ја олесни работата. Лев бек друг немаме, Пирло експериментираше со Фработа, Квадрадо еве сега и Киеза, ама не функционира како што треба, особено со последните двајца. Јас би го играл детето, ама ајде. Отсуството на Де Лихт доста раздор направи, уште неспремен Демирал (и доста послаб во однос на тој лани), + Бонучи и Киелини во нивните години ја добиваме сегашната слика. Климава, несигурна и ранлива одбрана.
Бавната реакција на трансфер пазарот исто не му беше од корист на Пирло. Замислете го дадовме Пјаниќ (кој беше единствениот технички спремен фудбалер од цела средина), а го доведовме Артур, за кој еве и после 8 меча вкупно не знаеме ништо. Остави тоа, за напаѓач се натегавме цело лето, за на крај да го доведеме Мората

.
Не знам каде се бара вината во Пирло, во делот на укомпонирање на играчите. Во Ковид 19 криза сме, нема припреми и пријателски и комбинациите се прават на теренот. Други луѓе се криви што му ги треснаа сите фудбалери на маса и му кажаа ајде сега снаоѓај се. Не сме од небото паднати да не знаеме дека Пирло е почетник и дека ќе му биде тешко.
Има уште доста ама да не ја трубиме.
Е сега вториот дел, а тоа се
тековните проблеми кои се директна вина на засегнатите страни.
3-5-2 формацијата. Немам логично објаснување зошто воопшто Пирло ја користи, а дополнително зошто уште ја форсира. Ги имаме Кулушевски, Киеза, Дибала, Роналдо и Бернардески од кои за оптимални услови, во оваа формација може да играат максимум двајца. Немаме бекови, а исто така и за да нереди 3ца одзад мораше да експериментира со Данило (доста успешно морам да кажам).
Сепак, според мене решение е формацијата 4-2-3-1, во која во никој случај не треба да играат Рабио и Бентанкур заедно.
Понатаму секако овде спаѓаат и ниското ниво на концентрација и неверојатните 3 црвени картони и 3 пенали на 6 меча

. Не знам кој е курот, ама отсега натаму кој ќе направи пенал или црвен би го казнил месечна плата!
Во основа како што реков, за мене проблемите се решливи. Само треба еден да застане во соблекувалната и да отера се во пичку матер, да ги свести и да ги мрдне од оваа сивило.