Vartolu
1897 Fighter
- Член од
- 29 декември 2007
- Мислења
- 15.334
- Поени од реакции
- 6.016
Не велам јас Верона да им го даде на тацна Итурбе бидејќи се работи за Јуве, туку зборувам дека Јуве е ИМЕ и БРЕНД во Италија, не е Салернитана, Пескара и Кротоне, и не смее да си дозволи еден клуб како Верона да си прави аукции за нивни играч, а Јуве да се прилагодува на нивните услови. Тоа не смее да си го дозволи за НИКОЈ играч. Тука си губи реноме, моќ на преговарање и слично.Верона нема никаква должност спрема Јувентус за да им го дадат на нив играчот без да ги гледаат другите понуди. Верона на никаков начин не зависи од Јуве, нити па некој друг клуб. Сепак 2 милиони за нив не се баш малку, тимови од нивен ранг во Италија ни по толку не трошат за еден преоден рок.(иако во овој случај е многу мал дел од вкупната сума)
Тури му пепел на бизнисот ако Марота чека на тацна да му го дадат играчот само зошто Јуве е Јуве и не смее да се уценува.
Бизнис е ова, секој си гледа што повеќе да искористи, нема тука лутење или изигравање навредени.
И Јуве заебувал тимови вака и некој ги заебал Јуве, безброј пати, се дешава тоа во фудбалот(бизнисот). Не е тука работата кој е поголем тим или нешто слично, туку на кој побрзо му работи кликерот.
Ако не сакаат да ги дадат тие два милиони, има и други начини, пред се да се збори со Итурбе(кој што сум сигурен дека пре би во Јуве него во Атлетико) и неговиот агент и преку нив да се издејстувува тоа, а не одма да станат од маса и да дигнат нос зошто им го земал некој играчот пред нос.
Вака сега, меѓу клубовите си има одредени непишани ферплеј правила. Веќе кога преговорите влегле во т.н. напредна фаза, тогаш другите клубови ОТСТАПУВААТ и тимот кој влегол во тие преговори си води преговори се остава да се договори.
Ако паметиш,нешто слично беше и причината што се заострија односите меѓу Јуве и Фиорентина за Бербатов. Јуве пројавил интерес, агентот на Бербатов и челниците на Фулам дале зелено светло за почеток на преговорите, а паралелно „биле“ во напредна фаза преговорите со Фиорентина, и според зборовите на Марота, Фулам и Бербатов не кажале дека имаат напредни преговори со Фиорентина, туку му рекле дека е слободен за преговори.
Уште еден пример е случајот со Љоренте. Јуве преговараше со Љоренте и беше во крајна фаза на преговори. Некој од Управата на Барса се заинтересирале за Љоренте, но агентов на Љоренте им дал дознаење дека Љоренте е во напредни преговори со Јувентус, и Барса се повлече.
Јуве НЕ смее да си дозволи да биде уценуван од никој. Значи сите порелевантни медиуми и новинарски имиња во Италија како Скај, Џанлука Ди Марцио, Алфредо Педула најавуваат дека Јуве и Верона се договорија, само некои ситни детали фалеле околу бонусите, а сега излегува сеуште непотврдена информација дека Атлетико ја зголемил за 2 мил. првобитната понуда.