Фан Клуб: Јувентус

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.654
Поени од реакции
5.338
Прво, најголема кривица за поразот е тоа што Јуве ги потцени Данциве.

Џовинко и Матри беа најслабите играчи на натпреварот.

Џовинко знај да издрибла, да створи шанса ама има КАТАСТРОФАЛНА завршница независно дали е додавање или шут, а по се изгледа не знае ниту да смири топка како што треба, неколку одлични топки од Пирло ефтино ги прокоцка.

Матри изгледа ја изгуби цела самодоверба, можеби беше постојано следен од двајцата одбранбени, ама па да не се обидиш ниту еден шут а си најистурен напаѓач не е во ред,а тоа не личи за напаѓач за во Јуве. Бенднер, во 15 -те минути остави поголем впечаток отколку Матри во 75-те. Од кога влегоа Вучинич и Бенднер се почуствува дека нападот почна да функционира, но немаше време за целосен пресврт.

Мора да му се даде шанса на Бенднер да изигра цел натпревар, да стекни малце континуитет барем против послабиве екипи,кога веќе го ангажираа, добро се позиционираше, малце да се вклопи во играта и концепцијата на Јуве може да биде од корист. Треба да му се даде шанса веќе следниот натпревар против Катанија на гости, заедно со Вучко во нападот.

Од одбраната Лусио 2-3 пати беше вон позиција,а Киелини и Бонучи стандардно.

Исла се врати од долга повреда, плус нова средина, малце искуство во натпреварите во прв тим, и сигурно треба да има одреден период на адаптација. Мислам дека со тек на време ќе се наметни и ќе си ја врати формата од Удинезе. Имаше неколку квалитетни пробиви, и еден шут од страна кој малце фалеше да биде гол.
 
Член од
17 мај 2012
Мислења
165
Поени од реакции
38
Следните 2 натпревари да се победат само момци , мислам дека Челзи и дома може да киксне со Шахтар. Па така со Челзи на Јуве Арена да решава кој оди понатаму . А против јаки противници знаеме како играме на Јуве Арена ... сума сумарум одиме понатаму :D
celzi ako kiksni so shakhtar si zaminuvam od forumov !
 

G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.730
Поени од реакции
9.716
Како прво, заслуживме да победиме.

Неспособноста на нашите напаѓачи да дадат гол беше главната причина што тоа не се случи. Ова беше една од тие утакмици каде што шансите кои ги правиш мора да ги искористиш, ама ние не ги искористивме нашите денеска за жал. Противникот не покажа ништо посебно. Трчаа, сврзуваа неколку додавања и тоа е тоа. Својата шанса си ја чекаа од прекин и за наша несреќа, ја искористија. Ние од друга страна цела утакмица напаѓавме. Шанса за шанса, и на крај ништо. Еден гол. Тоа што се плашев и се случи, нивниот голман ја имаше утакмицата на својот живот баш против нас. Не е ни прв ни последен анонимен голман од рандом екипа кој успеал тоа да го направи против нас, али тоа е...

Формацијата која ја извадивме беше промашај. Зашто побогу со тројца централни бекови против Нортсадансиеаланд? Излези си со 4-3-3, извади напаѓачка формација како што доликува за ваков противник. И зашто Погба и Касерес кои изиграа маестрално со Наполи (и тоа влегоа од клупата) не добија никаква минутажа денеска? Матри ужасен, очигледно е од поодамна дека не е во форма и не му оди, од километар може да се забележи. Денеска Бентнер мораше да стартува. Ова беше вистинската утакмица за данецот. Противникот имаше ниски играчи, ние форсиравме игра со нафрлена топка, но немаше кој да реализира. Никлас ќе беше совршен за да го стори тоа. Видал слабо, заслужува одмор типот, Погба требаше да игра на негово место ќе имаше многу за докажување. Исла добар беше експлозивен, борбен. Центаршутевите само што му беа анемични некако меѓутоа голот падна по негов центаршут. Заслужува поголема минуташа и тој заедно со Погба и Бентнер.

Да додадам и дека имам забелешка за Конте и неговиот третман околу напаѓачите. И тој сноси дел од кривицата што нападот ни е анемичен. Дека не се сведска класа шпицови е факт, дека ни фали класа напаѓач е исто така факт, но факт е и дека Конте не укажува голема доверба кон никој од нив (зборам за класичните шпицови: Матри, Квак, Бентнер). Од напаѓач кој нема констатно првотимски статус не можеш да очекуваш многу голови. Не може ти по една слаба утакмица веднаш да го менуваш стартниот напаѓач, едноставно не може. Дај му фора неколку утакмици (4-5) па види што како. Се губи континуитетот вака со мењавањево. Денеска Квак изиграл добро, наредно коло го стартува. Овој не се покажува и понаредното коло не добива ни минута на теренот. Лошо, во секоја смисла лошо. И за морал и за физичка спремност и за се. Чим веќе ваков критериум има Конте, Бентнер заслужува шанса со Катанија. Полош од Матри не може да биде во моментов. Време е и да се смени формацијата богами. Да пробаме со старата 4-3-3. Еве Пепе се враќа таман ко кец на десетка ќе му дојде. Плус и Исла се покажува, може и тој да добие шанса напред. Не можеме цело време да се засноваме на една формација. 3-5-2 не ни функционира во ЛШ, мора нешто да се смени.

Во групава ништо не се знае сеуште, ништо не е готово. Имаме уште шанси за пласман монатаму. Нема да навлегувам во математички предпоставки, само нека гледаат утакмица по утакмица. Ние сме Јувентус, мораше да отидеме по потешкиот пат, кој мислам дека можеме до крај да го изодиме.

Форца!
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
Кога ќе се сетам дека некои членови ги посакуваа Реал, Дортмунд, или Сити во група, ми се плаче..
Се на се, уште 1 доказ дека и тоа како ни фали класа напаѓач!! Искрено очекував победа од најмалку 2-3 гола разлика, но на крај испадна да бидам среќен што се спасивме од пораз :facepalm: Шансите за пласман понатаму се драстично намалени, но со подобрување на играта и реализацијата уште се надевам на осмина-финале :)
 

JUVE_Ultras

Ragazzo della piazza
Член од
22 септември 2010
Мислења
2.451
Поени од реакции
3.968
^ Веруј подобро ќе поминевме да ни се паднеа овие во група,ќе обезбедевме пласман во осмина финале гарантирам.
Кога играме во ЛШ го имаме синдромот на оние треторазредни екипи кои играат добро,МОТИВИРАНО само против јаки противници.Му се држиме на Челзи во Лондон,малце фалеше да победиме,а против пацериве Норсланјндненејнс играме ко веќе да сме обезбедиле пласман понатаму.
Нема оправдувања за киксов,со кој било состав да се искочеше трите бода мораше да се освојат.
 

^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.740
Поени од реакции
7.992

И не биле толку очајни данциве ко шо зборите... Џовинко појма нема. Така и ни треба, ко незнаат да искористат шанси.
 

Mr. Mojo Risin'

Porka de Majorka
Член од
14 септември 2008
Мислења
3.493
Поени од реакции
4.338

И не биле толку очајни данциве ко шо зборите... Џовинко појма нема. Така и ни треба, ко незнаат да искористат шанси.
Греота е да го речеш ова поготову после видеово каде што јасно се гледа дека само што немаше среќа иначе најмалце хет трик ке постигнеше.
 

Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.337
Поени од реакции
2.224
Зашо толку го брукате Џовинко? Јас Матри не го видов на хајлајцот, Матри е за на клупа, ако не беше Џовинко кој ке ги створеше сите тие шанси?
Џовинко добро изигра по тоа што го видов, сите шанси беа преку него, само немало среќа.
 
Член од
13 декември 2010
Мислења
351
Поени од реакции
146
Сеа како ни се шансите!?Наредните 3 мора да ги тепаме за да идеме понатака,нерешено веќе не доаѓа во предвид,ги потрошивме тие кредити...
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
Не е дека немавме среќа !! Имавме среќа и те како на овие 3 утакмици !! Се спасувавме 3 пати од пораз, сите 3 противника ни водеа, Шахтјор дури можеше да не победи, Челзи имаше 2 гола предност, овие слепциве од Данска ни имаа и тие предност...
 

Marchelo93

Дипломиран Џаболебар
Член од
10 јули 2011
Мислења
1.931
Поени од реакции
1.997
Ке играме Лига Европа,и таму ке нагазиме на некој Фулам,Лех Познањ,и ке заврши овогодинешната наша европска Одисеја..:unsure:
 
F

FuckYouAll

Гостин
Пред неколку години Јуве со 5 нерешени и една победа ги поминал групите:pos:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom