Киелини, играч на натпреварот. Дефинитивно еден од најдобрите дефанзивци во моментов во цел свет. Одбраната на Јувентус е 2 нивоа подобра кога е тој на терен, и тој има најголема заслуга за освоените 3 поени денеска. Безброј пати посебно во второто полувреме имаше одлични интервенции. Многу е потребен елитен дефанзивец покрај Киелини за наредната сезона, зошто Канаваро е при крај на фудбалската кариера.
Формата на Мело во овој натпревар се движеше во нагорна насока во однос на минатите натпревари, првото полувреме имаше грешки, но второто полувреме го изигра одлично, и се надевам дека неговата форма ќе продолжи да се движи во нагорна линија во понатамошниот тек од првенството.
Но, реално, играта на Јуве не е она што треба да биде. Поулсен и Мело се деструктивци, Маркизио на левата страна, и повторно немаше кој да биде организатор на средината, и се се чекаше на Диего, што е тотално погрешно. Салихамиџич добро изигра, но треба уште да се врати во препознатливата форма, но сепак се врати од долга пауза.
Јуве има доста збиен распоред. Наредното коло во Недела, 10 Јануари, Јуве игра со Милан во Торино, па следува натпреварот од Купот на Италија во Среда на 13 Јануари, па гостување во Верона против Киево на 17. Во 11 дена, Јувентус има 4 натпревари.