На денешниот натпревар на трибините близу ложата на нашата управа имало навијач на Јуве кој му се дерел на Блан во фаца, цитирам: Ти си најбедниот претседател во овој клуб. Немаш никаква врска со Јувентус. Само еден човек може да го спаси клубот, а тоа е човекот со белата коса до тебе (мислејки на Бетега). Заворен цитат.
Во вториот дел токму Бетега бил предмет на шега од страна на главниот на безбедноста во Парма. Му се обратил на Бетега со зборовите: "Juve are a team of boots" (ма да не го разбирам затоа што е преведено преку гугл транслејт) или на италијански "la Juve è una squadra di scarponi" - кој знае нека преведе убаво.
На крајот се се завршило со поздрав на таков начин како што заврши, а камерата успеа да го фати тој момент.
Околу натпреварот,
Воопшто не ми се допадна играта. Чиста срека за нас што Кастелини заборави каде напаѓа па си го збрца без срам и перде. Нашиве по целиот терен трчаа како банда без команда и не му се знаеше на ниту еден точната задача. Во последните 20 минути не набутаа во 16, како да се игра натпревар Барса - Јувентус, а не Парма - Јувентус. Едвај вадевме жива глава, благодарение на Чиелини. Никаков флуид во играта и без никаков потенцијал за подобрување. Гарантирам дека и до крајот на сезоната да не води Ферара нема да видиме ништо подобра игра од сегашнава. Никој не е задоволен, а верувам дека и управата гледа што се случува и дека попладнево победи само среката на Чиро. Знаењето, мотивацијата, тактичката поставеност, визијата - очигледно дека Чиро ги заборавил дома.
Сатаната замина па моментално за дрво број 1 во клубот мртва трка до последен здив ке се води меѓу Легро и Амаури.:pop:
Легро појке ми личи на некој уметник на апстрактни дела, а Амаури му советувам да се проба во некоја друга професија.
Грбавиот денес не успеа да шутне ниту еднаш на противнички гол
. Поголем ашов од овој - амин.
Легро си е Легро. Ми се плаче кога ке треба да го коментирам. Не го коментирам.
Бидна што бидна, следниот натпревар е против Милан. Не очекувам ништо. Ке чекам само да дојде тој натпревар и повторно да гледам дежа ву!