Мело: Не знам што сакаат фановите повеќе од мене
Играчот за врска на Јувентус, Фелипе Мело е лут на фановите затоа што постајано се коментираат неговите партии и според нив тој е најголемиот кривец за лошиот пласман на Јуве.
“Се борев максимално, давав се од себе, се што фановите ќе посакаа од мене. Стварно не знам што сакаат повеќе? Знам дека е време кога треба да си молчам, но откако загубивме со Фулам нема да дозволам некој да зборува така за мене.“
“Треба да земат пример од фановите на Фулам. Тие губеа, но фановите им даваа поддршка. Очајно сакаа да се вратат и најпосле заедно успеа во тоа.“
“На следниот дуел со Сампдорија потребни ни се навивачите. Ако тие се на наша страна заедно можеме да се избориме за местото кое води во квалификациите за ЛШ. Ако останеме во овие односи се ќе биде многу потешко.“
“Дојдов овде за да го освојам Скудетото, да бидам дел од ЛШ, но сега утеха ми е само 4-та позиција. Сепак ќе останам доседен на тоа што го ветив.“ - заврши на крај Мело кој за 25 милиони евра пристигна од Фиорентина ова лето.......................................................................................... п.с. Мело играј подобро никој нема да те критикува, и не може навивачите да бидаат криви што си КАНТА