Добар економист и добар директор мислам дека е сосема различно. Под водство на Блан, последнава година за трансфери се потрошија 50+ милиони евра, се гради стадион, а Јуве испадна од ЛШ уште во фазата по групи што автоматски значи губење на значителна сума на пари, а паралелно на тоа Јуве е клуб кој има најголема заработка од Италијанските тимови на светско ниво, што е доказ дека финансиското работење во клубот е на одлично ниво. Блан е добар за водење на финансиите, но околу него треба да има луѓе кои добро го разбираат фудбалот (во моментов тоа е само Бетега).
Управата треба да ја сочинуваат луѓе кои се добри економисти, и луѓе кои го разбираат фудбалот и од тоа да се направи една компактна Управа која ќе може паралелно да се носи со сите проблеми кои може да ги има еден тим. Пример, Блан одлично го води тимот на финансиски план, но на моменталната Управа им треба некој кој добро го познава фудбалот (Мишел Платини во своето интервју го посоветува Блан да ангажира фудбалски работници кои одлично го разбираат фудбалот), и тоа е тоа што му недостига на моменталната Управа.
Со Бетега се направи првиот чекор, но не смее тука да се запре.
Промените мислам дека треба да одат во ваква насока
- Да се постави Андреа Ањели за Претседател на клубот. Со оглед дека Интер (Морати), и Милан (Галијани), за Претседател имаат луѓе кои долго време се во фудбалот, и едноставно имаат влијание во Италија. Во моментов само Андреа Ањели ја има моќта на Фамилијата Ањели да седне на Претседателското место, човек кој доста добро ги познава случувањата во Јувентус.Блан може да биде поставен како човек(финансиски директор) кој ќе се грижи исклучиво за финансиите.
- Да се ангажира еден CEO или Спортски Директор , кој е искусен, и добро го разбира Италијанскиот фудбал. Тука има повеќе опции. Пјерпаоло Марино кој е слободен агент, Бепе Марота, Франко Балдини (во случај Капело да дојди), Корвињо итн.
- Да не се штеди пари за тренер, и да се донесе реномиран тренер, со Шампионски менталитет. Прв кандидат според мене треба да се проба да се ангажира Дон Фабио Капело.Тренер кој е идеален, и кој мислам дека е најспособен коренито да ја промени играта во Јувентус. Бенитез исто така е добра опција.
- И на крај добро осмислен трансфер пазар , пополнување на слабите позиции во тимот (пред се одбраната и нападот), и продажба на играчите кои ќе бидат (или веќе се) вишок.