Денеска, италијанските весници пишуваат дека во Јувентус ова лето ке се случи темелна револуција.
Разлистав повеке весници и веб страни.
Во поглед на врвот на клубот, се вели дека постои можност Јувентус да добие нов претседател. Не се пишуваат имиња, но само се споменува тоа дека има блага наклонетост кон Андреа Ањели. Андреа има подршка од навивачите на Јувентус, а нивниот број се зголемува од ден во ден. Иначе постојано гледаме банери на натпреварите на Јувентус, испишани со името на Андреа Ањели. Се наведува и дека почнале да се отвараат некои Фејсбук групи за негова подршка.
Тутоспорт пак, вели дека Јувентус ке добие нов Спортски Директор. Мое мислење е дека ова треба да биде првиот чекор на клубот, во поглед на темелната реконструкција. Се споменуваат имињата на Бепе Марота и Франко Балдини. Франко Балдини би бил слободен најдоцна до Јули, а можеби и порано, се во зависност од резултатите на Англиската репрезентација на Светското Првенство.
Јас лично сметам дека ако Балдини се намести на таа функција, тогаш постојат солидни шанси и Капело да биде тренер на Јувентус.
Некои весници отидоа до таму што велат дека веке е решено оти некои луге од упрвата ке бидат заменети ова лето, но се чека крајот на сезоната за да се обелодени се.
Како тренер се споменува дека прва цел на Јувентус ке биде Чезаре Прандели. Ке му се дадат на располагање 80 милиони евра, 3 годишен договор вреден 2.5 милиони евра по сезона. Од буџетот, ке му бидат донесени тројца играчи од висок профил и тоа 1 во одбрана, 1 во средината и 1 во нападот.
Под обсервација се и голем број на фудбалери. Се напоменува дека само десетина сигурно нема да бидат продадени престојново лето.
Време е да се сменат некои раководни лица. Имаа доволно време и средства да го стабилизираат клубот. Секоја година гледавме мал напредок во однос на претходната. Оваа година имаме големо назадување.
Време е да се сменат дел од лугето во управата. Ако тоа не се направи ова лето тогаш ништо ново нема да му се случи на клубот и идната сезона.