Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата Тимче
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Германскиот сајт 4-4-2.com (така нешто :) ) јавува дека трансферот на Гуркуф во Јуве е договорена работа, сумата е 20 милиони и + 5 ако Јуве освои ЛШ.

Не знам колку е веродостоен изворот, меѓутоа морам да прокоментирам дека евентуалниов трансфер МНОГУ ми се допаѓа! :vozbud:

Сега откако Јуве испадна и од ЛЕ ќе има многу шпекулации, ама ако ова е вистина и ја би бил пресреќен.:vozbud:

П.С. Уште да ги видам Коларов, Бонучи и Ди Мариа, не барам ништо повеќе. (се рабира и добар тренер:smir:)
 
Е со овие играчи плус некој добар шпиц и одличен тренер Јуве би бил сигурно на прво место.
 
Германскиот сајт 4-4-2.com (така нешто :) ) јавува дека трансферот на Гуркуф во Јуве е договорена работа, сумата е 20 милиони и + 5 ако Јуве освои ЛШ.

Не знам колку е веродостоен изворот, меѓутоа морам да прокоментирам дека евентуалниов трансфер МНОГУ ми се допаѓа! :vozbud:

И мене многу би ми се допаднал трансферот, само ако Диего остане, значи да не дојде Гуркуф место Диего, во таков случај ништо нема да сменат, а вака ќе бидеме навистина добро во средниот ред, каде што би ги имале Маркизио и Сисоко.
 
Денеска, италијанските весници пишуваат дека во Јувентус ова лето ке се случи темелна револуција.
Разлистав повеке весници и веб страни.

Во поглед на врвот на клубот, се вели дека постои можност Јувентус да добие нов претседател. Не се пишуваат имиња, но само се споменува тоа дека има блага наклонетост кон Андреа Ањели. Андреа има подршка од навивачите на Јувентус, а нивниот број се зголемува од ден во ден. Иначе постојано гледаме банери на натпреварите на Јувентус, испишани со името на Андреа Ањели. Се наведува и дека почнале да се отвараат некои Фејсбук групи за негова подршка.

Тутоспорт пак, вели дека Јувентус ке добие нов Спортски Директор. Мое мислење е дека ова треба да биде првиот чекор на клубот, во поглед на темелната реконструкција. Се споменуваат имињата на Бепе Марота и Франко Балдини. Франко Балдини би бил слободен најдоцна до Јули, а можеби и порано, се во зависност од резултатите на Англиската репрезентација на Светското Првенство.
Јас лично сметам дека ако Балдини се намести на таа функција, тогаш постојат солидни шанси и Капело да биде тренер на Јувентус.
Некои весници отидоа до таму што велат дека веке е решено оти некои луге од упрвата ке бидат заменети ова лето, но се чека крајот на сезоната за да се обелодени се.

Како тренер се споменува дека прва цел на Јувентус ке биде Чезаре Прандели. Ке му се дадат на располагање 80 милиони евра, 3 годишен договор вреден 2.5 милиони евра по сезона. Од буџетот, ке му бидат донесени тројца играчи од висок профил и тоа 1 во одбрана, 1 во средината и 1 во нападот.

Под обсервација се и голем број на фудбалери. Се напоменува дека само десетина сигурно нема да бидат продадени престојново лето.

Време е да се сменат некои раководни лица. Имаа доволно време и средства да го стабилизираат клубот. Секоја година гледавме мал напредок во однос на претходната. Оваа година имаме големо назадување.
Време е да се сменат дел од лугето во управата. Ако тоа не се направи ова лето тогаш ништо ново нема да му се случи на клубот и идната сезона.
 
Е со овие играчи плус некој добар шпиц и одличен тренер Јуве би бил сигурно на прво место.

ехе вака секоја година изјавувате:smir:
 
ехе вака секоја година изјавувате:smir:
Проблемот е што воглавно Јуве купува играчи кои биле добри а кога ќе дојдат во нашите редови не се ни пола од тоа што биле во своите предходни екипи. Овој проблем незнам како да се реши. Мислам дека дури и Руни да го купиме кај нас ќе биде слаб и ќе добие златна канта.
 
Веројатната формација на Јуве против Сампдорија според Gazzeta:

Chimenti

Grygera--Legrotaglie--Chiellini--Grosso

Camoranesi--Poulsen--Sissoko

Candreva

Trezeguet--Del Piero
 
Проблемот е што воглавно Јуве купува играчи кои биле добри а кога ќе дојдат во нашите редови не се ни пола од тоа што биле во своите предходни екипи. Овој проблем незнам како да се реши. Мислам дека дури и Руни да го купиме кај нас ќе биде слаб и ќе добие златна канта.

Те разбирам..тоа е последица според мене на големите очекувања ,изјави на легендите на јуве полни со оптимизам,ги величите играчите.....и од тоа се прави голем притисок на нив за да се врати јувентус на старите патеки...ионака за да се врати старата слава треба години,работа,години,работа ...
 
Проблемот е што воглавно Јуве купува играчи кои биле добри а кога ќе дојдат во нашите редови не се ни пола од тоа што биле во своите предходни екипи. Овој проблем незнам како да се реши. Мислам дека дури и Руни да го купиме кај нас ќе биде слаб и ќе добие златна канта.
На Јуве му треба квалитетен тренер кој ќе знае да склопи тим, и да го извлече максимумот од играчите, тоа му е најпотребно на Јуве. Раниери добар за да го однесе тимот до 2 место, Чиро неискусен. Треба тренер што знае да воведи дисциплина и коренито да ги промени работите.
 
Освен Капело не гледам друг..(не си правете бајрам со умот за Липи):helou:
 
Проблемот е што воглавно Јуве купува играчи кои биле добри а кога ќе дојдат во нашите редови не се ни пола од тоа што биле во своите предходни екипи. Овој проблем незнам како да се реши. Мислам дека дури и Руни да го купиме кај нас ќе биде слаб и ќе добие златна канта.

Тоа е затоа што нема тренер со голем авторитет и сите си се понашаат кој како си сака, како манекени. Жив пример е Кака во Реал. Да му беше Капело на пример не верувам дека така ќе се влечкаше по терен...
 
Еве зошто не можеме да победиме никого. Се зафркаваат, уопште не тренираат:pos:

А еве зошто после секој тренинг има по 3-4 повредени
Рагби играат дечките

1:35:pos2:
 
Освен Капело не гледам друг..(не си правете бајрам со умот за Липи):helou:
Липи изјави дека Италијанската репрезентација му е последна работа како тренер. Ако дојди во Јувентус тоа сигурно ќе биде на некоја Раководна позиција, но не како тренер.
 
Еве зошто не можеме да победиме никого. Се зафркаваат, уопште не тренираат:pos:

А еве зошто после секој тренинг има по 3-4 повредени
Рагби играат дечките

1:35:pos2:
Се има на тренинзиве само не фудбал:pos2:. Изгледа го утнале спортот момциве. После ние ќе кинеме нерви и ќе кршиме по дома а нив ги заболе.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom