Колега, го гледав клипчето и морам да кажам дека е многу интересно! За пеналите одглумени од страна на играчи на Јувентус што да кажам – вие го имате Инзаги, плус глумењето на прекршоци во шеснаесетникот не е некоја новост туку во последните години станува практика...тоа е тоа (јес да е педерски ама на секој натпревар има по 1-2 такви ситуации, ако не и повеќе).
За недосудените офсајди – поради тоа што пишував пред неколку години за едно списание баш околу фудбалските правила, само ќе ти ја посочам статистиката: секоја екипа во Англија, Италија и Шпанија во просек е оштетувана (а противникот има корист) по 30-тина пати во текот на една сезона кога станува збор за офсајд...едноставно се прават грешки, тоа е тоа (е сега тоа против Болоња стварно е смешно и трагично, не викам дека не е). Кога станува збор за офсајд, секогаш ќе има грешки и сомнителни ситуации додека не се воведе некој компјутерски систем или прегледување на снимка на лице место на стадион.
Највеќе впечаток ми остави влечењето за дрес на Песото над еден играч на Удинезе.....не е нормален жими се! Сепак мислам дека судијата во таа ситуација почитуваше предност зошто ако погледнеш добро ќе видиш дека контра-нападот продолжува со тројца играчи на Удинезе против двајца на Јуве....нели?
Како и да е, интересно клипче, ќе влезе во мојата колекција и ќе го раздадам низ маало, иако сум навивач на Јуве...сепак мора да се види. Се надевам дека може да се најде вакво нешто и за Милан или за други клубови нели...?
Инаку, кога сме веќе кај судиски грешки, гледај секоја недела некаде после 23:00 часот на италијанската телевизија (Раи) има отворено студио каде се коментираат сите натпревари и се прикажуваат сите сомнителни ситуации и грешки на судиите. Многу е интересно....ќе се зачудиш кога ќе видиш дека на Милан многу му се попушта...т.е. судиите прават грешки во нивна корист...
Поздрав!
П.С.
Се ближи натпреварот на Сан Сиро...пазете се!
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)