Фан Клуб: Јувентус

Статус
Затворена за нови мислења.

How1TzeR

ШЕВА
Член од
6 февруари 2005
Мислења
367
Поени од реакции
14
Па да океј е сликата добро е логото само малце да биде поголемо ... мислам во ширина да се додадена логото нешто ...
Знакот 28 титули да се тргне тоа белото да се остави се на црно а буквите пошто се црни да се стааут у бели ... пошо и позадината е црна.Да се тргне блогер срч :)
У остало е супер .. ако треба нешто кај мене на блог ќе ме најдеш.:)
 

zEk0

Селектор
Член од
8 април 2005
Мислења
531
Поени од реакции
3
Thnx....и јас тоа се мислев околу знакчето да биде на црна подлога.
 

zEk0

Селектор
Член од
8 април 2005
Мислења
531
Поени од реакции
3
Абе го направив тоа темпјетот ама малку сум заборавил HTML па тоа е највеќе што можев да извлечам од себеси во моментов. Иначе иди ѕирни ја сменив сликата, сега е со црна позадина - ваљда ОК ја направив (не сум многу талентиран во обработка на слики).

Поздрав и фала за поддршката...

Ако можеш и пиши ми порака како да го тргнам тоа blogger search-от горе, не можев да се снајдам....
 

How1TzeR

ШЕВА
Член од
6 февруари 2005
Мислења
367
Поени од реакции
14
Одлично е сега за сега за почеток , супер е само тоа белата рамка околу сличето незнам дали може да се тргне и дали е од темплејтот.
Супер е сеа за се ако ми дојде некоја идеа ќе ти пратам порака.
бтњ ... провери у ПП ти пратив.
 

zEk0

Селектор
Член од
8 април 2005
Мислења
531
Поени од реакции
3
Екипата на Јувентус славеше голема победа над Интер вчера вечер во дербито на Италија. Со головите на Трезеге по одличниот слободен удар на Ибрахимовиќ и на Недвед од слободен удар, Јуве успеа да прокнижи нови три бода и да остане со 100% учинок во новата сезона во Серија А и во Лигата на Шампионите. Натпреварот беше интересен, Јувентус доминираше во првото полувреме, додека во второто, успешно се одбрани од нападите и иницијативата на Интер. Одбраната уште еднаш се покажа доста стабилна а средниот ред креативен, додека нападот беше ефикасен. Интер играше слабо во првиот дел, но во второто полувреме доколку беа поефикасни можеби резултатот ќе беше поинаков. Факт кој радува е и одличното издание на Абијати на голот кој одбрани неколку доста тешки удари и доколку ја задржи оваа форма до декември кога ќе се врати Буфон, отсуството на Џиџи нема ни да се почувствува. Јувентус со оваа победа постави нов клупски рекорд со 6 победи по ред во првите 6 кола од сезоната. Јуве останува на лидерската позиција со 5 бода предност пред Фиорентина и Милан, додека Интер сега заостанува цели 6 бодови.

За крај и изјавите на Капело и Манчини.

Екипата покажа голема желба и волја за победа. Покажавме дека сме одлично подготвени како на тактички и технички план така и на карактерен план. Бевме доволно добри и ги искористивме шансите кои ни се укажаа по слободните удари. Јувентус вечерва покажа голем карактер, решителност и волја да се влезе во дуел и да се освои секоја можна топка. Можеби најважно од се е што покажавме одличен тимски дух.

Жал ми е што Јувентус беше екипата со голема решителност во текот на натпреварот – токму она кое на нас ни недостасуваше. Ова беше еден од оние натпревари кои морате да ги започнете многу цврсто но ние не направивме така. Доколку во второто полувреме постигневме барем еден гол, тогаш ќе беше сосема поинаква приказна, сепак немавме многу среќа во финишот на акциите. Искрено, не одигравме добар натпревар.
 

zEk0

Селектор
Член од
8 април 2005
Мислења
531
Поени од реакции
3
Дали сте знаеле дека екипите на Јувентус и Партизан од соседна СиЦГ се “братски екипи“. Да, да... Пред незнам колку години (сигурно пред повеќе од 20-30 години) екипата на Партизан не играла во денешните официјални бои (црно-бела) туку во тогашните и оригиналните бои на клубот (темна црвена со темно сина мислам дека беше). Тогаш Партизан бил во големи кризи и на помош се нашол тимот на Јувентус кој како поклон/донација испратиле во Белград неколку комплети дресови за првиот тим – тоа биле дресовите на Јувентус (црно-бели) со мали измени (наместо логото на Јуве, стоело логото на Партизан). Оттогаш, екипата на Партизан ги има прифатено овие бои и со тек на време тие станале официјални. Инаку, имало интересна ситуација ова лето во USA. Јувентус беше на тура во Америка и таму требаше да одигра пријателски натпревар против Црвена Ѕвезда (кој подоцна не се одигра), а јас на некој од веб-сајтовите на Партизан начекав официјален повик од клубот до сите свои навивачи кои се во Америка и Канада да отидат на натпреварот Јуве-Ѕвезда и да ја дадат својата поддршка за “братски“ Јувентус.

Интересно нели?
 

zEk0

Селектор
Член од
8 април 2005
Мислења
531
Поени од реакции
3
Јуве - Месина 1:0

Јувентус очекувано продолжи со победничката серија во новата сезона, совладувајќи ја екипата на Месина на домашен терен со 1-0. Голот го постигна капитенот Дел Пиеро за кого ова е трет погодок во Серија А сезонава и веќе трет натпревар во низа на кој игра одлично (2 за Јуве и еден за репрезентацијата). Доколку Дел Пиеро успее да ја задржи оваа форма во текот на сезоната, тогаш црно им се пишува на сите противници ја Јуве. Натпреварот беше просечен. Јуве настапи без Каморанези во првиот тим (на негово место играше Муту), без Виеира (кој е повреден и ќе се врати на терените пред натпреварот против Милан на крајот на овој месец, Џаникеда го заменуваше) и без Зебина (на неговото место играше Песото). Абијати веќе подолго време го заменува Буфон, додека Дел Пиеро влета во првиот тим на местото на Трезеге. Јуве имаа повеќе од шансите во текот на натпреварот, но сепак искористија само една. Ова беше доволно за победа но неефикасноста можеше во неколку наврати во финишот на мечот да им се одмазди. Среќа што одбраната е на ниво. Ова коло и Милан и Интер славеа победи по што бодовната разлика е иста: Милан има -5 бода а Интер -6. Пофалби за добрата игра на Муту кој уште еднаш докажа дека Капело може да смета на него во секое време. Според мене, единствено Џаникеда не заслужи преодна оценка (со оглед на нивото на кое играше неговиот партнер во средината Емерсон). Сепак, човекот ќе има шанса да се докаже на наредните 3-4 натпревари кои Јуве ќе ги игра без Виеира и се надевам дека ќе докаже дека е достојна замена за французинот и дека може да се смета на него во текот на сезоната.
 

zEk0

Селектор
Член од
8 април 2005
Мислења
531
Поени од реакции
3
Баерн Минхен - Јувентус

Вечерва е можеби најбитниот натпревар во фазата по групи во Лигата на Шампионите. Јувентус му гостува на Баерн Минхен и двете екипи со максимален ефект досега во Лигата на Шампионите. Победа за било која од двете екипи (посебно за Јуве) би значела скоро сигурно освојување на првата позиција во групата. Капело денеска истакна дека овој натпревар ќе биде досега најтежок во новата сезона и веројатно е во право. Посебно ако се земе во предвид дека Виеира нема да може да настапи. Јувентус ќе ја брка 10-тата победа во 10-тиот натпревар во новата сезона. Вечерва ќе видиме дали овој факт ќе биде и мала психолошка предност за Јувентус, како и фактот што Баерн го загуби првото место во Бундес лигата овој викенд па сигурно ќе оди на победа против Јуве. Позитивни вибрации за натпреварот против Баерн имаме уште од минатата сезона кога на два пати славевме со по 1-0. Голот на гости го постигна Дел Пиеро кој и деновиве се наоѓа во одлична форма која се надеваме дека ќе ја задржи. Значи вечерва, 20:45 часот, Алианц Арена – Минхен: Баерн Минхен – Јувентус. Дуел на најтрофејните клубови во Германија и Италија. Не пропуштајте! Forza Juve!
 

zEk0

Селектор
Член од
8 април 2005
Мислења
531
Поени од реакции
3
Ајде, не исплескаа баварците! Чекам прво коментар од анти-јуве фановите :) Ќе пишам нешто попосле јас. Ама Абијати како смееше да прими таков гол....ЛЕЛЕЕЕЕ МАЈКООО

ЏИЏИ ВРАТИ СЕ !!!
 

Wolf Pack

ThE ChieF
Член од
24 јули 2005
Мислења
783
Поени од реакции
5
Да проба Капело да комбинира тројца напагачи, Муту, Трезиге и Ибрахимович? Не вака едниот на клупа, врска немаа Јуве од напад.
Буфон бе каде е? Толку ли е повреден?
 

zEk0

Селектор
Член од
8 април 2005
Мислења
531
Поени од реакции
3
Вака сега. Јуве го доживеа првиот пораз во новата сезона. Не е ништо страшно иако мислам дека може да влијае лошо на психолошки план. Овој пораз (со жаргон од играње табла - третата игра) “мава ама не боли“.

Јувентус едноставно како да немаше душа на овој натпревар. Абијати направи катастрофална грешка при првиот гол (иако беше незгодна топка, таков гол не смее да прими!) додека одбраната на моменти делуваше конфузно. Во средината Џаникеда пропушти уште една прилика да се наметне додека Виеира е повреден додека нападот делуваше безопасно (освен во последните 20-30 минути кога малку се консолидираа редовите).

Мислам дека со малку повеќе среќа можевме и нерешен резултат да “извадиме“. Како и да е, го имаме пред нас мечот на Деле Алпи на почетокот на следниот месец за да се вратиме на чело на групата.
 

How1TzeR

ШЕВА
Член од
6 февруари 2005
Мислења
367
Поени од реакции
14
Ќутек невиден , 300 стапа , шамари сараунд ..... :cuc: БРАВО МИНХЕН , покажа дека јуве не може без судии.
Е го нема папареста!!
Абиати браво , си ја заврши работата , колку што одбрани добро е што и само 1 што прими по грешка.
Наредено му е да прима голови од милан :icon_lol: саботира.
Накратко кажано "ги ставија у ТОП".
 

Dolphin

Pirate of the Caribbean
Член од
3 март 2005
Мислења
1.296
Поени од реакции
57
Јас не можам да ги смислам Баерн и Интер... Едини пат коа умирам за нив, е кога играат против Јувентус.

Многу ми направија ќеф вечерва баварците... А верувам дека и на Деле Алпи ќе се докажат!!!

Абе искрено... Не да не ги можам Бјанконерите, него ИЧ!!!


И доста јадете гурабии дека сте најак италијански клуб, ради бројот на скудетата....

6-2 у европски титули беше последниот пат кога проверив... А у мај, ќе биде 7-2, гарант!!!!
 

zEk0

Селектор
Член од
8 април 2005
Мислења
531
Поени од реакции
3
How1TzeR, се гледа дека едвај си чекал Јуве да изгубат па да се истуриш. А тие муабети судии...Папареста...ова она, да одите со пријателот Бранко Илиевски од Телма да си ги правите.

Dolphin, НАЈТРОФЕЕН клуб во Италија....па сега ти процени дали тоа значи и најјак.

28.
 

zEk0

Селектор
Член од
8 април 2005
Мислења
531
Поени од реакции
3
Инаку...незнам зашто е ”неможете без судии”, овој пат беше ”неможете против судии” - многу се изнервирав што судијата несмасно им ја подаде топката на играчите на Баерн кога падна првиот гол (иако Абијати мораше да одбрани). Вториот гол беше грешка на Трезеге кој го остави Демикелис сам.

Whatever...добро е што првиот пораз оваа сезона е ваков што неможе многу да влијае на понатамошниот тек (барем не е во Серија А) бидејќи Јуве и Баерн се сигурни патници понатаму од оваа група.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom