zEk0
Селектор
- Член од
- 8 април 2005
- Мислења
- 531
- Поени од реакции
- 3
Време е...
Се приближува моментот. Утре со почеток од 20:30 Јуве гостува на Сан Сиро на првото дерби оваа сезона (она со Интер не го земам во предвид со оглед на тоа каква екипа е Интер – како Беласица Герас Цунев станале!). Премногу се возбудувам кога ќе помислам на утрешниот натпревар па така не сакам многу да прогнозирам што и како ќе биде. Кај Јувентус сеуште е неизвесен настапот на Виеира во првиот тим додека кај Милан, денеска е потврдено дека Малдини ќе игра а најверојатно до утре вечер нема да се знае дали и Шевченко ќе биде целосно подготвен за настап. Со оглед на моменталната состојба на табелата, ова е must-win натпревар за Милан. Доколку останеме непоразени на Сан Сиро, тешко дека барем до полу-сезоната некој ќе не симне од врвот. Ако Милан победи, тоа ќе биде најава за една екстремно возбудлива сезона, а доколку не успее да победи, нема да им биде убаво![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Како и да е...малку го запоставив блогов деновиве, ама многу бев зафатен. Загубивме од Баерн, но поставивме нов РЕКОРД во Серија А со 8 победи во првите 8 натпревари. Ова би требало да влијае дополнително на самодовербата на фудбалерите.
Јас сакам победа! Колку само тоа убаво звучи: Јуве два пати по ред го победува Милан на Сан Сиро! Ајде да видиме...минатата сезона си освоивме титула на гости а си ја фатив 2-ка сингл во кладилница![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Да видиме што ќе биде сега.... Forza Juve!!!
Се приближува моментот. Утре со почеток од 20:30 Јуве гостува на Сан Сиро на првото дерби оваа сезона (она со Интер не го земам во предвид со оглед на тоа каква екипа е Интер – како Беласица Герас Цунев станале!). Премногу се возбудувам кога ќе помислам на утрешниот натпревар па така не сакам многу да прогнозирам што и како ќе биде. Кај Јувентус сеуште е неизвесен настапот на Виеира во првиот тим додека кај Милан, денеска е потврдено дека Малдини ќе игра а најверојатно до утре вечер нема да се знае дали и Шевченко ќе биде целосно подготвен за настап. Со оглед на моменталната состојба на табелата, ова е must-win натпревар за Милан. Доколку останеме непоразени на Сан Сиро, тешко дека барем до полу-сезоната некој ќе не симне од врвот. Ако Милан победи, тоа ќе биде најава за една екстремно возбудлива сезона, а доколку не успее да победи, нема да им биде убаво
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Како и да е...малку го запоставив блогов деновиве, ама многу бев зафатен. Загубивме од Баерн, но поставивме нов РЕКОРД во Серија А со 8 победи во првите 8 натпревари. Ова би требало да влијае дополнително на самодовербата на фудбалерите.
Јас сакам победа! Колку само тоа убаво звучи: Јуве два пати по ред го победува Милан на Сан Сиро! Ајде да видиме...минатата сезона си освоивме титула на гости а си ја фатив 2-ка сингл во кладилница
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Да видиме што ќе биде сега.... Forza Juve!!!