Анализа за прикажаното со Интер
Буфон - нема шо да се коментира за него собра неколку гадни топки за малку можи и ќе ја фатеше она на Круз. се на се стандардно добар
Молинаро - изненадувачки добар не видов нешто посебно да киксни добри продори напред. неколку нафрлени топки кои завршија во бункерот на интер
Киелини - звер супер си чистеше. И алал да му е за дуелите со Ибра
Легротаље - добро е шо не киксна ништо
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
добро си чистеше заедно со Киелини. неколку чисти шанси ќе имаја суазо,круз и ибра ако не беа овие
Григера- за голот кажав. Добар е со продорите напред многу корисни топки добро соработваше со паладино во првото полувреме по та страна си играја со цезар и чиву
Занети - Овај играч успева да се најди на место и да ја собери коро секоја избиена топка. не е некој добар техничар па не очченкувам никакви чида од него. Добро се ослободваше пд топката и од него добивме неколку напади
Ночерино - леле како се бори на средината браво .Овај чоек треба малку да поработи на делење на топки и на шутот многу е непрецизен и многу ризични му се додавањата.
Недвед - освен непрецизните удари. дедото мислам дека го играше еден од неговите најдобри мечови сезонава. покажа дека сеуште ја има добрата техника и имаше неколку добри комбинации со делпјеро како и соло продори. имаше неколку можности да додава ама не додаде. мислам дека во една ситуација дури и го имаше слободен паладино десно аама .. мислеше дека ќе е поарно да шутира.
Паладино - Алал да му е за акциите и техниката ама имаше лоши нафрлања. Си играше со чиву како со мало дете. Мислам дека треба да го клај раниери некој меч да игра во нападот а не вака да експериментира со него.
ДелПјеро - Освен добрите комбинации со Недвед остатокот од мечот беше игубен. Доби една корисна топка од трезеге ама самуел си се намести.
Трезеге - Изгубен исто, не доби скоро ништо корисно
Зебина - Не беше скоро ништо посебно - немаше можности да се покажи
Јакинта - Супер нафрла како за класичен напаѓач. Штета шо мора да биди резерва.
Каморанези - намерно го остајв за крај. чоекот е звер. Ако нешто вреди во средината на Јуве тогаш то е Каморанези. Од ко влезе е осети малку живот во средината. Мило ми е шо се враќа во тимот и се надевам ќе можи сега попојќе да го гледаме
Се надевам дека другпат. Раниери нема да игра во еден момент со ДелПјеро,Трезеге,Јакинта и Паладино во игра
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
едноставно не се играчи од средината. НАвистина се снаоѓаат добро ама ... треба некој кој си ја работи задачата како шо треба да е во игра. Пример Недвед, Каморанези па дури и Салихамиџич.
Занети, Ночерно - овие се двајцата од кои треба да зависи целиот напад а и двајцата се повеќе какоза повлечени центри. Мислам дека треба де се ротираат во игра а не да играат заедно. Знам дека цела сезона тие ја држат средината па мораше Раниери да почни со нив. Дали сето ова е резултат на очајните игри на Алмирон и пред се Тиаго ???
СЕ на се покажавме дека одбраната не е најголемиот проблем во тимот туку ни треба еден доообар Централен Атакинг Мидфилдер.