Фановите на Џенова го прекинаа натпреварот и им ги собраа дресовите на фудбалерите

Член од
22 декември 2011
Мислења
2.007
Поени од реакции
4.176
Фановите на Џенова го прекинаа вчерашниот дуел против Сиена на почетокот на вториот дел, бесни поради слабите игри на своите миленици, и побараа од нив да ги соблечат дресовите кои не ги заслужуваат.
Овој прекин траеше повеќе од 45 минути, а фановите беа бесни затоа што нивниот тим губеше со 0-4 во тие моменти. Капитенот на Џенова, Марко Роси, се обиде да разговара со навивачите, по што тие дозволија мечот да продолжи и на крајот заврши со триумф од 1-4 на Сиена.
Фановите додека траеше прекинот им дозволија на противничките играчи да заминат во соблекувалните, а на домашните играчи им наредија да го соблечат дресовите и да останат на терен без дресови.

Ме интересира вашето мислење за ова и дали го оправдувате начинот на кој навивачите го покажа нивниот револ кон фудбалерите?

Ако има веќе ваква тема можете да ја избришете или ако треба да се премести слободно преместете ја.
Ова е прва тема што ја започнувам па се надевам дека нема да има некоји лоши моабети и мислења :)
 
M

Mario Gómez

Гостин
Срамота, ја да бев навивач на некоја италијанска екипа ќе ја баталев лигава и ќе глеав бундес... Таман вие имате вишок фанови, ние имаме вишок поени и фудбалски квалитет... така да... come to our side. :D
 
Член од
16 април 2012
Мислења
333
Поени од реакции
217
Па професионалните спортисти се забавувачи на рајата. Кога не си ја вршат работата, ќе го јадат
 
Член од
10 август 2011
Мислења
2.371
Поени од реакции
1.281
:rolleyes: нормално.Играчите кој што го носат тимот на дното на табелата, притоа тим како Џенова кој не би требало да се наоѓа таму, не заслужуваат да го носат дресот на истиот.Лесно и едносставно е.
 
Член од
7 септември 2011
Мислења
3.539
Поени од реакции
4.782
Кога си фан нема шала :D .Посебно на овие фановиве на италјнаскиве екипи , не знаеш каква мафија ќе те начека :D . Па затоа подобро дресот него нешто друго .
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.335
Поени од реакции
57.915
Срамота, ја да бев навивач на некоја италијанска екипа ќе ја баталев лигава и ќе глеав бундес... Таман вие имате вишок фанови, ние имаме вишок поени и фудбалски квалитет... така да... come to our side. :D
:pos:
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131
Во право се.Вака е потребно и во нашава лига, ама спрема управите.Да не можат да влезат на стадион.
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
Во нормални услови безусловно би ги поддржувал навивачиве на Џенова.
Секој клуб живее од навивачите па така тие имаат право шо сакаат да прават со клубот.
Со сигурност на некој платеник на терен не му е повеќе гајле за клубот отколку на оние шо се секогаш со него.

Арно ама овде малку ми смрдат работите.
Лани ги видовме какви говеда се Џеновјаниве со погребот на Сампдорија.
Капак на се поради некаква си кавга со навивачите од клубот беше избркан Омар Милането (еден од столбовите на клубот последните сезони)
Мислам дека во конкретниов случај иницијатори се некои напалени глави кај ултрашите и со сигурност не е заедничко мислење.
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
Оправдувам играчите се минливи клубот останува вечен ! Тој што не заслужува да биде дел од тимот нема ни да биде !
 

Маршалот

Bianconeri
Член од
29 декември 2009
Мислења
2.090
Поени од реакции
2.393
Следните натпревари фудбалерите на Џенова ќе играт под затворени врати.
Додека двајца ултраси се казнети со 5 години забрана за влез на стадион.ЛИНК.
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.530
Поени од реакции
17.887
Норлмално е дека ќе се бунат и нема да гледаат како некој тиквари им го носат тимот у серија Б мада ако им е за утеха
таму ќе можат пак да се кољат со самдорија :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom