Не се фалам воопшто. Некако глупо ми е без некој да ме праша "еј што напраи со тоа" и одма да почнам да се фалам како оцените ми се супер, како положив уште еден сертификат, како бев на милион места и како си поминав, за тоа колку пари купив нешто итн. Дури и ми се случува намерно да избегнам некој муабет само за да не се пофалам.
Ова го претпочитувам поради лошо искуство. Како дете, па не бев ни тогаш фалбаџика, ама сепак бев во друштвени кругови кај што немаше секое дете родители со високи примања, имаше и социјални случаи, и деца на невработени, на технолошки вишоци, на некои што не земале плата со месеци, но бев премногу мала за да го знам тоа. Па, кога ќе ме прашаа (а ме прашуваа, затоа што сепак бевме деца) од кај ти се фармерките, џемперчето, блузата итн. ја ќе им одговорев пр. со Бенетон, не гледајќи причина зошто не би им кажала, и одма после тоа почнуваа со заладување на односите. Кога пораснавме, беа популарни неколку продавници во Скопје за облека и не секој купуваше од таму, и секогаш кога ете, ќе купев нешто повторно следуваше прашањето, но сфатив дека тоа ги прави љубоморни останатите, па од тогаш наваму гледам да кажам како тоа што го носам ми е постаро, или ми го купиле, затоа што премногу глупаво се чувствувам.