Прва година Калкулус и Структурно кај кои професори е најдобро? Може да сменам група?
Мене Калкулус ми е Весна, структурно Иван(деканот), дискретна Наташа и вовед у информатика Билјана. Да ги мењам боље?
ЗА СТРУКТУРНО:
Ако сакате само да го научите (читај положите) предметов, добри комбинации ви се Чорбев или Ивица за предавања и Емил Станков за вежби.
Чорбев многу често доцни и после тоа објаснува прилично брзо и не толку детално. Ивица не доцни, но не објаснува доволно детално (според мене). Емил ги објаснува задачите убаво, чекор по чекор, на начин за секој да разбере, но преспоро за тие што им фаќа главата поише и сакат да одат чекор понапред.
Иако погоре напишав само негативни работи, овие професори/асистенти се едни од најдобрите.
Чорбев би го оценил со 7/10.
Ивица 8/10.
Емил 8/10.
Доколку сакате да му влезете во сржта на предметов, да го научите детално, да ги сфатите работите како што треба, тогаш најдобри комбинации се Маџаров или Миле за предавања и Бобан за вежби.
Многу студенти за Миле и Бобан не зборат најдобро, но овие студенти во главно се или дојдени колку само да ги положат предметите, или затоа што баба им сакала да има програмерЧЕ во фамилијата итн. и во главно коа ќе им погледнете во индекс, имаат положено помалку од пола од испитите, а 1/4 од тие им се предмети од Економски факултет или ДИФ.
Миле и Маџаров објаснуваат предобро. Доколку идете на предавања кај нив, не само што ќе го научите предметов за прелазна оцена туку ќе го сфатите секој аспект од структурното програмирање и основите на програмирањето. Всушност, целта на овој предмет не е да ве научи да правите којзнае каков софтвер туку да ве натера да размислувате логички, како програмер, и да ве воведе во програмирањето.
Бобан за вежби е незаменлив, има премногу познавање и реално искуство.
И Маџаров и Миле и Бобан што и да ги прашате, кога и да ги прашате, ќе знаат да ви одговорат (за разлика од остатокот од наставниот кадар).
Секој од овие 3ца би го оценил со 10+.
За другите професори и асистенти по предметов воопшто не размислувајте.
ЗА ВОВЕД ВО ИНФОРМАТИКА:
За предавања Маџаров или Ивица, за вежби Иван Китановски (мислам дека е и единствен).
ЗА ДИСКРЕТНА МАТЕМАТИКА:
Наташа не збори многу настрана од презентациите, во главно тоа што го има на слајдовите, го решава (препишува) на табла и не објаснува многу многу. Престанав да идам кај неа на предавања после прв колоквиум и си учев сам дома.
Мислам дека од оваа година, професор по предметов ќе биде Милош, од кој што сум прилично задоволен од вежби така да ја би го бирал него за предавања.
А инаку за вежби најдобри се Бојан и Милош.