Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

Дискусија во форумот 'Образование' започната од ASimov, 31 јануари 2011.

  1. Aria31

    Aria31

    Член од:
    27 август 2016
    Мислења:
    36
    Допаѓања:
    5
    Има некој искуство да не отиде во предвидениот рок што му е даден да однесе документи заради ХХ причини? Што се дешава после? Казна има и колкава е ?
     
  2. Löwe

    Löwe

    Член од:
    14 јули 2010
    Мислења:
    6.110
    Допаѓања:
    6.454
    500
     
  3. valerygocevski97

    valerygocevski97

    Член од:
    6 јуни 2016
    Мислења:
    21
    Допаѓања:
    1
    Исто и јас не однесов документи во предвидениот рок за документи и сега знам дека има казна 500 ден. али на официјалното соопштение од финки пишува и да се поднесе молба (за административно внесување на упис). И сега незнам каде да ја напишам таа молба ако знае некој нека каже. На molbi.finki.ukim.mk нема таква молба.
     
  4. Aria31

    Aria31

    Член од:
    27 август 2016
    Мислења:
    36
    Допаѓања:
    5
    Ја бев денес однесов документи, ништо не ми кажаа, нити казна нити молба ми бараа, така да пробај си ја среќата додека уште има студенти што носат.
     
    На The King of Clay му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Sale11

    Sale11

    Член од:
    1 октомври 2013
    Мислења:
    649
    Допаѓања:
    264
    Некој љубезен да сподели материјали предавања/аудиториски од АПС/Напредно програмирање?
     
  6. Aria31

    Aria31

    Член од:
    27 август 2016
    Мислења:
    36
    Допаѓања:
    5
    Мислење за Игор Мишковски ?
    Треба да ми предава Мрежи , па да знам дали на време да го сменам
     
  7. Гард

    Гард

    Член од:
    27 септември 2010
    Мислења:
    3.007
    Допаѓања:
    4.213
    Нема потреба, еден од подобрите што го предаваат предметот.
     
  8. DaniBMW

    DaniBMW 1 + 1 = 10

    Член од:
    22 јуни 2010
    Мислења:
    18.438
    Допаѓања:
    37.810
    Ми се допаѓа како предава, но јас кога го слушав мрежи полесно положуваа тие кај Спасов/Гушев/Ристов. Полагаа на е-тест и имаа база со прашања.
    Кај Мишковски/Мишев/Филипска се полагаше на хартија и имаше и задачи.

    Не знам дали сеуште е така. Прочитај во 5та генерација групата, или компјутерски мрежи ако има група на ФБ.

    Ако те интересираат мрежи и сакаш повеќе да научиш, остани кај Мишковски, ако сакаш полесно да поминеш смени.
     
  9. Гард

    Гард

    Член од:
    27 септември 2010
    Мислења:
    3.007
    Допаѓања:
    4.213
    Теоријата се полага на хартија кај Мишев, Соња, Мирчев, Мишковски и Граматиков, а пак кај Спасов и Гyшев на е-тест. Тие што се на Е-тест теорија многу полесно го положуваат предметот, ама од друга страна се со многу посиромашно знаење во областа на мрежните технологии. Можеби ќе се намачиш ако полагаш на лист, но знаењето што ќе го стекнеш ќе вреди за целиот вложен труд.
    Е-тест се спрема буквално за 1 саат, ја набубуваш базата (како АОК теоретски тест), а од друга страна ако полагаш на лист ќе мора убаво да се прочитат презентациите и секој дел да го разбираш бидејќи се' може да падне. Задачите се прелесни, се спремаат за максимално 2 дена, затоа ставај фокус на теорија по предметот (најдобро комбинирано и тоа и тоа учи бидејќи се надополнува материјалот).
     
  10. Vassiriki

    Vassiriki

    Член од:
    17 септември 2012
    Мислења:
    719
    Допаѓања:
    384
    Прва година Калкулус и Структурно кај кои професори е најдобро? Може да сменам група?
     
  11. Aria31

    Aria31

    Член од:
    27 август 2016
    Мислења:
    36
    Допаѓања:
    5
    Група може да смениш, а можеш и само професор по предемт .
    За Калкулус Александра мене ми држеше, не е лоша , добро објаснува ама за поени плус на увид малце ке се изнамачите.

    Структурно Ѓорѓи Маџаров или Ивица Димитровски, дефинитивно. И двајцата предобро објаснуваат.
     
    На Vassiriki му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Vassiriki

    Vassiriki

    Член од:
    17 септември 2012
    Мислења:
    719
    Допаѓања:
    384
    Мене Калкулус ми е Весна, структурно Иван(деканот), дискретна Наташа и вовед у информатика Билјана. Да ги мењам боље?
     
  13. ForzaVardar

    ForzaVardar

    Член од:
    30 ноември 2013
    Мислења:
    1.402
    Допаѓања:
    1.853
    И мене ми предаваше Чорбев во прва, добро објаснува, ама каснеше по пола саат, па и повеќе некогаш.. Асистент би требало да е Бобан, ја бев презадоволен, на сите аудиториски му бев, добро предаваше. Иначе, не мора да менувате група или професор, можете слободно да одите со друга група да слушате одреден предмет ако не ви одговара терминот или професорот..
     
    На atix и Vassiriki им се допаѓа ова.
  14. Aria31

    Aria31

    Член од:
    27 август 2016
    Мислења:
    36
    Допаѓања:
    5
    Структурно мењај, барем по мое мислење. Наташа убаво објаснува ама за резултати од колоквиуми ќе си ја чекате доста, па и месец - два .
    Од Билјана доста се жалат, мада мене жената срцка ми беше, доста добро и брзо предаваше.
     
  15. Daniel.

    Daniel. Juventino per sempre

    Член од:
    18 август 2009
    Мислења:
    617
    Допаѓања:
    355
    За структурно Ивица одлично објаснува, имаш моја препорака. Чорбев е добар, ама стално касни и предава набрзина откако е декан, цело време брза негде. Оди си кај Ивица на предавања и кај Емил на вежби и немаш мака.
     

Сподели преку: