Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

Дискусија во форумот 'Образование' започната од ASimov, 31 јануари 2011.

  1. DrMTR

    DrMTR

    Член од:
    18 септември 2014
    Мислења:
    514
    Допаѓања:
    396
    Дечки, потребно ми е да ја земам дипломата од средно од факултет за вработување. Дали ке ми ја дадат ако појдам на студентски, и како оди оваа работа? Ја даваат на реверс ( да се врати после одредено време) или?
     
  2. Dani

    Dani 1 + 1 = 10

    Член од:
    22 јуни 2010
    Мислења:
    19.439
    Допаѓања:
    40.139
    Оди на студентски, ќе ти ја дадат
     
    На DrMTR му/ѝ се допаѓа ова.
  3. kazioX

    kazioX Примерен форумџија

    Член од:
    28 април 2011
    Мислења:
    2.873
    Допаѓања:
    7.275
    Нешто за овие предмети да каже некој?
    -Анализа и дизајн на ИС
    -Објектно-ориентирана анализа и дизајн
    -Напреден веб дизајн
    -Анализа на софтверски барања
    -Управување со техничка поддршка
    -Иновации во ИКТ
    -Методологија на истражувањето во икт
     
  4. Dani

    Dani 1 + 1 = 10

    Член од:
    22 јуни 2010
    Мислења:
    19.439
    Допаѓања:
    40.139
    ООАД = Менаџмент на информациски системи (UML)
    На хартија се полагаат задачи

    НВД = front-end
    JS, Canvas, Bootstrap, Vue.js, SASS
    Се полагаат практично задачи и теорија на етест
     
    На kazioX му/ѝ се допаѓа ова.
  5. TakeItEasy

    TakeItEasy

    Член од:
    14 август 2017
    Мислења:
    7
    Допаѓања:
    0
    Мислење за предметиве? Што се учи, како се полага?
    Интерактивни апликации.
    Интернет програмирање.
    ИТ системи за учење.
     
  6. FilipMKD007

    FilipMKD007

    Член од:
    8 јануари 2013
    Мислења:
    2.851
    Допаѓања:
    6.489
    Ако сакаш полесна комбинација: Ит системи + интерактивни
    Ако сакаш помачна комбинација: интернет програмирање + интерактивни/ит

    Интернет многу слабо поминуваат луѓе на втор колоквиум и скалирано мора проект да прават да положат, проектот Лошковска ти оценува и тука е интересниот дел на предметот). Се учи javascript
    Интерактивни и слабо да напраиш некој дел, се вадиш на теорија (ги имаш прашањата ко квиз нешто блабла). И на двата имаш материјали. само што тука ептен може да ти се падне од материјалтие исто, па само прекуцуваш. Се учи jquery и малку javascript
    Ит системи го немам слушано, Миле го држел и мислам проект се прави само нешто.
     
    На Гард и TakeItEasy им се допаѓа ова.
  7. Yolo

    Yolo

    Член од:
    14 јануари 2016
    Мислења:
    32
    Допаѓања:
    13
    Искуства и мислење за Вовед во информатика (по ново Вовед во компјутерските науки)?
     
  8. dmil

    dmil

    Член од:
    6 септември 2018
    Мислења:
    2
    Допаѓања:
    0
    Дали поднесе молба и ако да дали доби одговор? Јас уште од понеделник чекам одговор и не знам дали треба да ги бркам по канцеларии за одговор или само да чекам (надежно) да одговорат.
     
  9. TakeItEasy

    TakeItEasy

    Член од:
    14 август 2017
    Мислења:
    7
    Допаѓања:
    0
    Ахам, а по што се учи следно javascript? Да не испадне бирам се полесно колку да пројдам и на крај не научам важни работи...
    --- Споено дупло мислење, 13 септември 2018 ---
    Ако е ист новиот како стариот вовед во информатика тогаш многу е лесен.Прв колоквиум се учи нешто историја и libreoffice. Втор колоквиум се некои апликации за слики како scribus глупости и многу е лесно. Се полага теорија и пракса
     
  10. FilipMKD007

    FilipMKD007

    Член од:
    8 јануари 2013
    Мислења:
    2.851
    Допаѓања:
    6.489
    Како мислиш следно јаваскрипт? Абе како да ти кажам, тоа што го учиш е корисно, реално фронт и бек енд е парата во денешно време, ама дека ќе научиш нешто од предметиве си нема врска. Нека ти служат само за вовед, да се запознаеш во структура и функционирањето, ти ќе имаш материјали и ќе гледаш да положиш, доста глупости и небитни работи има во предметите, ама како вовед и запознавање во нешто што е битно, би ти советувал да ги земеш. После имаш уште многу предмети надоградување и проширување на овие два, кои се некое надоградување на вовед во интернет/веб дизајн. Ако те влече тоа, земај ги интерактивни и интернет, ќе направиш правилен избор
     
    На TakeItEasy му/ѝ се допаѓа ова.
  11. марко414

    марко414

    Член од:
    5 октомври 2008
    Мислења:
    1.255
    Допаѓања:
    274
    Ќе ти вратат, чекаат прво сите молби да ги соберат па после одговараат.
     
  12. Гард

    Гард

    Член од:
    27 септември 2010
    Мислења:
    3.422
    Допаѓања:
    4.675
    ИТ системи за учење е лесен предмет за положување, НО, многу захтевен.
    1. Предавањата се задолжителни (носат 20% од оцената). Ако те нема на списоците, ќе мораш многу повеќе поени да правиш на етест + проекти.
    2. Имаш 2 проекти за правење (по еден од колоквиум), исто така захтевни што одзимаат време. Тимски се проектните, така што во сите маки барем ќе се дружите.
    3. Дел од материјалот е интересен, но, постојат такви делови што ќе ти се смачи да седиш 4 часа слушајќи го предавањето.
    Сумарно, ќе изгубиш многу време за предметот, но нема да имаш потенцијални маки со оценката како што е случај со лошковска и нејзиниот предмет Интернет програмирање. Колку и да научиш основи на Јаваскрипт, од истата жена може да имаш трауми. А од друга страна, ако тоа те влече, слободно слимни си курс на Удеми (пиратериски ќе го побараш), па многу повеќе ќе научиш. :) ИП значи лесно се поминува колоквиумот со солидни поени, но тука постои (не)задолжителен проект што е претерано захтевен и ќе ти одземе можеби и недели за да го средиш комплетно. Од друга страна, истиот тој проект го оценува СЛ и големи се шансите да ти стави негативни поени (од положен да преминеш во паднат, а целта ти била повисока оценка). Да заклучам, одбегнувај ја женава ако сакаш да имаш подобро искуство со факултетот.
    Интерактивни ако го одбереш, нема да погрешиш. Корисен предмет е.
     
    Последно уредено: 14 септември 2018 во 02:34
    На TakeItEasy и FilipMKD007 им се допаѓа ова.
  13. mankanos

    mankanos

    Член од:
    6 февруари 2018
    Мислења:
    9
    Допаѓања:
    0
    Немам се уште ..
     
  14. Yolo

    Yolo

    Член од:
    14 јануари 2016
    Мислења:
    32
    Допаѓања:
    13
    https://mf.edu.mk/sites/default/files/voved_vo_kompjuterskite_nauki, MEUKIM014.pdf
     
  15. advanced

    advanced

    Член од:
    18 април 2014
    Мислења:
    30
    Допаѓања:
    1
    Оваа година најверојатно нема да има проект по Интернет програмирање така му кажала Лошковска на консултации на еден колега, но најубаво некој да ја праша уште еднаш...
     
    Последно уредено: 14 септември 2018 во 20:04

Сподели преку: