Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

Член од
16 октомври 2014
Мислења
25
Поени од реакции
61
Moже некој да ми каже Бази на податоци кај кој професор е најдобро да се слуша и каква е разликата во полагање? Кај едни гледам на компјутер се работи, кај други на лист. А исто ме интересира и колку Алгоритми е поврзан со овој предмет затоа што го немам положено.
Системите за управување со бази податоци си реализираат свои алгоритми, но за да измоделирате нешто што не е тривијален проблем потребно е да знаете како се реализираат структурите во позадина и какви можности даваат за да се употребат различни алгорими за поефикасно пребарување, внесување, читање итн. Предметот Бази не се предава на ниско ниво и алатките за менаџирање не одат на многу ниско ниво, па подразбира дека таквите предзнаења ги имате и дека самите сфаќате зошто и во кои случаи еден модел и негова имплементација би била полоши или подобри и кои точно од понудените алатки во системот треба да ги искористите. На некои универзитети предметот може да е и поширок, па да ги опфати и соодветните делови од структури и алгорими, но кај нас не е така. Следува, потребни се предзнаењата од Структури и Алгоритми.

Подобро и полошо нема, но квалитативни разлики од наставник до наставник има. Тоа значи дека има разлики во тоа на кои знаења и на кои содржини си дава поголем фокус самиот наставник, како го образложува, како го вреднува. Тие работи не се објаснуваат во кратка порака на ваков форум, обично се објаснува лично на првите часови. За жал, до пред неколку години имавме јавни предметни сајтови, на кои можеше да видите однапред што и како изгледа, но истите ги снема, па сега реконструираме (или не) одново секој со различна динамика. Не знам дали ќе имате право на избор или едноставно ќе ве распределат некаде во зависност од вашата група, насока и првите букви од името или презимето.

Ако ве интересира повеќе како јас го држам Бази и другите предмети, повелете во детали на консултации во понеделник и вторник (термини на мојот сајт) или некои информации на одново-поставениот предметен сајт (https://bazi.finki.ukim.mk) каде има краток преглед само за мојот дел од предметот вклучувајќи и преглед на ланските проекти.
 
Член од
22 септември 2018
Мислења
3
Поени од реакции
1
Подобро и полошо нема, но квалитативни разлики од наставник до наставник има. Тоа значи дека има разлики во тоа на кои знаења и на кои содржини си дава поголем фокус самиот наставник, како го образложува, како го вреднува. Тие работи не се објаснуваат во кратка порака на ваков форум, обично се објаснува лично на првите часови. За жал, до пред неколку години имавме јавни предметни сајтови, на кои можеше да видите однапред што и како изгледа, но истите ги снема, па сега реконструираме (или не) одново секој со различна динамика. Не знам дали ќе имате право на избор или едноставно ќе ве распределат некаде во зависност од вашата група, насока и првите букви од името или презимето.
Ќе кажам едно нешто, ако сакате да поминете полесно по предметов, Имајте среќа и не се паѓајте кај Вангел. Барањата кај него се многу поголеми од другите професори, до тој степен што мислам дека станува не фер. Кај вангел 6 е кај други 8. Можеби не до тој степен, ама ми ја сваќате поентата. Тоа кажано,ако сериозно учите, вака ќе научите повеќе.

Проектот е голем (релативно, во споредба со другите Професори), барањата се често нејасни, и многу време му е потребно за да даде фидбек на задачите.
Би било многу подобро доколку барањата на секоја задача се кондензирани, бидејќи има некои што се реферат, а во него малце објаснето.

Кога станува збор за предавањата, добри се, но заради некоја причина обично дава по 5 минути одмор на 3 саати. И монк од тибет ќе го фати склет да треба да седи толку време во топла соба. После 40 минути веќе тешко дека ќе можете да се фокусирате на предавање,а не па 2+ саати. Според мене ова е најлошиот дел од предметот.

Нешто што не би го ставил како ни позитивно ни негативно е начинот на кој се вршат увидите. Јавни се, и се водат преку маил. Сите студенти можат да видат кој за што се побунил, за што му биле дадени или земени бодови. Едниствената лоша страна на ова е што има спам на маилот кога се случува, т.е е малце не елегантно. Сепак ова како концепт ми се допаѓа.

Испитите се исто така релативно тешки, и строго оценувани. Некогаш има работи кои професорот ги обмислил на еден начин, а заради не 100% чисто поставена задача вие сте го сватилле на друг, па тука оди кратење бодови и 15 маилови на увид. Сепак ова можеби и доаѓа со територијата, па неможам многу да го кривам.

Се на се, Професорот се стреми предметот да биде изведен на некој по американски начин. Во тие универзитети никој не би се бунел за поголем проект или тешки барања. Баш гледав видео на јутуб со еден студент на универзитет во канада и слично беше, Проектни задачи, секоја со под задача, минимални бодови итн. Така да гледам што сака да направи професорот со оваа изведба, но мислам дека му треба помош за се да биде изведено брзо и ефикасно. Асистен или два.

ете ривју, можеби не 100% објективен, Но најверојатно ќе наидете бар во еден од проблемите што ги спомнав.
 
Член од
1 октомври 2013
Мислења
759
Поени од реакции
336

Па тоа што викаш проектот бил голем,можда ќе ти одземе време али стварно утре во фирма или било каде во пракса неочекувај дека проектот на кој што ќе работиш ќе биде мал и прост во 1 ден да можеш да го завршиш така да добра подготовка би се направило доколку уште сега се навикнуваме на потешки проекти :)
 
kazioX

Примерен форумџија
Член од
28 април 2011
Мислења
3.823
Поени од реакции
10.551

Инаку го цитираш постот на професорот Вангел... Да ти кажам ако не знаеш дека е тој.
 
Член од
22 септември 2018
Мислења
3
Поени од реакции
1
Па тоа што викаш проектот бил голем,можда ќе ти одземе време али стварно утре во фирма или било каде во пракса неочекувај дека проектот на кој што ќе работиш ќе биде мал и прост во 1 ден да можеш да го завршиш така да добра подготовка би се направило доколку уште сега се навикнуваме на потешки проекти :)
Се согласувам, ако го видиш мојот ОП, и јас го изразив тоа.
Тоа кажано,ако сериозно учите, вака ќе научите повеќе
Можеби има забуна бидејќи пишав "Би било многу подобро доколку барањата на секоја задача се кондензирани".
Под ова мислев не барањата да се помали, туку текстот со кој е поставена задачата.
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.044
Поени од реакции
7.069
Инаку го цитираш постот на професорот Вангел... Да ти кажам ако не знаеш дека е тој.
Добро е ова за професорот, барем ќе слушне реален фидбек. Многу ретко студентите пишуваат критики/пофалби за предметите што ги слушат кога ја пополнуваат анкетата за квалитет на настава. И јас самиот се прашувам (нека биде прашање и до професорот @ajan ) дали професорите ги читаат забелешките од истата таа анкета.
 
Член од
23 септември 2018
Мислења
34
Поени од реакции
37
Здраво дечки, сакав да Ве прашам некој совет за предметот Алгоритми и податочни структури, како се полага, кои се најдобри професори за предавања и аудиториски, од каде да се учи итн. :)
 
Член од
18 април 2014
Мислења
75
Поени од реакции
12
Некој што слушал Управување со техничка поддршка да каже нешто за предметот, дали е тежок/лесен и дали лабораториските вежби се лесни за правење (дали одземаат многу време или не) и каков е проектот што се прави (нешто по детално за проектот ако може).
 
Член од
16 мај 2016
Мислења
428
Поени од реакции
582
Moже некој да ми каже Бази на податоци кај кој професор е најдобро да се слуша и каква е разликата во полагање? Кај едни гледам на компјутер се работи, кај други на лист. А исто ме интересира и колку Алгоритми е поврзан со овој предмет затоа што го немам положено.
Ефтим + Калајџиски се најдобра опција. Или ефтим + било кој професор. За бази е најдобар асистент.
 
Член од
16 октомври 2014
Мислења
25
Поени од реакции
61
Добро е ова за професорот, барем ќе слушне реален фидбек. Многу ретко студентите пишуваат критики/пофалби за предметите што ги слушат кога ја пополнуваат анкетата за квалитет на настава. И јас самиот се прашувам (нека биде прашање и до професорот @ajan ) дали професорите ги читаат забелешките од истата таа анкета.
Да добро е да се види фидбек. Ретко гледаме. Што се однесува до анкетите - дали професорите читаат? Јас да. Но, ретко добивам фидбек, уште поретко доволно детален за да нешто се преземе.

Ги почитувам сите мислења искажани на академско етичко ниво, свесен бев дека може да има реплики, потпрашања и барања за дополнителни информации, но не сакам да го киднапирам форумот со мене и моето држење на предметот, па нема да продолжам со реплицирање. Сепак има илјадници студенти и десетици наставници и стотици предмети, па да не ја окупирам темата.

Во насока на подобар фидбек и нешто подобро да се направи, ги поканувам сите што сакаат и имаат што да укажат, посочат или дебатираат, или само да прашаат, најслободно да ме контактираат или лично во живо или преку некој од елекстронските медиуми кои ги имам објавено на сајтот.
 
Член од
22 септември 2018
Мислења
3
Поени од реакции
1
Некој постар колега да ме посоветува.
Уште од кога почнав со програмирање ме интересира ниско ниво. Од јазиците највеќе ги знам и користам ц/цпп, и сакам електроника.
За тоа мислам дека најдобро би било да навлезам во ембедед. Имам искуство со ардуино (со него почнав), и стм32. Навикнат сум со работење во чисто ц.
Но ми изгледа како да нема никакво барање за тоа. Дали се пукам во нога ако не се фокусирам на интернет програмирање(фронт или бек енд) или Java ?
Од македонскиве компании ми изгледа како сите да бараат Java, .NET ,или нешто друго. Едино што гледам со ембедед девизија е Сивус, ама не ми изгледа дека они бараат да ја прошират.

Што би ми кажале. Ако стварно морам, ќе ги баталам ембедед и ц/цпп и ќе се фокусирам на овие работи, иако не ми е толку "кеиф".
 
Член од
5 февруари 2018
Мислења
11
Поени од реакции
1
Дали знае некој кој ги прегледува задачите ОС? мислам,како се поделени бидејќи ми рекоа дека секој асистент е „доделен“ за одредена задача и кој како оценува?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom