Значи колку време ја немав отворено темава, а таа се наполнила со безначајни препукувања. Е сега, за да не ве цитирам претходните еден по еден и да ви реплицирам, ќе си напишам мое мислење на тема Факултет за електротехника и информациски технологии.
Јас сум на КСИА, да напоменам пред се, и не сум баш засегната од тие ФЕИТ/ФИНКИ миграции.
Членот кој пишал дека ФЕИТ некој ден ќе биде помалку значаен од ФИНКИ, имам само да му кажам дека и останатите смерови што постојат на ФЕИТ се доста перспективни и има потреба и од тој кадар (инжинери по автоматика и системски инжинерство, по електроника и процесирање на сигнали, по телекомуникации...). Значи, иако на ИКИ и ИНФО има вкупно студенти колку и на останатите 6-7 смера, тие не го сочинуваат сегашниот ФЕИТ сами, т.е. ФЕИТ нема што да изгуби од вредност со отварањето на ФИНКИ.
Дипломата од некогашен ЕТФ и дипломата од сегашен ФЕИТ се третираат исто, доколку одговараат на барањата на огласот за вработување. Никој дипломиран инжинер не е виновен што не завршил по ЕКТС, туку претходно. Напротив, можеби некој КТИА-ш ќе има повеќе предност пред друг КСИА-ш, бидејќи, нели, има познавања од ИКИ и КСИА заедно.
Друга работа, дискусијата за колоквиумската недела и постигнатиот успех во неа, е сосема на место. До пред само некое време оваа тема беше место за разменување на искуства со предметите, помош со испитни прашања и задачи, озборување на асистенти... Мислам дека таа е и правата намена на темава.
Меѓу другото, и дискусиите за ФИНКИ се исто така сосема на место, бидејќи се засегнати колеги кои се запишаа на ФЕИТ (и нели, се уште се водат како студенти на ФЕИТ).
И нека ви е јасно, ФЕИТ нема да пропадне со отварањето на ФИНКИ. Според мене, ФЕИТ ќе се врати на ЕТФ во буквална смисла на кратенката, а и тоа што има доволно студенти и на ТК, КСИА, ЕРПС, ЕЕиУ, КИЕЕ, (и заинтересирани за истите), доволно зборува дека ФЕИТ и понатаму ќе вреди како факултет.