Факултет за Електротехника и информациски технологии

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Кацарска рече дека ќе се прават промени во некои студиски програми, кои они сметаат дека се застарени.
Фала ку*цу :)
Цел живот техничкиве школи ги учат основите од времето на првите многутонски компјутери.
Напред не дај боже да идеме.
 
Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.187
Поени од реакции
14.460
Не трескај глупости. Дипломата од Феит нема НИКОГАШ да ја изгуби вредноста.
Лошо е да се запишеш на некој факултет заради дипломата. Верувам не си се запишал на ФЕИТ замо поради тоа?

Не дека јас сакам што баш нас ќе не малтретираат на сред студирање ама за идните студенти оваа поделба е и те како добра.
Ќе има посебен факултет за ИТ и нови програми што искрено ми е криво што не беше пред едно 5-6 години пошто сигурно таму ќе одев.

И пак ќе повторам дипломата е глупост. Кога ќе идеш на интервју тебе нема да те прашаат од кај тие е дипломата туку ќе те тестираат колку знаеш...
Ако сакаш имај диплома од Harvard ако не те бива џабе ти е...
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.576
Поени од реакции
3.772

Пријателе..жити се, само кажи ми од каде извади заклучок дека сум за запишал поради дипломата????
Цитирав некој кој рече дека дипломата на Феит ќе изгуби значење, што не е точно затоа што дипломата имала големо значење и ќе има и во иднина, а потоа членот објасни дека мислел само на ит насоките на што се согласив и јас. Прочитај го 3344 мислење.
За знаењето, тоа се знае дека е така, нема потреба од дискусија.
 
Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.187
Поени од реакции
14.460
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.356
Поени од реакции
184
И луѓе како сте задоволни со постигнатите резултати на колоквиумите? Јас положив мат 2, можев и подобро но тоа е. Ќе се стегнам максимално за да го пројдам на колоквиуми :)
топче.....
картер....
исек кејтен.....
билан серие Б....
Тонех.......
Јане.......
Бумеранг...
шедоу....
филмакедон...
...
...

- зарем мислиш дена некој од нас го заболе помалиот брат за тоа шо си направил ти на колоквиуми??? - незнам кој е 13 прасе, а кој црна овца на темава.... јас од денеска престанувам да ти одговарам на секакви прашања, провокации и слично на темава...за се друго можеш да ми пишеш пп, у бифе ќе ти објаснам онака лезет со кафенце :wink: и ги повикувам останатите инженери кој без електротехника и физика ќе бидат поуспешни од оној кој го отупе за тоа, да ми се придружат во бојкотот. фала поздрав
 
Mainframe

Mr.Goodkat
Член од
14 јануари 2008
Мислења
336
Поени од реакции
30
За физиката и јас мислам дека е ОК да ја скратат. Ама електротехниката е незаменлива во компјутерското инженерство
 
A

apidrone

Гостин
Не верувам. Како и ние што се информиравме, така и новите генерации ќе се информираат за тоа на кој факултет да се запишат. И самиот декан на ФЕИТ кажа, тие квотите од 40ина студенти се онака колку да го одржат континуитетот на факултетот, предпоставувам дека и ќе ги укинат за неколку години.
Дај боже да ги укинат.

топче.....
картер....
исек кејтен.....
билан серие Б....
Тонех.......
Јане.......
Бумеранг...
шедоу....
филмакедон...
...
...

- зарем мислиш дена некој од нас го заболе помалиот брат за тоа шо си направил ти на колоквиуми??? - незнам кој е 13 прасе, а кој црна овца на темава.... јас од денеска престанувам да ти одговарам на секакви прашања, провокации и слично на темава...за се друго можеш да ми пишеш пп, у бифе ќе ти објаснам онака лезет со кафенце :wink: и ги повикувам останатите инженери кој без електротехника и физика ќе бидат поуспешни од оној кој го отупе за тоа, да ми се придружат во бојкотот. фала поздрав
Како и ти, и јас сум студент на ФЕИТ, и јас што сакам ќе си пишувам, ич не те е*ам... Ако добро ми го прочита постот, во првиот дел има прашање, али ти очигледно си испопаѓал све, па сеа се најде навреден...
 
Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.255
Поени од реакции
2.241
Не верувам. Како и ние што се информиравме, така и новите генерации ќе се информираат за тоа на кој факултет да се запишат. И самиот декан на ФЕИТ кажа, тие квотите од 40ина студенти се онака колку да го одржат континуитетот на факултетот, предпоставувам дека и ќе ги укинат за неколку години.
Овие мислам дека им се оставени како златна резерва. Во случај на евентуален неуспех на новиот факултет, нема да треба да воведуваат нови смерови, туку само ќе ги прошират квотите на веќе постоечките...
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
9.265
Поени од реакции
5.045
Топоваќа колоквиумска :D

3/3 сеа за сеа =)

Чекам рез од уште 2 ...али поуспешна сесија сум немал :)
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Дали “Физика на тврдо тело“ влегува во колоквиумски прашања по физика 2 (кај Верка)?
 
petar_joker

OLD ROCKER
Член од
5 септември 2007
Мислења
1.249
Поени од реакции
57
Пф. Ко што дипломата од ЕТФ е помалце значајна од сегашната ФЕИТ, така и ФИНКИ ќе биде за неколку години појака и од 2те.
Сериозен си??????? :kesa:
Незнам од кај дозна дека дипломата од ФЕИТ е позначајна од ЕТФ???
Која ти е мерка за "значајност" на диплома?
Незнам зошто сите мислите дека ФЕИТ=ИКИ

Муабетов ме навраќат 1.5 година наназад, кога се отвораше информатичкиот факултет во Охрид. Другарите мои кои ќе се запишуваа таму викаа дека ќе бил појак, со појаки професори, потежок, поголемо знаење ќе се добивало.... Од каде ги нашле тие информации кога околу цел факултет се знаеше САМО дека ќе е во Дом на АРМ. Исто како во стилот: "Ко ќе завршам факултет, ќе бидам најјак електроничар, ќе се вработам во Интел одма на директорско место".
Смирете се малку дечки...
 
Jane

Кајганџија
Член од
5 февруари 2006
Мислења
3.394
Поени од реакции
114

Изгледа проблемот бил до твоите другари што збореле така:)
За тој факултет се знаеше уште од самиот старт дека ќе остане да мизерува без никаква светла иднина. Причината е јасна -> во Охрид е!
Да беше во Скопје многу подруг ќе беше муабетот зашто професорите за таков факултет се залагаат повеќе од 10 години! Ова се зборови на еден од професорите кој најмногу се залага сега за ФИНКИ. Разликата е што сега ќе добијат/добиеме посебен факултет, на исто место, многу помодерен и целиот буџет ќе иде само за нас и нема да зависиме од никој.
 
Член од
20 мај 2008
Мислења
961
Поени од реакции
41
Значи колку време ја немав отворено темава, а таа се наполнила со безначајни препукувања. Е сега, за да не ве цитирам претходните еден по еден и да ви реплицирам, ќе си напишам мое мислење на тема Факултет за електротехника и информациски технологии.
Јас сум на КСИА, да напоменам пред се, и не сум баш засегната од тие ФЕИТ/ФИНКИ миграции.
Членот кој пишал дека ФЕИТ некој ден ќе биде помалку значаен од ФИНКИ, имам само да му кажам дека и останатите смерови што постојат на ФЕИТ се доста перспективни и има потреба и од тој кадар (инжинери по автоматика и системски инжинерство, по електроника и процесирање на сигнали, по телекомуникации...). Значи, иако на ИКИ и ИНФО има вкупно студенти колку и на останатите 6-7 смера, тие не го сочинуваат сегашниот ФЕИТ сами, т.е. ФЕИТ нема што да изгуби од вредност со отварањето на ФИНКИ.
Дипломата од некогашен ЕТФ и дипломата од сегашен ФЕИТ се третираат исто, доколку одговараат на барањата на огласот за вработување. Никој дипломиран инжинер не е виновен што не завршил по ЕКТС, туку претходно. Напротив, можеби некој КТИА-ш ќе има повеќе предност пред друг КСИА-ш, бидејќи, нели, има познавања од ИКИ и КСИА заедно.
Друга работа, дискусијата за колоквиумската недела и постигнатиот успех во неа, е сосема на место. До пред само некое време оваа тема беше место за разменување на искуства со предметите, помош со испитни прашања и задачи, озборување на асистенти... Мислам дека таа е и правата намена на темава.
Меѓу другото, и дискусиите за ФИНКИ се исто така сосема на место, бидејќи се засегнати колеги кои се запишаа на ФЕИТ (и нели, се уште се водат како студенти на ФЕИТ).
И нека ви е јасно, ФЕИТ нема да пропадне со отварањето на ФИНКИ. Според мене, ФЕИТ ќе се врати на ЕТФ во буквална смисла на кратенката, а и тоа што има доволно студенти и на ТК, КСИА, ЕРПС, ЕЕиУ, КИЕЕ, (и заинтересирани за истите), доволно зборува дека ФЕИТ и понатаму ќе вреди како факултет.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom