Факти за компјутерските делови и мали совети за шопинг

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.104
Поени од реакции
5.769
колку фрејмови имаш на Far Cry 3 1080p со таа карта?
таа карта се гуши на 1080p vo ите понови игри, таа карта не е доволна ни за dirt 3 1080p Ultra..
Не ги играм тие 2. На Hitman Absolution на пример, имам минимум 40 на отворени делови и 60 на затворени (играм со Vsync on). Max Payne 3 50 минимум. Исто и на Bioshock Infinite.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.472
Значи овој old school mk како од марс да е паднат сериозно мислиш дека АМД и Нвидиа ќе исфрлат 10% побрзи карти од нова генерација? кој ќе ги купи ако е така???

Еве, најди игра, кога ќе дојдам дома, ќе тестираме јас и ти која карта колку фремови вади, најдобро би било бенчмарк затоа што не сите игри имаат вграден бенчмарк, и плус не ги играме сите истите игри.

Јас за разлика од вас, кога препорачувам машина гледам истата да ги има најдобрите компоненти во моментот за парите, разликата од 100 евра плус на Тегла нема ништо да му значи ако за 2 години од сега треба да ја менува картата на пример, он рече дека сака нешто што ќе трае долго и што ќе биде квалитетно, штедење на 100 евра нс пс кој чини 1000 евра, а притоа ќе се користи 5 + години е смешна одлука. Тие 100 евра ќе му овозможат матична од 2 -3 класи повисок квалитет, како и карта со огромен потенцијал во нови и захтевни игри....GTX770 е добра карта, ама не е ни блиску до R9 290-GTX780 кои се иста класа.

Факт е дека 290-та ќе биде тотален оверкил за таа резолуција, но за 2/3 години од сега нема да биде. Разликата во цена е смешна за воопшто да се размислува за GTX 770, ако веќе штеди на карта се зима GTX 760 или К9 270X, не GTX770, за крај за ралзика од вас јас во моментов имам 290-ка, а претходно имав 680-ка, која е истата карта со 770, и ги знам разликите многу добро.
 
Член од
27 декември 2011
Мислења
591
Поени од реакции
508
Ќе ти пишеме петка.
Го советуваме човекот да не потроши толку пари за добивка од 5 сликички. А по муабетот твој за матичната плоча ни го покажа знаењето.
Поздрав и секое добро
 
old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.104
Поени од реакции
5.769
Значи овој old school mk како од марс да е паднат сериозно мислиш дека АМД и Нвидиа ќе исфрлат 10% побрзи карти од нова генерација? кој ќе ги купи ако е така???

Еве, најди игра, кога ќе дојдам дома, ќе тестираме јас и ти која карта колку фремови вади, најдобро би било бенчмарк затоа што не сите игри имаат вграден бенчмарк, и плус не ги играме сите истите игри.

Јас за разлика од вас, кога препорачувам машина гледам истата да ги има најдобрите компоненти во моментот за парите, разликата од 100 евра плус на Тегла нема ништо да му значи ако за 2 години од сега треба да ја менува картата на пример, он рече дека сака нешто што ќе трае долго и што ќе биде квалитетно, штедење на 100 евра нс пс кој чини 1000 евра, а притоа ќе се користи 5 + години е смешна одлука. Тие 100 евра ќе му овозможат матична од 2 -3 класи повисок квалитет, како и карта со огромен потенцијал во нови и захтевни игри....GTX770 е добра карта, ама не е ни блиску до R9 290-GTX780 кои се иста класа.

Факт е дека 290-та ќе биде тотален оверкил за таа резолуција, но за 2/3 години од сега нема да биде. Разликата во цена е смешна за воопшто да се размислува за GTX 770, ако веќе штеди на карта се зима GTX 760 или К9 270X, не GTX770, за крај за ралзика од вас јас во моментов имам 290-ка, а претходно имав 680-ка, која е истата карта со 770, и ги знам разликите многу добро.
И освен за мерак и фалење за што други ти служи таа 290ка? И дали тие +10 fps на веќе висок фрејмрејт ти го променија животот? Тоа е разликата меѓу тебе и другите на форумов (еве јас на пример). Ти даваш совет за секогаш да се иде на скапи производи за 5/10/15 фрејма повеќе. Јас давам совет дека игрите одамна стагнираат со позначаен напредок и дека без разлика на картата пак ќе може да ги игра сите во наредните 5 години (па и повеќе). А со оглед на тоа дека правиме муабет за карти од 20.000 денари, тотално е сеедно дали ќе земе GTX 770 или R9 290. Затоа и не му препорачував модел, туку да внимава на custom vs reference pcb.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.472
1. Мерак и фалење? ти си тој што почна да го браниш продуктот кој е инфериорен за мала разлика во цена? тука не сум јас проблемот момци, вие сте со вашите илузорни ставови. Јас ти предложив, ако си толку сиггурен дека е таа разликата, бујрум ќе пуштиме бенчмарк од захтевни игри и ќе провериме директно.

2. Изгледа згазнав на неој нерв, па почна со психо анализа, и ти и тој дуплиот јузер - пациентот над тебе. Зошто во случајов сум битен јас и мојата одлука за купување на карта? кој си ти да ми кажеш дами мене ми треба таа карта и дали ми е за фалење, за работа, или за крипто валути? си чул некогаш за хоби? за Битокин? ич гјајле да не ти е зошто јас ја користам мојата карта, и дали нешто ми промени во животот.

Кога ќе размислам јас сум крив што воопшто влагам со вас во дискусија, мене на пример ми е смешно што ти игтраш СS но никогаш не сум ти го спомнал тоа, нити сум настапил со некоја аверзија, кој што сака нека прави и нека си го живее животот како сака, не сум ни јас ни ти некој што може да одредува што е исправно а што не, јас пробав да му излезам во пресрет на Тегла, бидејќи хардверот ми е доста добро познат и се осеќам доволно стручен да дадам правилен совет, од друга страна сте вие кои се водите од вашите потреби, и гледишта на тоа што треба а што не, и дали 2.000 денари + - како улог во пс кој ќе се користи долго вредат или не.

Има само една мала разлика, што вие претпоставуате и "правите анализи" дали вредат или не, а јас знам.

Така да, можете да си се тешите меѓу вас, и да си се тапкате по рамо, јас не планирам повеќе да дискустирам на темава.
 
old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.104
Поени од реакции
5.769
Ај да ја упростиме работата пошто гледам дека упорно се фаќаш за едни исти работи (бенчмарк, па бенчмарк...)

1. Колкава е веројатноста просечен корисник да ја осети разликата од просечни 80 fps на просечни 90 fps (со користење на монитор од 60 Hz), а од друга страна колкава е веројатноста просечен корисник да ја осети разликата помеѓу 34 db и 49 db, и температура на картата од 76 C и факинг 94 C (47 C во idle...)? Јас викам за првото дека има некои 10%, а за второто околу 70%.

2. "Military grade components" гарантираат до 5 пати подолг животен циклус од обичните. Ако просечен животен циклус на една матична карта од добар бренд е некои си 10 години, испаѓа дека другиве би траеле 50 години. Пред 50 години немаше персонални компјутери. Just sayin'.
Исто така во тие сликите што ги постираше пишува дека се само 20% по-толерантни од обичните во однос на висока и ниска температура. Последен пат кога проверив, ние не живееме ниту на Сибир, ниту во Нигерија.

3. Захтевни игри. Премногу пати го спомна тоа. Годишно излегуваат захтевни игри што се бројат на прсти од ЕДНА рака, а често пати тие или имаат толку лош гејмплеј што не ни вреди да се играат (Splinter Cell: Blacklist, GRID 2....), или се резултат на мрзливи програмери што прават само copy-paste од претходната верзија и ти го даваат истиот производ со "подобрена графика" (Crysis 3, Battlefield 4, CoD: Ghosts....).
 
eternum

-- 21 incoming ? --
Член од
27 јуни 2007
Мислења
1.023
Поени од реакции
1.141
Psyside, old_School_mk, ---> малку оф-топик

Ај еден закоп на секирите, и двајцата имате супер предлози за конфигурации и штета е да се препуцавате. (y)
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Зошто не се разбирам многу у компјутери, а сакам нов компјутер да купам ми треба ваша помош.
Ми треба некоја конфигурација по продавнициве или нешто што би можел ја да составам до 14-15 максимум 16.000 денари без монитор. Не сум некој гејмер ама ми треба да ми ги фаќа да речеме ФМ 14, Call of duty : World at war, да не ми кочи Microsoft flight simulator X, некоја фифа од поновиве (моментално овие игри ми паѓаат на памет како за пример). И друга работа шо ми треба е да не ми кочи коа сум на фб, коа работам некои основни работи зошто со сегашниов си иам такви проблеми :D
 
MasteR_#0

Addict
Член од
16 мај 2010
Мислења
3.154
Поени од реакции
878
Ќе склопувам нов гејминг систем наредниот месец па разгледувам делови. Единствено за процесорот сум 100% одлучен (i5-4670k) а за другите делови имам опции. Еве кои делови ги имам во предвид:
А да почекаш уште месец - месец и пол за новите K процесори т.е. 4690K? Ќе имаат подобар TIM што би требало да значи бајаги пониски температури и повисок оверклок, конечно ќе го решат проблемот од Ivy и Haswell + ќе земеш Z97 матична. Ривјуа ќе има на 2-3 јуни можда и порано па таман ќе се види колкава разлика ќе направи.
Мислам не е нешто којзнае што (единствено што Z97 има во споредба со Z87 е Sata Express и M.2 порт, а 4670K и 4690K се истите чипови со тоа што вториот нема срање TIM) ама бидејќи рече ќе го користиш компјутерот мин. 5 години мислам дека се исплати да почекаш уште малце.
 
Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.094
Поени од реакции
9.016

Размислував за ова и за да ги почекам новите Nvidia GTX800, па по нив одговорот на AMD и така до недоглед. Некогаш мора човек да пресече, знаеш како е со технологија секогаш има нешто помоќно наредниот месец. Плус други фактори играат исто улога. Колку време ќе помине додека нашиве фирми ги набават новите делови, па пошто се нова технологија ќе имаат и премиум цени (бар кај нас) итн.

Сега за сега кон ова целам:
Core i5-4670k 3.4Ghz
Cooler Master Hyper 212 Evo
Samsung SSD 840 EVO 120GB
Asus GTX770 DirectCU II OC 2GB
Cooler Master V650S Semi-modular 650Watt
Gigabyte Z87X-D3H
2x4GB Kingston HyperX Genesis 1600Mhz DDR3
Fractal Design Arc Midi R2 case

Значи гледав CM HAF 912 Plus и Corsair Carbide 300R, и двете ми се допаѓаат и на изглед и на функционалност но премногу се отворени, посебно на горниот дел. Чувам мачка која обожава да лежи на куќиштето и да ме гледа како играм, па ако моето сегашно најобично куќиште со еден отвор за кулер од страна на графичката собира толку влакна и прашина тогаш овие 2 (HAF 912 и 300R) навистина ме плашат. Како и да е ова ми е сеуште отворена опција. Преферирам минималистички дизајн како на Corsair/Fractal Design, да има филтри на отворите, да има бар преден/заден кулер вградено да неморам дополнително да купувам, да пружа добро ладење на компонентите внатре и нормално да не изгледа како евтина пластика. Прозорче не ми е многу важно. Би одвоил и повеќе зашто може да се искотисти и за некој нареден билд.

За GTX770 се одлучив пред се поради добрите рецензии а и мислам дека е предоволна за игрите кои ме интересираат на 1680x1050 резолуција на 22" (понатаму планирам IPS 24" 1080p). R9 290 една класа помоќна но не ми се зема референтна карта со сомнителен квалитет која само ќе ми го направи системот погласен и потопол, и онака капувам на 60 FPS со Vsync, да имаше нереферентна за слична цена на GTX770 ќе беше опција.

За рамов што е разликата меѓу HyperX Genesis и HyperX Black?

Пишете што мислите, ги ценам сите коментари но на крај сепак јас одлучувам според лични преференци и потреби. Знам дека излегувам од предходно предвидените средства и можам да кратам на куќиште, матична и се што ми е оверкил но сепак мислам дека системот ми е добро балансиран и ќе бидам рајат 4-5 год со можеби нова графичка ако испадне нешто вредно за 2-3 год.
 
Rodeo

Thrillseaker
Член од
15 април 2007
Мислења
243
Поени од реакции
36

Здраво,
Имам само добри зборови за конфгурацијата, скоро се си е на место. Куќиштето е мн добро, напојувањето е прва класа (јас го имам 550w од VS серијата, презадоволен сум). Моментално во СЕТ има акција на АМД графичките и можеш да ја земеш R9 280X за 15490 и нуди исти перформанси како и GTX770 која е 19990. R9 280X доаѓа со 3ГБ и 384bit memory bus, кои можат да ти се најдат во иднина за некои игри со поголеми побарувања.
Еве ти benchmarks помеѓу R9 280X и GTX770, зашто да даваш 4000ден плус за исти перформанси
http://www.anandtech.com/bench/product/1041?vs=1037

Kingston скоро извадија нова линија на рам Hyper X Fury, подобри се и работат на 1.5V
http://set.com.mk/Computers-IT/PC-and-PC-equipment/RAM-Memory/HyperX-FURY-Memory-Blue-8GB-Kit-2x4GB-DDR3-1600MHz26225
Исто така Интеловиот Haswell добро работи и на РАМ со 1866Mhz брзина
http://www.anandtech.com/show/7364/memory-scaling-on-haswell/10
Еве ти и друга препорака за РАМ
http://ddstore.mk/products/KIT-DDRIII1866-2x4GB-PATRIOT-Black-Mamba-Viper-3-Extreme-Performance-PC3-15000-(1866MHz)-Timings-10-11-10-30-Voltage-1.5V-Intel®-6-7-8-series/pid/821704#.U2yMSfmSzis
 
Последно уредено:

MasteR_#0

Addict
Член од
16 мај 2010
Мислења
3.154
Поени од реакции
878
@Tegla, само смени ја матичната за Z87 Gryphon, и ако навистина 280x DCII е само 15,500 тогаш без размислување земи ја место 770.
 
Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.094
Поени од реакции
9.016
Што мислите помеѓу овие матични Asus Gryphon Z87 vs Asus Z87-Plus vs Gigabyte Z87X-D3H кои се сите тука некаде во цена? Ако ги занемариме поквалитетните отпорници Gryphon нема PCI слот за Xonar D1 или слична карта која мислам да ја купам во иднина заедно со нов Hi-Fi а и некако како да е штура со функции.

За рамот мислам дека сепак ќе одам со Genesis kit 2x4GB 1600Mhz ради тоа што е подолго на пазарот и е проверен, плус има помал CL9 од тој на Fury при иста брзина.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.472
Имаш PCI-E верзија во Сет, Asus Xonar DX, D1 е истата карта само на PCI интерфејс, апсолутно е нелогично да се купува PCI карта во овој момент.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom