Општо прифатено е дека Асус имаат најдобро решение за ладење на картичките (DirectCU II), но со напредокот на технологијата работите се балансираат, па така и Gigabyte и нивното Windforce решение не е ништо поназад од на Асус.Ќе склопувам нов гејминг систем наредниот месец па разгледувам делови. Единствено за процесорот сум 100% одлучен (i5-4670k) а за другите делови имам опции. Еве кои делови ги имам во предвид:
GTX770 - Смачено ми е од правење компромис во однос на графика/перформанси па се одлучив за овој GPU кој мислам дека ќе биде повеќе од доволен за 1080p. Сега се мислам помеѓу 2 бренда - Asus GTX770-DC2OC-2GD5 и Gigabyte GV-N770OC-2GD. Asus-от е поскап за 1000ден но ако е подобра од двете би платил.
Матична со Z87 за со i5-4670k само не знам која е солидна. Гледав мејнстрим MSI Z87-G43, Asus Z87-K, Gigabyte Z87-UD3 до 6000ден. Дали некоја од овие би ми била добра опција или да инвестирам во некоја од поскапите модели, само тие скапите се наџиџани со некои напредни функции кои никогаш нема да ги користам а ја дигаат цената на матичната. Која е вака проверена плоча што е квалитетна и доста користена во системи кај нас?
Напојување ќе одам со Cooler Master G650M. 650watt кое одговара со Haswell. Пошто не планирам SLI во иднина туку нова единечна картичка, кога ќе има потреба за тоа, мислам дека можам да поминам и со 550watt или да оставам малку луфта?
Меморија се мислам меѓу Corsair Vengeance 8GB (2x4) и Kingston HyperX Blu 8GB (2x4), или можеби HyperX Beast? 1600Mhz се првите две само незнам што CPU кулер ќе земам па Corsair-от да не е висок па да закачува.
SSD се одлучив за Samsung 840 EVO 120GB а по месец два ќе додадам и HDD.
Cooler Master Hyper 212 Evo овој добар ли е?Овдека сум најотворен за сугестии пошто навистина нензнам што ќе ми биде доволно за ладење. Системот на почеток нема да го оверклокувам но евентуално понатаму кога ќе менувам графичка ќе го оверклокувам за да намалам ботлнек и да дигнам малце перформанс. А што знам може и одма штом земам асален кулер да оверклокувам, затоа и одам на одклучен CPU.
И за куќиште неможам да се одлучам. Гледав и читав рецензии за разни од Cooler Master, Antec, Corsair, Fractal Design. Држат високи цени тие што ми се допаѓаат и малку ми е неразумно да фрлам многу пари на куќиште а од друга страна на ваков систем па гревота е некоја ефтина чкарт лименка од 1500ден. CM HAF, Define R3, Antec GX700, Carbide 300R? Имате некој предлог, квалитетно а не прескапо?
Дали знае некој дали даваат попуст за плаќање во готово ако земам повеќе делови од иста фирма, пошто некои делови ги има во повеќе фирми па да правам некои калкулации? Фирми од кои ги гледав деловите се Anhoch, DDStore, Set, Riversoft. Следам технологија но сум аматер за склопување па ако имате некои предлози и совети повелете. Значи точно знам што сакам но ми требаат повеќе размислувања за да направам добар избор. Буџет околу 60000 за цел систем, нешто што нема да влезе во буџетот а не е есенцијално за старт ќе го купам накнадно по месец два (HDD, CPU Cooler, DVD такви работи).
@Psyside @olikomerc и остала багра.
1. Не референите карти се 5.000 поскапи...а он е со ограничен буџет, има избор да земе не-реферетна карта, која е 30% поспора од референтната 290-ка, ако преферира потивка карта пред 30% побрза во ред, но јас мислам дека тука разликата во перформанси е преголема за да се иде на потивко решение, но осетно поспоро, и со 2GB Vram помалце.
2. Z87-K е џанк бо споредба со Gryphon, а цената e 2.400 + со оглед на тоа колку квалитетни компоненти се вградуваат на Gryphon, K не би ја ни погледнал. Tuf серијата на матични се правени по воен стандард за квалитет и се со 5 години гаранција.
3. Напајaњето е 650W и повеќе од довoлно, картите на AMD трошат повеќе но некои 50-на вати повеќе, не 300W.
Океј, Anandtech.Пред 2 дена менувавме кондезнатор од матична кај другар, баш заради тоа што не е од висока класа. Јас не мислам јас знам.
Графите кои си ги преставил горе, се cherry picked, во комбинација со недоволно захтевни игри, стари драјвери, и карти тестирани во тивок мод. Ако стварно мислиш дека карта со 256-битен интерфејс, се носи со 512 битна, незнам што да ти кажам друго, верувај си дека разликата е 10%
Еве прав тест...од страна која има кредибилитет, со нови драјвери, и целосни споредби не пациентите Toms Hardware.
10%
GTX 750TI не е доволна за 1080p, и цената и е многу висока, за 200 денари+ R9 270 е правиот избор, многу помоќна карта...[DOUBLEPOST=1398193587][/DOUBLEPOST]Ве разбирам дека сте ентузијасти, можеби и работите во некоја од фирмите кои продаваат делови, ама успорете малку.
Сега советот: Нема потреба од залетување по најскапи матични плочи или графички картички. Изборот на процесор е одличен. Било која Z87 плоча ќе ти биде доволна. За графичка не ти треба ништо повеќе од gtx750ti. На овие три работи додади две плочки од по 8GB рам меморија и не претерувај со голем број дискови. Оваа комбинација ти гарантира дека со добро напојување од 500 вати и ефтино куќиште ќе ти останат пари(или ќе бидеш многу блиску) за да купиш ips монитор од 24 или 27 инчи.
колку фрејмови имаш на Far Cry 3 1080p со таа карта?Ако јас со HD 6850 играм се' на Ultra 1080р (без заебанции, сериозно скоро сите игри ги играм на Ultra), некој со GTX 770 што би правел?
.
Земи GTX 770, без проблем ќе ги играш сите игри на макс. Плус Nvidia имаат поддршка за некои технологии како HBAO+, TXAA, PhysX, GPU Boost.. Имаш и ShadowPlay, со кој можеш да снимаш гејмплеј без пад на фрејмови, исто така автоматско снимање на последните 20 минути од гејмплејот, опција дирекно да стримаш на Твич итн.. Имаш GeForce Experience што автоматски ти симнува најнови драјвери и ги оптимизира игрите на оптимални сетинзи, итн.. Поладна, потивка, помалце троши..Овој Psyside каква моќ на убедување има ќе ме натера 2000 евра да потрошам.
Не, сериозно кога веќе сум спремен да дадам толку пари на систем не ми пречи да одложам за месец па малку да го зголемам буџетот да ги опфати подобрите решенија. Одприлика на 5 до 6 години менувам машина, па би земал нешто потрајно и би сменил нова картица за 2-3 год со нешто актуелно тогаш.
Малку побучна картица можам да проголтам, туку колку е квалитетна? И зарем со GTX770 нема да можам да ги максимизирам сетинзите за на 22" монитор 1640x1050, зимоска ќе земам најверојатно 24"? Со R9 290 претпоставувам е апла оверкил па нема да трепне ако ставам се на макс со АА и сенки. Искрено со 1-2к разлика во цена би ја земал подобрата доколку тоа што го нуди е оправдано. Ама не би дал 25000+ пошто веќе конфигурацијата станува скапа.
Фала за мислењата.