Услови за другарство

Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.701
Поени од реакции
13.358
Што според вас е предуслов за да започне едно другарство, како и истото да продолжи и да успее?
Да имаме слични интереси, (никако исти и никако различни)

Исти или различни (кои би се надополнувале) карактери?
Да не бидат апла различни, да имаме барем некоја заедничка точка.

Исти или различни професии?
Небитен услов за пријателство.

Иста или различна материјална состојба?
Матерјалната состојба ич не ми е важна за дружење и ширење на прителскиот круг

Ист или различен вкус за партнери?
Не баш ист (ќе ми ја украде девојката:pos2: )

Ист или различен пол?
Најмалку битен фактор

Исти или различни погледи општо на животот?
Слични.

Има некоја посебна работа која мислите дека е клучна за вистинско другарство или тоа треба да е целина од повеќе работи? Кои би биле тие?
Искреност, заемно помагање и некористољубивост
 
Член од
4 мај 2007
Мислења
40
Поени од реакции
0
Nema uslovi be gluposti koj ja napisal temava vaka glupo. Ima momenti vo zivotot koga site si se pokazuvaat vo pravo svetlo i togas ke vidis koj ti e drugar. Ne znam so ma vrzuva so moite najbliski ali valjda se pokazale ok i bile do mene koga mi trebale pa sea za ponatamu... zdravje.
 

Fatty

Режи :)
Член од
2 јуни 2006
Мислења
427
Поени од реакции
5
Spored mene nema nekoj preduslov za drugarstvo, zasto toa doaga samo po sebe, isto kako i vo ljubovta kao so kaza NEMIRNA! Muzikata ne e bitna, zaso so mojata drugarka sme epten razlicni, a sepak mn se sakame, i sme se prifatile takvi kakvi sto sme. Jas na primer slusam punk, a drugarka mi srpsko...ona se doteruva u stikli, suknicki, mengusi, a ja farmerki i patiki :) duri ne iskacame na isti mesta, a pak sme bliski :) mislam deka nemaat vrska preduslovite...tuku kako ke si se najdes so nekoj :)
 
Член од
10 февруари 2007
Мислења
647
Поени од реакции
28
Да доаѓа само по себе но секако тука треба да има разбирање, трпеливост, место за љубов, почитување, можност за давање на шанси односно барање прошка.........
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Другарство се базира на комплетно разбирање на индивидуата со неговите слаби страни и сите негови позитивни и негативни страни.
 

ГоКи™

ИнСпИрИрАнА БуДаЛа
Член од
19 април 2007
Мислења
57
Поени од реакции
0
да имаме ист или сличен начин на размислување, да не е некој што разгласува наоколу се што му кажуваш (и тоа што треба и тоа што не треба), да биде компромисен и отприлика тоа
 
J

Johnny Stulic

Гостин
про-боно реклама

верност-9000 денари



забава -2000 денари




возење во добра кола -7500 денари



помош кога ти е најтешко и искреност-бесценетост





за некои работи не се потребни пари за се друго постои





ме бидува за адвертајзинг:kesa:
 

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Пред се исти или слични интереси...а после секако надополнување на карактерите и оној другарски флуид
 

Darkwind

I need to work I'm always spending
Член од
27 јануари 2007
Мислења
1.038
Поени од реакции
1
Најбитно ми е да ми тргне муабетот со некој и да имаме слични интереси се разбира..
може и различни па да се расправаме цело време и поинтересно да биде ама неможе така долго време да се држи другарство
 
Член од
20 мај 2006
Мислења
119
Поени од реакции
0
Samo iskrenost, i nesto sto kje me natera da steknam doverba vo nea ili nego.Bitno e da e iskren bezrazlika dali mi dava malku poloshi ili podobri komlimenti...Sfe toa cenam!
 

рок-кејт

незгодна ко кратко ќебе!
Член од
22 мај 2007
Мислења
1.024
Поени од реакции
70
Кои 5 карактеристики треба...

Епа вака ... Кои 5 карактеристики треба да ги има некој за да мозе да ви биде другар по васа мерка ...се надевам дека темава е интересна...:helou: :helou: :helou:
 
Член од
6 јуни 2006
Мислења
280
Поени од реакции
5
Никогаш неможеш да бараш од некој да исполнува некои услови или мерки како што викаш ти за да ти биде другар. Едноставно за да го прифатиш човек треба прво да ги прифатиш неговите маани, и тие да не ти сметаат. Доколку сите ние бараме од другите да бидат вакви или онакви, тогаш никогаш нема да најдеме некој што би ни бил другар. Со текот на времето и заедничкото дружење, ја запознаваш личноста и сфаќаш каква е. Нормално дека ако поседува некои какрактеристики кои ти не ги оправдуваш, воопшто не се ни зближуваш.
Така да, лично јас, кога запознавам некоја личност не си правам некој концепт во глава какви карактеристики има тој или таа, туку оставам времето и различните ситуации да ми покажат.
 

рок-кејт

незгодна ко кратко ќебе!
Член од
22 мај 2007
Мислења
1.024
Поени од реакции
70
ама јас не поставувам услови.... јас само сакам да дознаам што би сакале да имаат вашите другари т.е кои особини
 

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
*ANE* напиша:
Никогаш неможеш да бараш од некој да исполнува некои услови или мерки како што викаш ти за да ти биде другар. Едноставно за да го прифатиш човек треба прво да ги прифатиш неговите маани, и тие да не ти сметаат. Доколку сите ние бараме од другите да бидат вакви или онакви, тогаш никогаш нема да најдеме некој што би ни бил другар.
*ANE* напиша:
Се согласувам со ова.Еве не мора да бидат 5 особини ама би сакал да бидат искрени (не да ми забодат нож во грб),да не бидат расипани,да имаме барем некакви слични интереси (за да имаме теми за муабет)и би се задржил на ова.Се друго е не толку важно.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom